Забава
Наса ги објави најдеталните фотографии од Земјата
Научниците од НАСА ги објавија најдеталните и најфасцинантните фотографии од земјата направени до сега, пренесува Дејли телеграф.
Научниците од НАСА ги објавија најдеталните и најфасцинантните фотографии од земјата направени до сега, пренесува Дејли телеграф.На овие фотографии совршено се покажани Северна и Средна Америка, како и северниот дел на Јужна Америка, вклучувајќи ги и Гренланд, Пацификот и Атланскиот океан.Фотографиите ги направиле астронаутите од вселенскиот центар „Годар“ и ги нарекле „Плав мермер“.Снимени се со помош на сателитот „Тера“ на 700 километри над површината на земјата.Освен снимката на копното, океаните, крајбрежјата и облаците, сателитот снимил и топографија на земјата, океанските длабочини и мразот на Арктикот и Антарктикот.квалитетот на новите слики бил чудо и за експертите од НАСА.„Овие слики се најдетални слики од Земјата досега и ги прикажуваат убавините на нашата мала планета“, рекол портпаролот на НАСА.Сликите од Земјата компанијата „Епл“ веќе ги искористила за модел на телефонот „Ајфон“./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Сцена за паметење: Нејзиното жешко тело го „стопи“ целиот мраз
Роузи Хантингтон-Вајтли неодамна позираше за моден бренд на необична, но идилична локација. Тоа е бајковит зимски пејзаж украсен со снежна покривка, а сега и женска фигура.
Познатата манекенка позираше во бело бикини кое го истакнуваше нејзиното убиствено тело и извајани стомачни мускули, а на својот стајлинг додаде бела крзнена јакна и шапка.
Зимскиот амбиент – снег, борова шума и планински врвови, послужи како совршен контраст на оваа жешка верзија на прекрасната манекенка.
Таа објави фотографии од снимањето на Инстаграм со краток опис:
„Надвор е ладно“, напиша таа, а потоа започна лавина од коментари од нејзините обожаватели на мрежите.
„Го топиш мразот“, „Твојот сопруг има среќа“, „Дива“, „Гориш“, „Ледена кралица“, се само неколку…
Забава
Холивудската заводничка ја открива тајната на бракот: „Сè е во тие 15 минути“
Актерката Џенифер Лоренс, која неодамна стана мајка по втор пат, овој пат се отвори и проговори за својот брак со Кук Марони, со кого е во брак од 2019 година, иако гласините за нивната врска започнаа во 2018 година.
Џенифер беше гостинка во подкаст наречен „SmartLess“ и во таа прилика даде уште неколку детали за нејзиниот однос со нејзиниот сопруг, што е вистинска реткост кога станува збор за неа.
„Се омажив за некој што е моја целосна спротивност. Да, тој е толку организиран. Сè е на свое место со него. А јас, на пример, морам да се осигурам дека ја затворам вратата од плакарот и дека имам некои ситници што треба да ги направам. За да не ни стане рутина, имам дозволени 15 минути“, рече Џенифер.
Се чини дека овие „15 минути“ го спасуваат нејзиниот брак, па можеби и други луѓе можат да го применат нејзиниот рецепт.
Џенифер претходно во интервјуа изјави дека обожава да поминува време со својот сопруг, а нивната омилена заедничка активност е одењето на шопинг.
Дури и кога ја објавија својата свршувачка, Лоренс рекла дека тој е „најдобрата личност што ја познава“ и дека одлуката да се омажи била премногу лесна за неа.
Забава
(Фото) Уметничко дело или целосно промашување? Нејзиното издание шокираше многумина
Овогодинешните Златни глобуси 2026 беа обележани со многу гламурозни, но и скандалозни креации. Познатите убавици имаа можност да ги покажат своите најдобри изданија, но имаше и такви кои ја разбраа дефиницијата за „најдобро“ на малку поинаков начин.
Една таква дама се појави во црна креација и е потценување да се каже дека го плени вниманието на јавноста. Станува збор за пејачката и актерка Тејана Тејлор, која блесна во црна тоалета со длабок шлиц.
Кратко потоа, таа се појави на премиерата на филмот „The Rip“ во Њујорк, каде што повторно изненади со својот моден избор – или поточно, шокираше со својата облека.
Како што можете да видите, таа избра структуриран фустан кој го носи потписот на Ashi Studio. Креацијата е дел од колекцијата пролет/лето 2025 и е изработена од транспарентен материјал.
Тесната облека беше како скулптура со претерани колкови во облик на срце, што му даде на целиот фустан на актерката уметнички шмек.
Високата јака беше исто така впечатлива, покривајќи половина од нејзиното лице и откривајќи ги нејзините впечатливи темни очи. Драматичната шминка, исто така, придонесе за овој впечаток.
Кога стануваше збор за додатоци, тие беа минималистички, така што фокусот беше на фустанот. Тејана Тејлор уште еднаш покажа како автентичната модна изјава секогаш ја наоѓа својата публика…

