Култура
Оскарот започна со скандал

Скандал се случи пред доделувањето на најпосакуваната филмска награда, бидејќи се размислува за бришење на номинацијата на за најдобар филм на еден од фаворитите, воената сторија „Наредникот Џејмс“
Филмската академија или целосно The Academy of Motion Picture Arts and Sciences, која го доделува Оскарот ја разгледува тужбата против продуцентот на филмот „Наредникот Џејмс“ (The Hurt Locker) заради спорните електронски пораки кои им ги испраќал на членовите на Академијата. Имено, Николас Чартиер испратил неколку е-мајл пораки наговорувајќи ги гласачите на Академијата да го доделат Оскарот за неговиот филм, а не како што напишал „за филмот кој чини 500 милиони долари“ .Со тоа ги прекршил правилата со кои се забранува промоција на својот филм со давање оценки за конкурентските.Имајќи предвид дека станува збор за филм на режисерката Кетрин Бигелоу кој покрај „Аватар“ на Џејмс Камерон е еден од главните фаворити за најпрестижната категорија – за најдобар филм, на самиот филм му е нанесена штета, за што Чартиер се извини јавно.„Мојата наивност, непознавање на правилата и чистата глупост на личност која првпат е номинирана не се изговор за ова однесување и искрено жалам заради тоа. Номинацијата на Академијата е најголемата чест и требаше да посветам време и да ги проучам правилата“, се вели во неговото соопштение испратено до медиумите.Според американските медиуми, првата порака била испратен ана 19-ти февруари, а набрзо тие дошле и до медиумите па јавноста беше информирана дека Чартиер во нив дава насока како да се гласа. Дистрибутерската куќа на филмот, Самит пикчрс, во писмена изјава објави дека не била запознаена со пораките се’ додека не реагирала на нив Академијата.Сега се очекува каква казна ќе одреди Академијата за Чартиер. Таа би можела да биде јавна цензура за продуцентот на филмот, одземање на влезниците за доделувањето на наградите или дури симнување на филмот „Наредникот Џејмс“ од листат номинирани за најдобар филм. Според медиумите, некој казна сигурно ќе следи, но каква ќе биде, ќе биде познато непосредно пред доделувањето на Оскарите кое ќе се одржи на 7-ми март.Филмот за ирачката војна „Наредникот Џејмс“, односно Марк Боал ја доби наградата за најдобро оригинално сценарио за филм на овогодишното доделување на наградите на Американското здружение на сценаристите, а во средината на јануари здружението на Американските филмски критичари за најдобар филм ја прогласи оваа воена драма за ирачката војна на Катрин Бигелоу. Фактот што речиси најголем дел од ова здружение се и членови на Академијата која го доделува Оскарот, го вброи филмот во еден од главните кандидати за најпрестижната награда.Боал инаку е новинар кој во 2004 г. правеше репортажа за американската единциа за деминирање во Ирак. Филмот снимен во 2008 г. зборува за типичен американски осаменик, наредник во американската армија, Вилијам Џејмс, стручњак за експлозиви, што всушност асоцира на познатиот американски философ со истото име кој, како што забележа самиот „живееше од едниот до другиот крај на тага“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Камерното трио „Анимато“ утревечер со јубилеен концерт „Квинтесенца“, влезот е бесплатен

