Економија
Полошката дијаспора на ифтар за да разговара за инвестиции
Во вторник, дијаспората од Полошкиот регион ќе се состане во Тетово за да разговара за она што треба да се направи со цел да се зголемат нивните инвестиции во Полог.
Традиционалната Ифтар вечера, ќе ја отвори Теута Арифи, градоначалник на Општина Тетово и Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, во присуство на градоначалниците на општините Теарце, Желино, Боговиње, Брвеница и Јегуновце.
По заедничка презентација на инвестициските можности кои постојат во општините кои гравитираат околу Тетово, членовите на Заедницата на бизнис дијаспората ќе имаат можност да слушнат за неколку успешни примери на бизниси кои се финансирани од инвестиции на дијаспората (Розен центар, Млин Балкан и Поника Плус), како и за можноста да воспостават контакти со бизнисмените кои до сега успешно инвестирале во Полог.
Целта на настанот ќе биде да се запознаат присутните со тоа што бил клучот на успехот на досегашните инвестиции на дијаспората во Полог како и да се информираат за потребите на дијаспората со цел да има уште поголем број на успешни инвестиции од нивна страна.
Ифтар вечерата се организирана од страна Центарот за развој на Полошкиот плански регион и Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, во соработка со општините од Полог, а беше поддржана од страна на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, ГИЗ-РЕД, и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Настанот е дел од новата иницијатива наречена Дијаспората Инвестира кој има за цел да привлече инвестиции од македонската дијаспора. Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, како чадор организација за сите постоечки бизниси, ќе им помогне на потенцијални инвеститори преку понуда на информации за актуелната економска ситуација и за локалниот пазар на труд, а исто така ќе работи и на подготовка на бизнис планови, подобрување на синџирот на снабдување и ќе им помогне на компаниите да влезат и на локалните и на меѓународните пазари.
Како дел од оваа иницијатива на 24 јули во Гостивар ќе се одржи втората Ифтар вечера на која што општините Гостивар, Врапчиште, и Маврово и Ростуше ќе ги презентираат можностите за инвестирање во тие општини./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

