Култура
„ОСФАФ 2009“ – Интернационален филмски фестивал
На 23 и 24 октомври, со почеток во 20 часот, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи 22. издание на Интернационалниот филмски фестивал „ОСФАФ“, фестивал на алтернативен и студентски филм
Програмата поделена на две одделни проекции опфаќа 30 филмови. На фестивалот беа пријавени 114 филмови од 20 земји од светот. Жирито е во состав: Илинденка Петрушева (Македонија), Томислав Готовац (Хрватска), Станимир Трифонов (Бугарија), Миле Гроздановски (Македонија) и Виктор Иванов (Македонија) му додели Гран при за најдобар филм на „Вежбата“ од Роберт Лоример од Велика Британија. Првата награда му е доделена на Благоја Стојковски (Македонија) за „Неуспешен лет“, втора на Владимир Илиев (Бугарија) за „Кавга“ и трета награда за „96 скалила“ на Петре Чаповски (Македонија). Наградата за најдобра режија му припадна на Сакари Макела од Финска за филмот во „Добро и зло“, за најдобро сценарио на Сања Христовска, Енвер Џемал и Никола Стојчевски за „Легенда за една љубов (Македонија), најдобра улога за Џошуа Хеик за „Ангел од виножитото“ (Германија), за најдобра анимиран филм наградата „Ане Василевски“ му е доделена на Ричард Меитерн од Естонија за „Забрането ловење риба“.„ОСФАФ“ се одржува веќе четврта година по ред од кога беше возобновен. Фестивалот е во организација на Академскиот кино клуб од Скопје, и е помогнат од Филмскиот фонд на Македонија и од традиционалните партнери на „ОСФАФ“. Фестивалот е одлична можност македонската публика да ги види најновите студентски и непрофесионални филмски остварувања на автори од целиот свет. Како и минатите изданија, така и овој пат, организаторите на фестивалот се надеваат дека ќе ги задоволат очекувањата на фановите на независниот филм, и на пошироката филмска публика која сака да види интересно парче краток филм.Влезот за проекциите е бесплатен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Две нови награди за „Неми Филмови“ на Господиновски во Русија и Тајван
Анимираниот филм „Неми Филмови“ на Крсте Господиновски, минатата недела освои две нови награди на меѓународни фестивали, наградата за „Најдобар интернационален краток филм“ на „Меѓународниот фестивал за краток филм Вижн“ во Кемерово, Русија и „Почесно признание“ на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм КУАНДУ“ кој се одржува во Тајпеј, Тајван.

Ова е втора по ред награда во Русија и втора награда во Тајван, по октомвриската награда на престижниот ТИАФ кој се одржува во Тајчунг.
Во септември филмот ги освои Гранд При наградата на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм Аниматор Фест“ во Јагодина и наградата од домашната публика на „Меѓународниот фестивал за краток филм Ѕирни“ во Скопје.

Од премиерата на фестивалот Анеси во јуни, „Неми Филмови“ досега е прикажан на 28 меѓународни фестивали и има освоено 7 награди.
Филмот е во продукција на Фокус Покус Филм и во копродукција на Флипбук Продакшнс, а е поддржан од Агенцијата за филм на Република С. Македонија.
Култура
Кавадарци го слави „Месецот на театарот“ со премиера на Чехов и богата програма во Домот на културата
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци го очекуваат повеќе настани од областа на театарската уметност.
Во четврток, на 13 ноември 2025, со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата Кавадарци, премиерно ќе ја одигра претставата “Предлог за брак/Мечка“ по текст на Антон Павлович Чехов. Претставата е состав на две едночинки. Режијата е на Микица Илова.
Во првата едночинка играат: Александар Малинков , Ивана Секуловска ,Саше Орешков, а во втората едночинка: Елена Илова, Петар Стојанов , Мартина Илиевска. Суфлер: Дијана Мишова; Костимограф: Сара Милевска; Сценска подршка: тим на Дом на култура Кавадарци; Светло/тон: Пепи Ангелов.
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци е и организатор на манифестацијата “Месец на Театарот“ која годинава се оддржува по петти пат. Манифестацијата ќе биде отворена со изложба на избор плакати од претстави на Театарот при Домот на кутурата Кавадарци изминатите децении.
Официјалниот распоред е:
15.11 (сабота) Свечено отворање на манифестацијата со Изложба на театарски плакати
15.11 (сабота) “Ухљеби“, ДРАФТ Театар, Тузла, Босна и Херцеговина
17.11 (понеделник) “Петок 13“, Народен Театар Струмица
19.11 (среда) “Предлог за брак/Мечка“, Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
22.11 (сабота) “Госпоѓа Министерка“, Театар “Џинот“, Велес
25.11 (вторник) “Смртта на еден човек на Балканот“, Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
Сите претстави започнуваат од 19 часот.
Култура
Изложба на Иван Ивановски во Кина
Во Гуангдонг Сан Та Музејот за Уметност во Гуанџоу, Народна Република Кина, на 8 ноември 2025 година, беше отворена самостојната изложба „In Between“ на македонскиот уметник Иван Ивановски.
Куратор на изложбата е Александра Ацеска, а настанот е реализиран во организација на Фликер студио, Зенг Чуан, Чен Хуе Бин (Guangdong San Ta Museum of Art), со ко-организатор Жанг Веи, а изложбата е реализирана со поддршка на Министерство за Култура и Туризам на Република Северна Македонија.

Изложбата е придружена со музиката на Андреја Салпе и Оливер Митковски (Поетроника), студиски сет специјално снимен за оваа прилика.
Фотографиите се на Даниел Коцев – Пазамат, а дизајнот на постерот е на Лиу Чен.
![]()
![]()


