Забава
Климатските промени ги присилуваат поларните мечки да станат канибали

Ескимските водачи ја отфрлиле идејата, велејќи дека ова е нормална појава која не е поврзана со глобалното затоплување, објави Times Online
Машка поларна мечка е снимена како влечка остатоци од едно гризли кое го убила во областа Хадсон Беј, Канада откако го разделила од својата мајка- еден од неколкуте случаи на канибализам кои се регистрирани од страна на активистите за климатските промени.Според студија направена од американските и канадските научници во 2006 година, мечките можеби ќе бидат присилени да ги јадат животните од својот вид кога одредена формација на арктичкиот мраз ќе се расцепи и ќе ги остави одделени од фоките за лов. Светската Метеоролошка Асоцијација објави вчера на самитот за климатски промени на ОН во Копенхаген, дека оваа декада која следи ќе биде најтопла откако датираат документите од 1850 година.Сепак, локалниот ескимски водач Хозе Кугусак, ја отфрли идејата за било каква врска помеѓу канибализмот и климатските промени. „Машката поларна мечка јаде младенче и тоа го поврзуваат со климатските промени и веднаш прават огромна приказна околу тоа. Апсурдно е кога тоа е една нормална, нормална појава,“ рече Кугусак за Times Online.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Синот на Викторија и Дејвид Бекам го прослави својот 23-ти роденден, неговата мајка го засени

Синот на Викторија и Дејвид, Ромео Бекам, го прослави својот 23-ти роденден. Забавата се одржа во Лондон во ресторанот „Аки“, кој сè уште не е официјално отворен. Тие уживаа во суши, бургери и пијалоци, а забавата изгледаше како модна ревија.
Викторија се појави, како и обично, во црно од глава до пети. Носеше проѕирно здолниште и елегантно сако. 51-годишната жена покажа и нова фризура – светли бранови на коса со средна должина.
Како и секогаш, Бекамови ги споделија фотографиите на Инстаграм. На фотографиите, тие држат торта и се забавуваат, а во коментарите, следбениците му го честитаа роденденот на Ромео и му дадоа комплименти на семејството.
Најстариот син Бруклин го нема на семејните фотографии, тој не беше на забавата и не му го честиташе роденденот на својот брат на социјалните мрежи. Кружат гласини за затегнати семејни односи и дистанцирање на Бруклин.
Забава
Џенифер Анистон пристигна на премиерата на четвртата сезона од нејзината серија со своето ново момче

Џенифер Анистон пристигна на премиерата на четвртата сезона од нејзината серија „Утринско шоу“ со посебна поддршка – новото момче Џим Кертис.
Парот, чија врска беше потврдена во јули, се појави на настан во Музејот на модерна уметност во Њујорк, што е едно од нивните први заеднички јавни појавувања, пишува „People“.
Додека Анистон позираше за фотографите во елегантен црн фустан со колегите Рис Витерспун, Били Крудап и Марк Дуплас, Кертис гордо ја бодреше од страна. Облечен во лежерен црна комбинација, беше забележан како се смее додека стоеше покрај црвениот тепих.
фото: принтскрин
Забава
Шарм, скандали и молк за вистинските жртви во документарецот за Чарли Шин

Новата двоепизодна документарна серија „Поранешниот Чарли Шин“ (AKA Charlie Sheen) не открива многу ново за актерот чие бурно минато е веќе детално документирано, објави британскиот „Гардијан“. Од „забави“, преку „забави со проблеми“, до „само проблеми“ – така самиот ги дели фазите од својот живот, објаснувајќи дека медиумите веќе ги имаат покриено сите скандали: зависности, јавни хоспитализации, разводи, па дури и откривањето на неговиот ХИВ статус.
Иако неговиот татко Мартин Шин и братот Емилио Естевез одбиле да учествуваат, други членови од семејството – вклучувајќи ги неговите деца и поранешни сопруги – зборуваат отворено, но со љубов. Шин, кој е седум години трезен, изгледа шармантно и благодарно, но документарецот внимателно ги избегнува најтешките теми: обвинувањата за семејно насилство, судските наредби, и тврдењата дека ги изложувал партнерките на ризик.
Критиките за површноста на „Поранешниот Чарли Шин“ доаѓаат од новинарски кругови, особено од рецензијата на „Гардијан“ каде се истакнува дека режисерот Ендру Рензи му дал „нежна и контролирана платформа“ на Шин, оставајќи ги најтешките обвинувања речиси недопрени. Иако Шин искрено им оддава почит на семејството и пријателите, недостасува вистинско каење или разбирање за болката што им ја нанел.
Најсилните моменти доаѓаат од луѓе кои биле директно погодени – како Хајди Флајс, која сè уште гневно зборува за неговото сведочење против неа, и Џон Крајер, колегата од „Двајца и пол мажи“ кој отворено зборува за „циклусот“ на хаос што Шин го предизвикувал на снимањата.