Забава
Стивен Хокинг: Господ не бил потребен за создавањето на Универзумот

Биг Бенг теоријата е резултат на неизбежните закони на физиката и затоа не е потребен Бог за да ја предизвика креацијата на Универзумот, тврди најпознатиот физичар на денешницата Стивен Хокинг во својата најнова книга “The Grand Design”, пренесува „Тајмс“.
Биг Бенг теоријата е резултат на неизбежните закони на физиката и затоа не е потребен Бог за да ја предизвика креацијата на Универзумот, тврди најпознатиот физичар на денешницата Стивен Хокинг во својата најнова книга “The Grand Design”, пренесува „Тајмс“.
Оваа долгоочекувана книга која Хокинг ја напишал заедно со американскиот физичар Леонардо Млодиноу ќе се појави во британските книжарници на 9 септември, една недела пред папата Бенедикт XVI да ја посети Велика Британија.
Пред излегувањето на книгата, Хокинг дал интервју за „Тајмс“, кој од денеска почнува да објавува делови од неговата книга.
На новинарското прашање дали на универзумот му бил потребен творец, одговорил негативно.
„Поради законитостите како што е гравитацијата, универзумот може да се направи од ништо. Спонтаното создавање е причината поради која имаме нешто наместо ништо, и затоа постои универзумот и постоиме ние“, изјави Хокинг.
Стефан Хокинг (68), веќе долги години е глобална икона на науката.
Меѓу физичарите е познат по својата работа за црните дупки, а светската слава ја стекна со книгата „Кратка историја за времето“ во 1988 година, која е преведена на 44 јазици и продадена во 25 милиони примероци.
Хокинг, исто така, е еден вид медицински феномен, бидејќи 47 години страда од аминотрофична латерална склероза која му ги одзеде сите органи, освен мозокот.
Неговото тело е парализирано со децении, заробено во инвалидска количка, а со околината комуницира со помош на компјутер и специјален синтетизирач на гласот.
И покрај тешката болест, Хокинг и понатаму е интелектуално активен и патува низ светот за да ја популизира науката. /крај/јутарњи/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Жешкиот бакнеж меѓу познатата актерка и згодниот маж, 24 години помлад од неа, предизвика бура

Гвинет Палтроу откри дека нејзините пријатели „полуделе“ поради нејзиниот бакнеж со Тимоти Шаламе.
Иако станува збор за сцена од филмот „Marty Supreme“, кој е снимен во Централ Парк во Њујорк, актерката признава дека нејзините најблиски, особено нејзините пријатели, биле воодушевени од сцената.
„О, Боже, сите мои групни разговори со нив беа возбудливи… Тие полудеа! Сите беа како: Да, Гвинет, само напред! А јас бев: Луѓе, смирете се“, се пошегува таа.
Гвинет призна дека, и покрај славата на Шаламе, не знаела многу за него. Таа исто така се присети на нивната прва средба.
„Сите ми се потсмеваат затоа што не знам ништо. Го прашав: Дали имаш девојка? И тој рече да. Спомена дека таа имала деца од претходна врска, а јас реков: Тоа е навистина убаво. Мило ми е што го слушам тоа од млад човек како тебе. Немав поим дека зборува за Кајли Џенер“, призна таа со смеа.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/Видео) Кошаркарката ги разнесе конкурентите: остави без здив иако е прв пат на пистата

„Викторијас сикрет“ одржа уште една незаборавна модна ревија. Покрај бројните познати модели кои едвај чекаа да носат ангелски крилја, меѓу нив имаше и едно не толку типично лице.
Angel Reese goes viral after stealing the show atpic.twitter.com/V7zM3OrG0e
— Shantanu Dwivedi (@Shantan21125143) October 16, 2025
Станува збор за кошаркарката Ангел Рис, која за прв пат во историјата на брендот ги „рашири крилјата“.
Иако не е професионален модел, таа прошета по пистата како целиот свет да ѝ е пред нозе. Носеше нежен чипкан комплет во бебешко розова боја со цветни детали.
Стајлингот го комплетираше со пердувест наметка, исто така во розова боја, а интересно е што беше украсена и со цвеќиња.
Изгледот го заокружи со минималистичка шминка во земјени тонови, но и со малку виткана фризура која се движеше во согласност со нејзиното одење по модната писта.
Покрај неверојатната фигура, кошаркарката покажа и заводлив поглед кој многумина ги остави без здив. Иако ова е прв пат да прошета по модната писта, најверојатно нема да биде последен.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/Видео) Луксузни облини ја тресат модната писта: ревијата на „Викторија Сикрет“ не можеше да пројде без неа

Ревијата на „Викторија Сикрет“ беше вистински спектакл за сите љубители на долна облека. Многу познати ѕвезди присуствуваа на овој моден настан, а дури и српската тенисерка Ана Ивановиќ беше во првите редови.
Ревијата ја одбележаа познати лица од светот на манекенството, меѓу кои и плус-сајз моделот Ешли Греам, која блескаше на пистата.
Ова е втор пат Ешли да носи ангелски крилја, и може да се каже дека повторно плени со својата убавина. За посебната вечер, таа избра црн градник и црни чипкани гаќички, а највпечатливиот дел од комбинацијата секако беа масивните црни пердувести крилја.
Ревијата ги истакна нејзините раскошни облини и природна убавина.
Својот стил го комплетираше со минималистичка шминка во земјени тонови, но и малку свиткани прамени коса што слободно паѓаа по нејзините рамена.
фото: принтскрин