Македонија
Зголемен бројот на жртви во сообраќајки во Скопје

Дваесет лица загинале во сообраќајни несреќи во Скопје во периодот од јануари до јули годинава, додека во истиот период лани бројот на жртви бил 17, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На територија на градот Скопје, но и на цела Македонија, е забележано намалување на бројот на сообраќајни незгоди во првите шест месеци од годинава за разлика од истиот период лани. Во Скопје бројот на жртви е во пораст, додека на ниво на цела Македонија е намален.
Во првото полугодие на 2014 година се случиле 1.716 сообраќајни незгоди во Македонија со потешки последици во кои 71 лице го загубиле животот, додека за истиот период од 2013 година се случиле 1.894 сообраќајни незгоди со потешки последици во кои 87 лица го загубиле животот.
Од јануари до јули само на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно 2.053 сообраќајни незгоди што е за 12,49% помалку од евидентираните сообраќајни незгоди за истиот период во 2013 година кога се случиле 2.346 сообраќајни незгоди. Од вкупниот број на незгоди, најбројни се оние со материјална штета и само еден процент односно 19 сообраќајни незгоди се со смртни последици, се наведува во податоците на МВР.
„Сепак и покрај намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди, оваа година има зголемување на вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди во Скопје односно 20 во периодот јануари-јули 2014 и 17 загинати во истиот период лани“, се наведува во соопштението на МВР.
Најчеста причини за сообраќајните незгоди се недозволените дејствија кои ги вршат возачите, а особено возење под дејство на алкохол, потоа неприлагодена брзина на моторните возила, непочитување на правото на првенство на минување.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Постаро лице заглавено во домот во Кочани поради снегот, спасувачките екипи се координираат

Спасувачките екипи се координираат за извлекување на постаро лице кое е заглавено во својот дом од снежни наноси во слото Полаки во Кочанско.
Од ЦУК известуваат дека контактирани се екипите на ЛС Кочани, Црвениот крст, противпожарната бригата и Дирекцијата за заштита и спасување во градот.
Стапено е во контакт со братот на заглавеното лице.
„Командирот на ТППЕ Кочани има стапено во контакт со братот на лицето кое се наоѓа во с. Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Истиот ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре“, велат од ЦУК.
Истовремено, има ново барање да им се исчисти прво патот (концесионерот ги одржува само патиштата коишто се под асфалт, а не и споредните патишта коишто се до маалата, а што не се асфалтирани) па потоа тие да проценат дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација.
РЦУК Кочани и Секторот за операции и координација се во постојан контакт со ТППЕ Кочани.
Скопје
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализира активности за расчистување на снегот во сите скопски општини

Вчера, ЈП Комунална хигиена-Скопје со максимална ангажираност на сите расположливи работници во три смени спроведуваше активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот.
„Активности за расчистување на снегот и мразот беа реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија. Екипите на Претпријатието го расчистуваа и реонот околу Градската болница, Државната болница, Владата и Собранието на РМ, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и сите пешачки мостови. ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со активностите за расчистување на снегот и мразот и во текот на денешниот ден и претстојната ноќ“, соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на Плетвар

Од 11:20 часот на планинскиот превој Плетвар е укината забраната за тешки товарни возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.