По пет успешни години на музичко творештво и настапи на домашната и меѓународната сцена, Камерното трио „Анимато“ ќе го прослави својот јубилеј со свечен концерт насловен „Квинтесенца“. Настанот ќе се одржи утре, 12 мај 2025 година, со почеток во 19:00 часот, во Даут Пашиниот амам во Скопје, во организација на Националната галерија.
Триото во состав Даниела Неделковска (флејта), Симона Марочковска-Манојловска (флејта) и Светлана Димитриевска (пијано), ќе ја претстави својата препознатлива уметничка енергија низ програма која вклучува дела од Доплер, Прокопиев, Илин и Шор.
Во текот на изминатите пет години, Трио Анимато се етаблираше како еден од најактивните камерни состави во Македонија, со настапи во земјата и странство, промовирајќи ја домашната музичка сцена и соработувајќи со бројни истакнати уметници и институции. Овој јубилеен концерт е заокружување на едно успешно поглавје и најавува нови проекти со уште поголема посветеност кон уметничкиот развој и културната промоција.
Влезот е бесплатен за посетителите, а љубителите на класичната музика се поканети да бидат дел од оваа музичка прослава и да уживаат во виртуозната изведба на триото кое го слави своето постоење токму таму каде што традицијата и современоста се сретнуваат – во срцето на Старата скопска чаршија.
Дополнителни информации за концертот може да се најдат на официјалните канали на Националната галерија и Трио Анимато.
Култура
Со книгата „Прличев и епската традиција“, „Матица македонска“ ќе ја чествува 195-годишнината од раѓањето на Прличев

„Прличев и епската традиција“ е новата книга на потпретседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Витомир Митевски, со чија промоција во рамките на манифестацијата „Книга во секој дом“, „Матица македонска“ ќе ја чествува 195-годишнината од раѓањето на Григор Прличев.
Промоцијата на „Прличев и епската традиција“ од Митевски и чествувањето на 195-годишнината од раѓањето на вториот Хомер ќе се одржи утре, 12 мај (понеделник), со почеток во 19 часот, во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите „Св. Климент Охридски“. Промотор на делото ќе биде проф. д-р Ратко Дуев.
„Книгата што е објавена годинава претставува синтеза на повеќестрани, споредбени анализи на двете главни поетски дела на Прличев, „Сердарот“ и „Скендербеј“, во потрага по изворната инспирација на поетот. Запазувајќи го строгиот научен пристап во истражувањето, Витомир Митевски длабоко навлегува во тајните на творечката поетска лабораторија и открива двојно влијание во овие две значајни поетски дела. Од една страна, тука е добро познатото влијание на Хомер, а од друга страна се издвојува до сега скоро незабележаното влијание на византиската епска традиција. Пристапувајќи му на поетското дело на Прличев од овие два аспекта, авторот остварува продлабочен увид во генезата на ова клучно творештво во македонскиот XIX век“, велат од „Матица македонска“.
Манифестацијата „Книга во секој дом“ ќе трае до 15 мај. Покрај промоциите на ексклузивни изданија и средбите со автори, во книжарниците на „Матица македонска“, за над 300 книги од странската и домашната продукција е овозможен попуст до 70 проценти. Меѓу изданијата што овојпат „Матица македонска“ ги овозможи со исклучителен попуст се и најбараните и најчитани македонски и странски книги и автори. Со цел книгата на македонски јазик, навистина, и натаму да е сѐ поприсутна во секој дом, попустот се однесува и на најактуелни изданија.
Култура
По изложбите во Париз и Венеција, Сашо Блажес в среда со изложба „Нурни во мене“ во Скопје

Во среда во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на охридскиот уметник Сашо Блажес со наслов „Нурни во мене“.
„После моите самостојни изложби во Париз и Венеција минатата година на покана и замисла на кустосите Гордана Велков и Маја Чанкуловска како и директорот на Музеј на Град Скопје г-дин Панче Велков си зададов задача да творам на една нова изложба, која го носи насловот ”Нурни во мене”. Куратор на изложбата е Гордана Велков а текстот е на Камило Ракана , ликовен критичатр од Париз“, вели Блажес.
Изложбата ќе биде отворена на 14 мај во 20 часот во големата сала на Музеј на Град Скопје.и ќе биде содржана од 8 дела изработени во комбинирани техники, и една скулптура, сите изработени во 2024 и 2025 година.
Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наочаат во неколку приватни колекции во Норвешка, Франција, Германија ,Романија и Автрија.