Контакт

Култура

Театарската програма без театар

Објавено пред

Охридско лето 2009

dobivaj vesti na viber

Пишува: Лилјана МАЗОВАЌе верувавте ли некому ако ви кажуваше дека на Охридското лето 2009, кое годинава одбележува 49-годишно постоење, ќе се распадне театарската програма?! Пред да започне, уредно ги слушавме и читавме најавите за концептот на селектирана драмска програма која, за волја на вистината, години и децении наназад, остварувала разнородни и бројни драмски програми со значајни уметници од дома и од светот. Впрочем, Охрид е “град  сцена” и толку колку што трае најголемиот и најзначаен фестивал Охридското лето (традиционално од 12 јули до 20 август), мошне важен сегмент на вкупната култура на и во Македонија, привлекувала и прекубројна публика токму со театарските претстави кои ги имало на разни негови отворени и затворени театарски и нетеатарски простори. Се паметат и изданија кога и буквално градот бил театарска сцена: на која речиси истовремено на по неколку различни локации актери од дома и од светот ги подготвувале, прилагодувале и изведувале своите претстави, проекти, перформанси. Фестивалот речиси пет децении е конципиран и граден како битна одредница во мапата на летните меѓународни манифестации кои во вечерните часови на своите сограѓани и на гостите им нудат музичка и драмска програма. Годинава сè е поинаку. Во јули (според најавите и во август) театарската претстава е реткост. Најнајавуваните беа откажани, а некои од прикажаните беа веројатно само “инвестиција” за поединечно возвратно гостување. Ден по свеченото отворање на Летото 2009 со бардот Енио Мориконе во преполниот Антички театар (велат 4.000 посетители), стартуваше драмската програма со Шекспировата Бура (13 јули) на Драмскиот театар од Пазарџик, Бугарија, во скромниот услови на Домот на културата, во режија на Владлен Александров, чест гостин и познавач на македонскиот театар. Создадена како чист театар кој истражува по човековата душа, не го додржа вниманието ниту на 100-темина гледачи кои од програмското ливче (и во фестивалскиот каталог) прочитаа дека драмата Бура на Шекспир е “еден од неговите подоцнежни романи”!!!??? На Александар на Драмски театар од Скопје (16 јули) според текстот и во режија на Љубиша Георгиевски, полесно се дишеше: публиката го сака Драмски и Предворјето на “Св. Софија” беше полно. Еден од најавените настани на Летото 09 − гостувањето на Центарот ЕАСТ-ЊЕСТ од Сараево со двете претстави во режија на Харис Пашовиќ (19 и 21 јули во Предворјето на “Св. Софија” и дворот на ОУ “Св. Климент Охридски”) Нора на Хенрик Ибзен и Класен непријател на Најџел Вилијамс, беа освежување. Особено поради енергијата на младите актери и концептот за игра која влегува во суштината на животот на младиот човек оптоварен со сите појави и проблеми на денешницата. Следуваше настапот на групата Ананија од Мароко со Мадам Плаза (23 јули) во Домот на културата со прашањата кому и зошто и за тие пари на колку други претстави од дома публиката би им се израдувала!?Потоа дојде серијата откажувања на најнајавуваните. Прво проектот Троил и Кресида на МНТ од Скопје во режија на гостинот Љубиша Ристиќ (овдешен апсолутен рекордер по времетраењето на подготовката), најавен за 26 јули прво како 15-часовен спектакл, потоа како 5-часовен “интензивен” театар (некое ново толкување на кое спротивност му веројатно “екстензивен”) и конечно откажување на неговата премиерна изведба во Охрид. Веднаш по ова уште едно откажување на еден од столбовите на Летото 09, претставата Среќни денови по Семјуел Бекет во режија на Роберт Вилсон (29 јули). И ново откажување: нема да има фестивалска премиера и на Генералот на мртвата војска по романот на Исмаил Кадаре, во режија на Дино Мустафиќ и продукција на Албанскиот театар од Скопје (6 август). Додека се подготвува овој број на Форум, се очекува изведбата на Крпен живот по романот на Стале Попов, во режија на Владо Цветановски во Заливот на коските во Градиште (3 август) во продукција на Народниот театар во Прилеп. И уште една домашна − Браќа Карамазови по Ф.М. Достоевски во режија на Дејан Пројковски на Народниот театар од Битола, која е на програмата на Летото 09 по покана на директорот на фестивалот Тони Симоновски. Најавени се и по една претстава од Србија и од Турција.За суштината на откажувањата и за одговорноста за распадот на драмската програма на годинешното Охридско лето, веројатно ќе се говори уште долго по неговото завршување. Колку селекторот, актерот Ѓорѓи Јолевски, го имаше по медиумите пред и на почетокот на фестивалот, толку сега го нема. Одбирот на молк за распаднатата драмска програма можеби некому му одговара да се толкува како сплет на околности кои, ете, се случуваат. Да, секогаш постои ризик кога се селектира и виденото, уште повеќе невиденото и она што е во подготовка. Но, тогаш е во прашање само квалитетот кој, во зависност од вкусот, за секого е различен. А, кога се распаѓа селекцијата повеќе од јасно е дека станува збор за “недовршена работа”. Или не се имале цврсти договори (повеќе биле пусти желби) или не се знаело со кого и како се договора. За која било селекција е одговорен селекторот кој пред да ја објави програмата има време и простор (една, две, па и три години, особено со творци кои работат и планираат на подолг рок) да знае кој, каде и што работи, кога и во какви услови треба да го оствари договорот со кој може да се смета на сигурна програмска содржина. Селекторот ја осмислува програмата, Управниот одбор ја прифаќа, дирекцијата ја реализира/менаџира. Таква е и постапката и одговорноста за нереализираното, за празните одови, за распадот на еден концепт кој е создаван, еве, веќе пет децении.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Марко Виденовиќ и „Мевлем“ вечерва на „Бит фест“

