Економија
Кипар ќе го олесни добивањето државјанство за оние што изгубиле 3 млн евра
Кипарските власти ќе им овозможат полесно добивање државјанство на странските вложувачи кои во кипарските банки изгубија повеќе од три милиони евра поради договорот со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, настојувајќи да го задржи интересот меѓу странците за инвестирање во оваа земја која важеше за еден од „даночните раеви”.
Како што соопшти во неделата кипарскиот претседател Никос Анастасиаедес во подготвениот договор за руските деловни луѓе во градот Лимасол, неговата влада седмицава ќе ги ублажи условите за странците кои бараат државјанство на Кипар, којашто е најмалата членка на Европската унија од 2004 година.
Инвеститорите кои не се државјани на Кипар а кои таму имале банкарски депозити и штедни влогови пред 1-ти март кога беше донесе планот според клиентите на кипарските банки ќе изгубат дел од своите сметки, а коишто изгубиле најмалку три милиони евра, ќе можат да побараат кипарско државјанство, рекол претседателот Анастасиадес, пренесува РИА Новости.
Постојната кипарска програма „државјанство низ вложување” ќе биде изменет за да износот вложувања потребен за вклучување во програмата да се намали од претходните 10 милиони на три милиона евра.
„Тие одлуки ќе бидат спроведени по брза постапка”, рекол кипарскиот претседател. Според него, се разгледувале и други одлуки, меѓу кои и понуда за даночни олеснуваа за постојните и новите компании кои работат на Кипар.
Кипар, чијашто економија се најде пред крах, во замена за помош од ЕУ и ММФ беше принуден да усвои пакет мерки со кои со специјални даноци ги погоди инвеститорите со големи депозити во тамошните банки.
Преструктуирање на најголемата кипарска банка „Bank of Cyprus” и ликвидацијата на втората по големина банка „Laiki”, заедно со можната продажба на златните резерви на оваа островска медитеранска земја, треба да придонесе Кипар да обезбеди околу 11 милијарди евра придонес како дел од програмата за спас од колапс на банкарскиот систем и самата земја од банкрот.
Претходно централната банка на Кипар објави дека отписот на депозитите поголеми од 100 илјади евра во „Bank of Cyprus” при реорганизација на кредитните институции ќе изнесува 37,5 отсто. Првично, банката ќе ги размени овие 37,5 проценти од големите депозити за акции. На уште 22,5 отсто од депонираните средства нема да се пресметува камата. Се претпоставува дека овие средства банката, исто така, во иднина може да ги претвори во акции. На останатите 40 отсто од депозитите поголеми од 100 илјади евра ќе се акумулира камата, но средствата ќе останат на сметките во банката до нормализирање на ситуацијата, односно нема да може да се префрлаат.
Претседателот Анастасиадес, чијашто десничарска влада е на власт помалку од два месеца, изјави дека земјите коишто го обвинуваа Кипар за перење на парите на компаниите како што е во прв ред Русија се лицемерни, бидејќи истите тие земји сега, исто така, се обидуваат да ги привлечат странските компании.
Финансиската помош за Кипар, првпат побарана во јуни 2012 година, делумно беше одложувана поради загриженоста коишто ја изразуваа некои земји од еврозоната, во прв ред Германија, дека кипарскиот финансиски сектор е нетранспарентен, со што го потпомага перењето пари. Кон крајот на март францускиот министер Пјер Московиси на европските даночни обврзници им порача на европските даночни обврзници дека во случајот на кипар „Станува збор за казино-економија која беше на работ од банкрот и треба да се стори нешто, бидејќи инаку сите ние за тоа ќе ја платиме сметката”. „Кипарските челници сакаат да ја заштитат таа казино-економија, повеќе отколку да му помогнат на својот народ, меѓутоа луѓето се на улица и треба да бидат послушани”, рече Московиси.
„Меѓутоа, Кипар не е ниту место за перење пари, ниту даночно засолниште”, рече во неделата кипарскиот претседател. „Многу ме растажува, ќе се воздржам од зборот лути, што откако е постигнат договорот со Еврогрупата (министрите за финансии на земјите членки на еврозоната -з.р.), некои делови од финансискиот сектор на ЕУ партнерите го демнат нашиот сектор на финансиско работење за да го поттикнат преместувањето на средствата во своите економии”, рече уште Анастасиадес.
Според него „апсурден парадокс” е дека владите на тие деловни субјекти тврдеа дека тире средства на незаконски патишта биле депонирани и вложени во Кипар. „Цврсто сум убеден во правилата на слободниот пазар, меѓутоа дозволете ми да го коментирам лицемерството на тие методи”, рече Анастасиадес./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

