Македонија
Се одложи судењето против членовите на „Левицата“, се чека вештачењето за штетата
Се одложи почетокот на судењето против членовите на „Левицата“, Здравко Савески и Владимир Куновски кои беа притворени под сомнение дека учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот.
Висината на штетата што е направена при демолирањето на Канцеларијата првично е утврдена на 880.000 денари или 15.000 евра, но според дописот од Канцеларијата на претседателот штетата конечно треба да ја утврди Народното правобранителство кое побара од Бирото за судски вештачења да ја утврди точната штета и колку треба да плати секој обвинет демонстрант.Вештачењето сѐ уште не е готово, па затоа се одложи судењето за овој случај, како што се одлага и судењето за другите двајца демонстранти кое се води во одвоена постапка. Судот не дозволи спојување на постапките за демонстрантите. Адвокатот на обвинетите, Сашко Дуковски побара Судот да одреди термин за да извршат увид во доказите, односно да гледаат две ДВД од протестите кои се дел од доказите на Обвинителството. Судењето се одложи за 19 мај. Савески и Куновски се обвинети дека на 13 април за време на протестот по одлуката за помилување која ја донесе Претседателот на Република Македонија учествувале во демолирањето на Народната канцеларија која се наоѓа во центарот на Скопје.Според првичните информации, Савески запалил слика од Претседателот, Ѓорге Иванов и фрлил предмет кон канцеларијата, додека Куновски од внатрешниот дел на канцеларијата исфрлил неколку столчиња на тротоарот. За протестите има три судски процеси еден против Савески и Куновски, еден против студентот и процесот против Никола Аризанов и Филип Наковски кој и по цела недела никако да започне поради неутврдена точна висина на штетата./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Бутел, Карпош и Сарај денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Александар Турунџов во општина Бутел.
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Панче Пешев бр. 1, 3, 5 и 7 во општина Карпош, како и корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка во општина Сарај.
Македонија
Без вода делови од општина Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известувааат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 5/4“ на бул. Илинден б.б, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од ул. Љубљанска до ул. Никола Парапунов. ( општина Карпош )
Македонија
Наутро студено, преку денот сончево време
Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со услови за појава на магла, а преку денот сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.