Забава
Умре најмалиот човек на светот

Со само 21 година, денеска починал најнискиот човек на светот, пренесоа агенциите
Кинезот Хе Пингпин влезе во Гинисовата книга на рекорди зарди неговиот невообичаено низок раст од само 75 сантиметри.Пингпин настапувал во телевизиско шоу во Рим кога одеднаш почувствувал болка во градите и бил итно префрлен во болница каде починал, пренесе AFP..„За така мал човек, тој навистина остави голем впечаток во светот. Од првиот момент кога го видов знаев дека е посебен. Тој внесуваше радост во животите на сите кои ги познаваше и беше инспирација за сите, кои инаку ги сметаат за необични, но поинакви“, нагласи Крег Глендеј, главен уредник на Гинисовата книга на рекордите во Лондон.Пингпинг се родил во близина на градот Вуланчаб во кинеската автономна покраина Внатрешна Монголија, а според татко му веднаш по раѓањето бил долг колку дланка на возрасен човек. Неговиот џуџест раст е предизвикан од синдромот примордијален дварфизам. Тој неодамна испратил барање до Гинис да биде регистриран како најнизок човек на светот, но најверојатно тешко дека ќе ми се оствари тоа. Како најнизок човек на Земјата сега во книгата на рекордите е запишан Лин Јих Чин со само 67,5 центиметри.За неговото место најнизок човек на планетава конкурира и 18-годишниот Непалец Кагендра Тхапа Магар кој тврди дека има само 56 центиметар.Непалецот моментално е на турнеа во Европа обидувајќи се да биде регистриран во Гинисовата книга на рекорди. Тхапа Магар подолго време бара официјално да биде признаен за најнизок човек на планетата, но досега нема одговор од уредништвото на Гинисовата книга на рекордите. Тој и неговиот татко на крајот од февруари допатуваа во Италија каде ќе настапуваат во повеќе шоу емисии.Инаку највисокиот човек на Земјата е 27-годишниот Tурчин, Султан Косен, висок 246 центиметри. Косен е сточар од мало место во турската покраина Мардин, а својата височина и’ ја должи на аномалија во работата на хипофизата позната како гигантизам. По серијата операции за отстранување на туморот, тој престанал да расте во 2008 г. а минатата година го презема приматот највисок човек на планетата од Кинезот, 56-годишниот Бао Ксишун кој е понизок од него 10 центметри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.