Политика
СДСМ и коалициските партнери повикаа на бојкот на изборите
Во името на принципите коишто се содржани во платформата што социјалдемократите и нивните партнери ги потпишаа во саботата, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги повика сите граѓански организации и политички партии да не учествуваат на изборите кои ги нарече „нелегитимни“ кои „авторитарниот режим сака да ги одржи“ на 5-ти јуни.
Документ насловен „Платформа за демократска Македонија“ претходно во седиштето на најголемата опозициска партија СДСМ го потпишаа челникот Зоран Заев и претставниците на коалициските партнери со кој „се обврзуваат на заедничко и бескомпромисно дејствување во одбрана на законското и уставното функционирање на државата“.
На документот, покрај Заев, свои потписи ставија и лидерите на Новата социјалдемократска партија (НСДП), на Либерално-демократската партија (ЛДП), Обединети за Македонија, Партија за движење на Турција, Партија за целосна еманципација на Ромите, Демократскиот сојуз на Власите, Санџачката лига, Српска странка во Македонија, Движење за национално единство на Турците во Македонија, Нова алтернатива, ПЕП 21, Партија на обединети пензионери и граѓани и Граѓанско либерална партија.
„Демократскиот фронт за иднината на Македонија се шири. Денеска, СДСМ и коалициските партии ја потпишаа Платформата за демократска Македонија за враќање на слободата и демократија. Со оваа Платформа за демократска Македонија се обврзуваме заедно и бескомпромисно да делуваме во одбрана на правдата, вистината, иднината!“, рече Заев по потпишувањето на документот придружуван од челниците на помалите опозициски партии
Челникот на СДСМ прецизираше дека “Платформата за демократска Македонија“ ги содржи демократските начела од кои опозицијата нема да отстапи сé до нивното исполнување.
„Затоа што станува збор за иднината на Македонија“, порача Заев.
Меѓу споменатите принципи од документот, социјалдемократскиот лидер си истакна слободата и демократијата на коишто се темели на секое здраво општество и предуслов за нормален живот. „Целото наше општество се наоѓа во заложништво на криминалната банда на власт и можеме да го ослободиме само доколку заедно и цврсто застанеме зад овие демократски начела и принципи“, рече Заев.
Истакна дека предвремените парламентарни изборите, кои произлегуваат од икн Пржински договор меѓу четирите најголеми партии за надминување на политичката криза мора да бидат регуларни, фер и демократски.
„Во Македонија ќе се одржат регуларни, фер и демократски избори откако ќе се надминат клучните проблеми преку прочистување на избирачкиот список, спроведување на реформа на медиумите и прекинување на притисоците и заплашувањата врз гласачите“, рече уште Заев претставувајќи ја „Платформата…“ на опозициската коалиција.
Уште еднаш порача дека медиумите мора да бидат слободни и објективни. „Медиумите се столб на секое слободно општество и гласноговорници на демократијата. Заробените медиуми во Македонија може да се ослободат само преки реформи коишто ќе обезбедат професионално, избалансирано и независно работење на медиумите. Реформи за враќање на улогата на МРТВ како јавен сервис за транспарентно финансирање на медиумите. Реформи за заштита и поддршка на новинарите во професионалното извршување на работата“, смета Заев.
Денеска потпишаниот документ, посочи Заев, содржи и одредница за борбата против криминалот и корупцијата, којашто мора да биде бескомпромисна и во тој контекст рече дека „Криминалот и корупцијата го киднапираа системот, ги заробија државните институции и им донесоа несигурност и сиромаштија на граѓаните“.
Заев уште еднаш изрази целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство како основа за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, за што рече дека освоен целосната поддршка на СЈО како независна институција, неопходни се и департизирана полиција во служба на граѓаните, независна агенција за борба против корупцијата и силно граѓанско општество како гласен борец против злоупотребите.
„Ослободувањето на државните институции е клучен предуслов за демонтирање на криминалниот систем кој ја зароби држава. Отпочнувањето на овој процес директно зависи од департизација и деполитизација на државните институции, независно судство, владеење на правото и правичноста, професионална полиција во служба на граѓаните, се начелата во кои веруваме и нема да отстапиме од нивното исполнување“, порача Заев
Во името на овие принципи на демократска Македонија ги повикуваме сите граѓанки и граѓани, сите граѓански организации и политички партии да не учествуваат на нелегитимните избори кои авторитарниот режим сака да ги одржи на 5-ти јуни 2016 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.