Економија
Шпанија охрабрена со ниските трошоци на задолжување, ја отфрла помошта
Шпанија се оттргна од притисокот да побара официјална полн пакет помош за да ја надмине финансиската криза, а нејзиниот министер за финансии вели дека помошта воопшто не и е потребна.
Четвртата по големина економија на еврозоната го положи клучниот текст на аукцијата на државни обврзници одржана во четвртокот, со оглед дека трошоците на задолжувањето благо паднаа. Истовремено Европската централна банка ги пофали шпанските реформи.Шпанскиот министер за финансии Луис де Гуиндос оцени дека на Шпанија воопшто нема да и биде потребна помош и дека државата е конкурентна и одржлива.И одделни влијателни членки на еврозоната, како Германија, не се склони кон опцијата за шпанско барање на помош, се додека Мадрид има пристап до капитал. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Бизнисот и институциите дискутираа за дневницата на оние кои работат во недела, се зборуваше и за порастот на плати во јавниот сектор
Во Прилеп се одржа седницата на Управниот одбор на Регионалната комора, која беше фокусирана на клучните економски предизвици и решенија за локалното и националното стопанство.
На седницата присуствуваа претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, како и претставници на локалните банки и компании.
Азески истакна неколку важни точки за подобрување на економскиот амбиент, вклучувајќи го законското решение за недела нереботен ден, т.е во недела треба да се работи, но и да се плати соодветно спрема законските регулативи.
Тој ја истакна потребата од рационализација на државната администрација за да стане вистински сервис на бизнисот и поддршка за извозните активности преку нова регулатива. Азески нагласи дека растот на платите во јавниот сектор треба да биде условен со растот на бруто-домашниот производ, додека парафискалните давачки на локално ниво мора да се регулираат исклучиво преку Собранието.
Присутните дискутираа и за инвестициите во инфраструктурата, со фокус на железничката линија кон Солун, како и за навремениот поврат на ДДВ и законските исплати за инвестиции. На состанок беа презентирани и условите за унгарскиот кредит, кој е потенцијален извор на финансиска поддршка за компаниите во регионот.
Претседателот на Регионалната комора поднесе извештај за активностите во изминатата година, потенцирајќи го значењето на Комората во поддршката на економскиот развој. Азески, пак, апелираше за унапредување на регионалната соработка и регионално поврзување и активност на регионалните комори за поголема активност на компаниите, особено од Источна Македонија.
Економија
Дурмиши: Предлогот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва одобрен во Собранието, Северна Македонија обезбеди 4.400.906 евра
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши соопшти дека по скратена постапка во Собранието е донесен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва. Овој Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва е заснован на Реформската агенда, која е составен дел на Планот за раст на земјите од Западен Балкан, усвоен од Европската Унија.
Според Реформската агенда, конкретно делот 4.1.5. Реформи во управувањето со државни компании, Република Северна Македонија има обврска до крајот на годината да го донесе Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, со кој за државните компании се воведуваат нови правила за именување независни неизвршни членови во одбор на директори, односно независни членови во надзорeн одбор.
Доколку оваа мерка навремено биде реализирана, согласно Реформската агенда за Република Северна Македонија, предвидено e да повлече финансиски средства во износ од 4.400.906,47 евра.
Известувањето по Предлогот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва има за цел да воспостави посебни услови со кои се утврдува потребното работно искуство за избор и именување на независни неизвршни членови на одборот на директори, односно независните членови на надзорниот одбор во друштвото со одговорност и акционерскиот совет, во целосна и доминантна државна сопственост.
Со други зборови, за избор и именување на независен неизвршен член на одборот на директори, поточно независен член на надзорниот одбор, кандидатот мора да има најмалку четири години работно искуство, конкретно во областа на финансиското работење и правните прашања.
На овој начин, се очекува со Предлог-законот да се создаде соодветна правна рамка за прилагодување на критериумите за избор на независни неизвршни членови во одборот на директори и независни членови во надзорните одбори во акционерските друштва со доминантна државна сопственост, во насока на обезбедување на квалитетно управување и ефикасност, а со тоа да се придонесе за подигнување на стручноста и професионалноста во управувањето и надзорот на работењето и управувањето со овие компании.
Економија
Димитриеска-Кочоска: Приватниот сектор е наш приоритет, поголема поддршка од буџетот и дополнителни 15 милијарди денари поволни средства со камата од 1,95%
Поддршка на приватниот сектор и реализација на инвестиции се приоритет во нашето работење. Најдобриот показател за тоа се бројките. Годината ќе ја завршиме со реализација на капитални инвестиции која ќе биде над 70% од планираното, а износот ќе биде над оној во 2022 година“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.
„Поддршката на приватниот сектор во 2025 година е над 2,5 милијарди денари, за разлика од 2022 година била 1,4 милијарда денари, во 2023 година 2 милијарди денари. Во ТИРЗ исто така има поддршка од 2,5 милијарди денари. Бројките покажуваат дали повеќе се грижиме“, рече министерката.
Таа додаде дека дополнителна поддршка за приватниот сектор се обезбедените 15 милијарди денари со каматна стапка од 1,95% за што истакна дека Владата ги има објавено условите за користење на средствата од страна на крајните корисници – компаниите. Исто така посочи дека и кон општините се префрлаат средства врз основа на реализација.
„Нема да дозволам трансфери од буџетот како во минатото и ќе работиме со поинаква постапка. Средствата на општините ќе се префрлат по реализација. Исто така и средствата наменети за компаниите кон Развојната банка, а оттаму кон деловните банки ќе бидат префрлени парцијално. Ако има вистински инвестиции може да зборуваме за префрлање“, посочи министерката.
Таа рече дека и повратот на ДДВ се врши редовно и дека е во износ од над 2 милијарди денари на месечно ниво. „Онаму каде што имало проневера и е отворена постапка не може да се врши поврат“, наведе министерката и додаде дека се отворени постапки и по однос на други прашања.