Економија
Србија го отежнува увозот од Македонија

Србија постепено воведува реципрочни мерки кон Македонија, бидејќи македонската страна не ја укина уредбата со која се ограничува увозот на брашно и пченица, јавуваат белградските медиуми.
Сите гранични инспекции на Србија од денеска (петок) , а најдоцна за време на викендот, ќе започнат драстично да ги засилуваат контролите и надзорот на сите прехранбени и земјоделски производи кои се увезуваат од Македонија, пишува влијателниот весник „Политика“, повикувајќи се на извори во српската влада.Овие мерки ќе го забават, ископкликуваат и отежнат увозот на стоки од Македонија. Тоа, барем засега, ќе биде српскиот одговор на тоа што Македонија се уште не ја повлекла уредбата со која го ограничи увозот на брашно и пченица, се наведува во текстот.Понатаму се истакнува дека ваквиот одговор на Србија станал неопходен со оглед дека Македонија се уште не ја повлекла уредбата и покрај тоа што на 10 јули се сретнале српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и македонскиот министер за земјоделие Љупчо Димовски.Официјална потврда за ова информација нема, но помошникот министер за трговија Бојана Тодоровиќ за „Политика“ потврди дека со денови траат консултации на ресорните српски министерства за воведување на реципрочни мерки за Македонија.„Македонија не ја повлече мерката со која го ограничи увозот, ниту според наши информации се подготвуваа за такво нешто. Иако не беше прецизиран датумот за укинување на мерката, тие ни ветија дека тоа ќе биде сторено во разумен временски период. Ние сметавме дека тоа ќе биде кон половината на август, но тоа се уште не се случи“, изјави Тодоровиќ.Таа потенцираше дека токму правилата на ЦЕФТА, чии членки се Македонија и Србија, предвидуваат погодената држава да воведе соодтени мерки како одговор.Проблемот е во тоа што секоја одлука за ограничување на увозот или зголемувањето на царините за производи од Македонија автоматски ќе се однесува на сите останати членки на ЦЕФТА, а не само за Македонија, пишува „Политика“.„Прашањето е многу чувствително. И одлуката на Македонија за ограничувањето на увозот на брашно и пченица се однесува на сите држави, но најмногу сме погодени ние бидејќи сме главен снабдувач“, вели Тодоровиќ.Одлуката на македонската влада да го врзе увозот на брашно и пченица со купување на домашно брашно и пченица предвидено е да трае до крајот на годината, а од министерството за земјоделие неодамна соопштија дека не се планира повлекување на одлуката додека таа не го даде посакуваниот резлтат, односно да се стабилизра состојбата на домашниот пазар. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Славески – Прескер: потврда на значењето на Народната банка за економската стабилност

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и со економскиот советник Горан Криж.
Во разговорот беше истакната улогата на Народната банка во одржувањето на макроекономската стабилност и значењето на довербата во финансискиот систем за економскиот развој и инвестициите.
Славески ја истакна посветеноста на Народната банка кон овие принципи, додека амбасадорот Прескер ги нагласи долгогодишните добри дипломатски и економски врски помеѓу двете економии, особено во финансискиот сектор каде што активно се вклучени голем број реномирани словенечки компании.
Во однос на финансискиот сектор, Славески се осврна на заложбите на Народната банка за намалување на надоместоците на банкарските услуги, заради обезбедување подостапни финансиски услуги за сите економски субјекти. Прескер искажа задоволство од заложбите на Народната банка и ја потврди понатамошната поддршка од Словенија, вклучително и преку центарот за обуки ЦЕФ.
Средбата претставува можност за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји и унапредување на соработката.
Економија
Ќе се олеснува кредитирањето при купување прв стан, вели Славески

Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните мерки поврзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Со оваа одлука се регулираат основните показатели со кои се оценува кредитоспособноста на физичките лица, кога тие бараат кредити од банките и од штедилниците. Мерките ќе се применуваат од 1 декември 2025 година.
Гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата за печатот објасни дека со новата одлука се олеснува кредитирањето за купување или градење прво живеалиште, односно стан или куќа наменети за сопствено живеење. Но, имајќи ги предвид условите на пазарот на недвижности, особено во главниот град, што водат кон забрзан раст на цените на становите, поради што стануваат недостапни за помладите генерации, се врши и затегнување на условите за користење кредит за станбен објект којшто не претставува примарно живеалиште за кредитобарателите.
„За сите лица со нерешено станбено прашање, коишто навистина немаат стан/куќа на свое име каде што би живееле, а се очекува дека тоа ќе бидат претежно млади лица и млади брачни парови, со новата одлука се дозволува, без да се наруши пристапот на прудентност, тие да добијат станбен кредит и со учество од 10% од вкупната вредност на објектот за живеење. Наспроти ова, за сите останати случаи, минималното сопствено учество се зголемува од постојните 15% на 25% од вредноста на станот. Исто така, за корисниците на станбени кредити наменети за купување или градење прво живеалиште, ќе останат во важност досегашните лимити на показателот ДСТИ, коишто изнесуваат 55% за изложеноста во денари и 50% за изложеноста со валутна компонента. За сите останати баратели на кредити се предвидуваат пониски нивоа за овие показатели, и тоа од 50% за изложеноста во денари и 45% за изложеноста со валутна компонента.“
Имено, олеснувањето при купување прв стан се однесува на лицата коишто навистина немаат стан или куќа на свое име и планираат да купат или да изградат дом за сопствено живеење, за што треба да исполнат одредени критериуми, а се воспоставуваат соодветни механизми за проверка и следење, коишто се детално образложени во Одлуката.
„Промените во макропрудентните мерки имаат превентивен карактер и нивната цел е да нѐ заштитат сите нас од прекумерна задолженост, што може да се одрази понатаму на способноста за редовно отплаќање на обврските, како и на вкупната стабилност на финансискиот систем. Истовремено, со овие промени внимаваме да не „ги погодиме“ оние лица кои имаат потреба да го решат своето животно, станбено прашање, овозможувајќи им поповолни критериуми и полесен пристап до кредити, во однос на останатите корисници на кредити“, посочи гувернерот Славески.
Со ваквиот пристап, Народната банка се усогласува со практиката на голем број други централни банки во светот.
Економија
Трипуновски од Прилеп: Заложбата е на нашите полици да се продаваат македонски преработки од земјоделски производи

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, присуствуваше на манифестацијата организирана од Slow Food – Прилеп, која се реализираше со поддршка на Министерството.
„Интенцијата и заложбата на Министерството е преку финансирање на ваков вид настани да се промовираат домашните преработки на земјоделски производи, да се развие локалниот туризам и да се поддржат здруженијата кои постојат на ниво на државата”, истакна министерот Трипуновски.
Министерот објави дека финансиската поддршка кон сите здруженија е зголемена на 200.000 денари по корисник.
„Сточарите на овој настан можат да ги промовираат своите преработки. Кога зборуваме за сточарството, изминативе 15 месеци покажавме дека земјоделството е во фокусот на приоритетите и работењето на Владата”, додаде тој.
Министерот Трипуновски истакна дека оваа година поддршката за македонските сточари од Програмата за финансиска поддршка е зголемена за околу 50%.
„Сакаме на нашите полици да се продава македонско млеко и македонски преработки од земјоделски производи”, појасни министерот.