Македонија
Реџепи: Работиме на одвраќање на учество на македонски граѓани во туѓи војни
Исламската верска заедница (ИВЗ) веднаш ги поддржа измените на Кривичниот законик според кои одењето во туѓи војни се казнува со затвор, изјави за Радио Слободна Европа Рејс Ул Улема Сулејман Хаџи Реџепи, поглавар на ИВЗ.
Тој објаснува дека нивниот план за ресоцијализација кој во понеделникот и го презентираше на француската амбасадорка Лоренс Оер, а во меѓувреме го испратиле до сите државни институции и меѓународни претставници, од кои чекаат поддршка, всушност претставува дополнување на она што се предвидува со законот.
Поконкретно, ИВЗ предлага тие да работат на превенција и одвраќање на македонските граѓани од учество во воени конфликти, ресоцијализација на семејствата чии деца се заминати и промоција на исламот како миротворна религија. Оние пак кои веќе биле во туѓа војна, според Реџепи, треба да одговараат според законот, но со нив мора и да се работи оти тие, како што додава поглаварот, се трауматизирани.
„Во сите европски земји ние имаме наши поставени имами во Европа, тие не работат само со луѓето во џамиите, во центрите, тие работат и во затворите, што значи ние сме спремни со таа наша програма да дејствуваме со една племенита цел, со една надеж нешто да направиме на тој план“, вели Хаџи Реџепи. /крај/рсе/ст
Извор: РСЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.
Македонија
Неколку скопски улици денеска без вода
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на булеварот Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе преземе одреден технички зафат кој ќе се одвива денеска.
Прекин на водоснабдување на денеска од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– Бул. Александар Македоски
– Ул. 808 (дел од улица)
– Бул. Киро Глигоров (дел од булевар)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– Ул. Перо Наков кај Кванташки со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– Ул. Маџари прекин на водоснабдување
– Ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– С.Сингелиќ прекин на водоснабдување