Објавено пред

Битолското културно лето „Бит фест“, вечерва во Офицерскиот дом во Битола со почеток во 21:00 часот, ќе биде домаќин на прекрасна вечер во која музиката низ Проектот „Мевлем“ ќе зборува за љубовта, болката и надежта…

dobivaj vesti na viber

Проектот „Мевлем“, претставува уникатен спој на авторска музика и поезија од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој наиде на извонреден прием и сериозен одек меѓу публиката и културната јавност, како во земјава така и надвор од неа.

Со секој од досега реализираните концерти, „Мевлем“ не само што ја потврдува својата уметничка автентичност, туку и се етаблира како проект со исклучителен емотивен и социјален капацитет. Неговата досегашна реализација покажа дека публиката, без оглед на културниот контекст, препознава искреност, длабочина и убавина.

Музичкиот состав „Мевлем“ е составен од музичарите: Памела Велкова – виолина, Верица Ајтовска – виола, Енис Аљи – виолончело, и самиот автор Марко Виденовиќ – пијано и глас, кои досега концерти одржале во: Загреб, Белград, Скопје, Битола, Охрид, Гевгелија и Велес.

Во вечерашната програма се вбројуваат композиции кои се специјално создадени за проектот „Мевлем“ и претставуваат иновативен пристап кон камерната музика и современата поезија.

„Мевлем“ е повеќе од концерт – тој е уметничка исповед, место каде поетскиот збор не се чита туку се чувствува, каде што музиката не се слуша туку се доживува. Создаден од композиторот и поет Марко Виденовиќ, овој проект е интимен дијалог помеѓу музиката и зборот, меѓу солистите и тишината, меѓу публиката и нејзините најдлабоки емоции.

Композициите, инспирирани од лична и колективна болка, љубов, надеж и тишина, се изведуваат од музичари кои со секој тон ја раскажуваат таа внатрешна вистина. Влијанието што овој проект го има врз публиката е од оние ретки, длабоки уметнички впечатоци што долго остануваат со човекот.

„Мевлем“ во својата суштина има потреба – да се понуди лековитост преку уметноста, да се овозможи допир со нешто исконско, нешто што ги надминува жанровите и формите.

