Забава
The Queen Real Tribute во Арена овој викенд
Овој четврток на 12 ноември, со концертот на The Queen Real Tribute band продолжува фестивалот Tribute to Rock and Roll на кој „Арена“ ви ги претставува најдобрите светски бендови имитирани во живо
Арена во четврток ви го носи новиот Фреди Меркјури и бендот кој ги наполни најдобрите клубови на екс-ју просторите, составен од професионалци кои имаат лиценцирано право да ги изведуваат хитовите на The Queen. Освен одличниот музички настап можете да очекувате и уште подобро сценско шоу, што е одлика на сите Real Tribute бендови. Пејачот е облечен и изгледа исто како Фреди Меркјури, гитаристот има иста гитара како Брајан Меј и свири исто така со метална паричка наместо со трзалица. Наредните четвртоци следат Real Tribute бендовите на „Billy Idol“, „AC/DC“ и „GNR“. Влезот е бесплатен до полноќ, а потоа чини 100 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Како изгледа денес Роуз од „Два и пол мажи“ која го демнеше Чарли
Хит серијата „Два и пол мажи“ се емитуваше од 2003 до 2015 година, а во главните улоги беа Чарли Шин, Џон Крајер и Ангус Т. Џонс.
Улогата на композиторот и женкар Чарли ја толкуваше Чарли Шин, се до кавгата со продуцентите кога беше заменет со Ештон Качер, а многумина се сеќаваат и на Роуз која со сите сили се трудеше да го освои неговото срце.
Улогата на Роуз ја толкуваше актерката Мелани Лински, која се прослави по оваа улога. Актерката минатата година постигна голем успех во кариерата со улогата во серијата “Yellowjackets”, но и покрај тоа се бореше со „стандардите за убавина“.
Таа изјави за „Њујорк Тајмс“ дека нејзината кариера првично се засновала на сценарија за „дебела пријателка“ или „смешна дебела жена“.
„Луѓето кои ја оценуваат мојата тежина и здравје се приказна за мојот живот уште од премиерата на “Yellowjackets”, напиша таа на мрежата „Х“ и додаде дека „да се биде слаб не секогаш значи да се биде здрав“.
Нејзиниот сопруг ја поддржал, пишувајќи на мрежата „Икс“: „Ако некој има несакани коментари за нечиј изглед, слободно нека ги напише со трајно мастило на челото и нека излезе директно на сонце“.
Забава
Луѓето родени во овие два хороскопски знаци не сакаат да готват
Готвењето е уметност – барем за некои луѓе. Меѓутоа, други секогаш ја избегнуваат кујната и често може да ги фатите како нарачуваат храна од ресторани. Тие луѓе можеби се родени во овие хороскопски знаци.
Водолија
Водолиите се современи визионери, а нивната имагинација често ги надминува секојдневните задачи како што е готвењето. Наместо да поминуваат време на сечкање зеленчук, тие веројатно се зафатени со создавање револуционерни идеи кои ќе го променат светот. Кујната е едноставно преполна и премногу рестриктивна за нив; тие попрво би откриле нови светови отколку да мешаат сосови.
Стрелец
За Стрелците светот е нивна авантура, а кујната е како темнина која едноставно не сакаат да ја истражуваат. Тие се премногу зафатени со мечтаење за нивната следна дестинација или планирање авантури, па кујната често ја нема на нивната мапа. Стрелците ја сакаат слободата и слободата на движење, а готвењето често ги спречува да истражат се што може да понуди светот.
Забава
Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете
Петар Грашо и Хана Хуљиќ го чекаат своето второ дете.
Ова го потврди пејачката во емисијата Ин Магазин. Парот ќе станат родители по втор пат, откако пред година и девет месеци ја добија малата Алба.
View this post on Instagram
Хана неодамна проговори за мајчинството.
„Толку многу уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога ќе порасне ќе ми биде жал. Убава е, весела е. Таа донесе нешто посебно во нашиот живот“, изјави Хана. Вели дека многу и помагаат двете баби.
Хана е среќна што Алба расте во вљубено семејство.
„Горда сум што детето расте во љубов, што за жал не е толку често во денешно време и секогаш ми е жал за децата кои ја немаат и ми е тешка тема“, додаде таа.
Хана и Петар се венчаа во февруари 2022 година во Сплит.