Економија
Со помош на ИПА средства ќе го реформира секторот за енергетика

Министерството за економија со помош на ИПА средства во вкупен износ од 1.674.000 евра ќе го реформира секторот за енергетика со цел привлекување на инвестиции, најави во четвртокот во своето обраќање по повод почетокот на ИПА проектот „Зајакнување на административните капацитети на Секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика“, министерот Ваљон Сараќини.
Со договорот кој беше потпишан на 28-ми јуни годинава, кој ќе се реализира во период од две години, министерството за економија ќе добие техничка помош од АТC Consultants GmBH од Австрија, кој е во конзорциум со Energy Institute Hrvoje Pozar од Хрватска, Norsk Energi од Норвешка, Centre for Renewable Energy Sources and Savings од Грција и European Profiles S.A, исто така, од Грција, за да ги реализира четирите компоненти од проектот, од кои првата и последната компонента се директно поврзани со подобрување на институционалниот капацитет и функционалноста на секторот за енергетика, односно Агенцијата за енергетика, и тоа токму во политиките на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, а останатите две компоненти имаат пошироки цели.
„Со реализацијата на овој ИПА проект, вреден 1.674.000 евра, ќе се обезбеди стабилна правна и регулаторна рамка со која ќе се привлечат инвестиции во енергетскиот сектор и ќе се придонесе за економски развој и социјална стабилност на земјата“, истакна Сараќини.
Појасни дека втората компонента ќе значи зголемување на степенот на усогласувањето со ЕУ законодавството, опфатено со Договорот за основање на Енергетската Заедница и законодавството на ЕУ, а со третата ќе се овозможи развој на клучни стратешки документи кои се значајни за натамошното подобрување на енергетскиот сектор.
„Со реализација овие четири компоненти ќе се овозможи создавање поконкурентен пазар на енергија и негова интеграција во регионалниот и европскиот пазар на енергија“, додаде Сараќини.
Гордана М. Јуруковска, претставник на АТC Consultants од Австрија, воедно и директор на проектот истакна дека започнува многу значаен проект, кој се спроведува во многу земји, со кој ќе се подобри состојбата во секторот за енергетика во Министерството за економија и во Агенцијата за енергетика.
„Консултантите кои со внимание се избрани, напорно ќе работат на овој Проект за да ги пренесат своите знаења и тоа ќе го започнеме уште денеска“, рече Јуруковска.
„Република Македонија се приклучи на енергетската заедница во 2006 година и се обврза да ги исполни амбициозните барања во поглед на усогласување на домашното законодавство со она на Европската унија, како и да ги зајакне капацитетите во секторот за енергетика“, потенцираше Елизабета Ѓорѓиева, претставник на делегацијата на ЕУ во Македонија, додавајќи дека Европската унија и натаму ќе биде посветен партнер на Република Македонија, со цел развој на енергетскиот сектор преку различни инструменти на финансирање./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.