„Целта никогаш не беше само да се приреди концерт, туку да се отвори простор за уметнички дијалог, за разбирање и заедништво. Резултатите од тоа не се само мерливи преку број на публика, аплаузи или медиумски интерес – туку преку тишината меѓу две композиции, преку солзите по последниот акорд, преку луѓето што приоѓаат по концертот не за да честитаат, туку за да споделат своја приказна. А токму тоа, всушност, беше и крајната цел“, вели Марко Виденовиќ, автор на Проектот „Мевлем“, кој вечерва ќе биде претставен пред публиката во Битола.

Прикажи повеќе...

Култура

Концертна промоција на албумот „Егрерор“ на ФИН Проект и Тања Царовска

Објавено пред

Концертната промоција на албумот „Егрерор“ на Никола Стојковски (ФИН Проект) и Тања Царовска ќе се одржи денеска со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан.

dobivaj vesti na viber

На концертот, како гости ќе настапат и Петар Христов (саксофон и кларинет) и Горан Трајкоски – Готра, на пијано Билјана Петровска, бас и контрабас Андреа Мирческа, како и Илија Јовчев – виолина, Ева Ристеска – виолина, Ангела Винтовска – виола, Александар Ицковски – виолончело.

Албумот „FIN Project Orchestra“ е издаден во декември 2022 година од М-Сол Рекорд и е поддржан од Министерството за култура на Р.С. Македонија. Следуваше „FIN Project – Contemplation“ кој е издаден во јануари 2024 година.

Музичкиот материјал на албумот е подготвен во соработка со кларинетистот Петар Христов. А, како последно издание во 2024 година, FIN Project во соработка со светски реномираниот композитор и продуцент на извонредната Лиза Жерар, Марсело Ди Франсиши, го објави „Indie Monastery – One Big World (remixes)“ каде како вокален интерпретатор се појавува иранската дива Бахар Шах.

Прикажи повеќе...

Култура

Љутков: Културното наследство не е минато што го чуваме по инерција, туку иднина што ја градиме со свест

Објавено пред

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, австрискиот амбасадор Мартин Памер, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Мајер, и директорката на Археолошкиот музеј на Македонија, Магдалена Манаскова, го посетија археолошкиот локалитет Тумба Маџари по повод потпишување Договор за долгорочно користење на парцела во сопственост на ЕВН што е во рамките на локалитетот.

dobivaj vesti na viber

Локацијата што денес се отстапува за долгорочно користење, во рамките на археолошкиот локалитет Тумба Маџари, станува дел од живата мрежа на научна работа, теренски истражувања, едукација и развој.

Кога јавниот и приватниот сектор застануваат на иста страна, на страната на заедничките општествени вредности, тогаш и ефектот никогаш не изостанува. Со потпишувањето на денешниот договор, локалитетот Тумба Маџари добива нова перспектива.

Љутков упати благодарност до Волфганг Мајер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, до ЕВН како компанија и до австрискиот амбасадор Мартин Памер за континуираната соработка во областа на културата.

Министерството за култура и туризам стои зад оваа иницијатива, активно поддржувајќи ја соработката меѓу јавниот и приватниот сектор, создавајќи широк круг на поддршка и ангажман. Оваа партнерска врска не само што го зајакнува нашиот културен идентитет туку, исто така, го поттикнува развојот на туризмот и на економијата, притоа создавајќи нови можности за локалните заедници. Потпишувањето на денешниот договор не е само правен акт, ова е чин на зрелост на заедницата што го препознава културното наследство како вредност што има смисла само кога заеднички се чува и се споделува.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Посакувам среќа да се победи во барем една општина: Костадинов до СДСМ по најавата за ново дејствување

Aктуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави на социјалните мрежи дека поради тешката состојба на неговата партија ќе започне со...

Топ49 минути

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион3 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа4 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа4 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет5 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет5 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет5 часа

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет5 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија14 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија14 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија18 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија20 часа

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија21 час

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ22 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија22 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија23 часа

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...

Македонија23 часа

Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето...

Македонија23 часа

(Видео) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската...

Свет1 ден

(Видео) Објавено какво оружје Америка престанува да испраќа во Украина

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина, вклучително и системи за воздушна одбрана кои беа клучни за Киев...