Македонија
Засадени 80.000 дрвца во Радовиш

Осумдесет илјади дрвца се засадија во Општина Радовиш во среда, 3ти декември, во рамки на акцијата „Ден на дрвото“.
И покрај врнежливото време денеска во Општина Радовиш успешно беше спроведена акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“, еколошка акција која се спроведува низ цела Македонија.
Во општина Радовиш се пошумуваше на две локации, на месноста викана Градска Корија на оддалеченост два километри од градот и месноста викана Село во атарот на Калуѓерица.
Пошумувањето се изврши со 80.000 садници на црн бор, чемпрес, јасен, јавор и багреми. Граѓаните и учениците уште во утринските часови беа на локациите за пошумување со обезбеден превоз кој ротираше на два часа.
На акцијата „Ден на дрвото“ се приклучи и градоначалникот Сашко Николов кој што истакна дека оваа акција која во континиутет се организира веќе неколку години, придонесува за зачувување на природата и справување со климатските промени, кои не ја надминуват и општина Радовиш, затоа и овогодишното мото на акцијата е „Стоп за катастрофите’’.
Денеска во Радовиш како дел од акцијата беше и Анета Димовска – државен секретар во Министерството за економија која истакна дека со овие акции за пошумување придонесуваме за подобра животна средина и полесно справување со климатските промени и глобалното затоплување.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути на македонска страна

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.