Забава
Според Ватикан, најдобри се Битлсите
Весникот на Светата столица, ватиканскиот Ossevatore Romano направил своевиден полусериозен прирачник за добра музика, според кој најдобар е албумот „Револвер“ на ливерпулските „бубачки“ од 1966 г.
Познато е дека папата Бенедикт XVI дозволи да се внесе во Ватикан пијанино на кое го свири Бах а кога патува носи со себе iPod на кој го слуша Моцарт.Меѓутоа весникот за кого италијанските медиуми велат дека е многу близок до него, се решил да направи листа на посовремена музика, поточно евергрини и класици на поп музиката, иако католичката црква се’ уште има цврст став по ова прашање, сметајќи ја за забава што не е најблиску до христијанските сфаќања.И весникот сам го нарекува „полусериозен прирачник за добрата музика со десет музики заповеди“ или како што стои во коментарот – „се наведуваат плочи без кои не се може, заради опоравување на исцрпените слушни органи ка медиумскиот човек“. Според оваа листа прв е „Револвер“ на легендарните Битлси бидејќи „означувал јасна граница со претходното производство и е репер за современата лесна музика, а некои од песните како да се компонирани вчера“. Втор е Дејвид Крозби со „If I could only remember my name“, кој за весникот претставува хипи манифест на генерацијата од Вудсток, кој Крозби го потпишува правејќи го со помош на Џони Мичел, Џери Гарсија и Нил Јанг.Трети се Пинк Флојд со „The dark side of the Moon“, кој кај папиниот весник се избори за висока позиција затоа што има неверојатен комерцијален успех десет години одржувајќи се на топ-листите а музиката на него е напорна за создавање и експериментална.Следува Флитвуд Мек со „Rumours“, која Ossevatore ја смета за интригантна смеша од блуз со најдобрите звуци англиски и американски поп, која не го отфрла ниту кантрито. „Силата му е во вкусната и успешната комбинација на акустични и електрични инструменти“, забележува весникот. Петтото место го дели Доналд Фаген со „The Nightfly“ и „Thriller“ на Мајкл Џексон. Албумот на Фаген објавен во 1982 г. која според ватиканскиот „музички уредник“ е плоча која никогаш не го постигнала вистинскиот комерцијален успех, но е задолжителна за сите почитувачи на овој жанр. Според Osservatore албумот на Џексон „само до некаде може да биде вбројуван ви ткн. блек музиката, бидејќи Џексон уште претходно ја започна постапката за постапно побелување“ а овој албум е ремек дело на поп кралот, токму поради иновативното разорување на тогаш веќе стереотипната шема на „црнечката музика“.Втората половина од „десетката“ ја почнува Пол Сајмон со „Gracelend“, момент на официјалното појавување на она што се неинветивно се нарекува светска музика. „Две години порано Пол Сајмон налетал на плоча со црнечка музика од јоханесбуршките гета. Таа толку го обземала што отишол таму сам да истражува да ја дофати звучноста на локалните музичар“, пишува весникот.Седми се наведени ЈуТу со албумот „One (Achtung Baby)“, меѓутоа Ossevatore Romano не го споменува вистинскиот наслов, туку само наведува дека песната „Оnе“ е најуспешната меѓу 12-те песни од албумот, коментирајќи дека електрониката влегува силно во звукот на бендот што го предводи Боно Вокс.Осми се Оејзис со „(What’s the story) Morning glory?“ од 1995 г., а во текстот браќата Галгер се наречени деца од работничката класа кои со овој албум направиле мало ремек дело.Третиот католик по ред во списокот на најдобри музички остварувања на Ватикан е Карлос Сантана. Тој, според весникот донесува автентично достоинство на дуетите, со кои се афирмираат заради пазарот, но се нагласува и дека „времето работи за оно кој навистина знае да свири“. И десеттата музичка заповед на Светата столица е целиот авторски опус на Боб Дилан. За него се вели дека поетското значење кој честопати зафаќа од визионерството а по неговото обраќање во христијанството и во месијанство. Но исто времено Osservatore Romano му го припишува и „големиот грев“ со што им отворил пат на цели генерации кантавтори од типот „ував текст во три ноти“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нека почнат со одбројување: За пет хороскопски знаци 2026 година ќе биде исклучително плодна со пари
Пет хороскопски знаци имаа тешка финансиска 2025 година, а на некои им претстои отежната зима, но според астрологијата, на долг рок, 2026 може да биде нивната најпрофитабилна година.
1. Девица
2025 била годината на силен притисок и постојани проблеми. Во 2026, трудот станува видлив и исплатлив – следи унапредување, добивка од проект или реализација на идеја која носи приход.
2. Стрелец
По импулсивните одлуки и грешка со доверба во 2025, во 2026 доаѓа стабилност. Меѓународни, креативни или претприемачки проекти можат да станат значаен извор на приход. Влегува и нова поддршка што отвора можности.
3. Риби
Во 2025 носеле туѓи товари, што влијаело и на финансиите. Во 2026 заработуваат преку работа. Следуваат стабилни, нежни, но сигурни финансиски подобрувања.
4. Близнаци
По непостојаниот ритам во 2025, стекнале голема флексибилност. Во 2026 таа станува финансиска предност. Пари пристигнуваат од повеќе извори, можно е смена на кариера или почеток на креативен проект со силен потенцијал.
5. Јарец
Иако ретко паѓаат, 2025 била тежок период за овие знаци. Во 2026 – дисциплината носи раст. Следува голема шанса преку работа, лидерство, инвестиција или храбра промена на правецот.
Забава
Џастин Трудо ја потврди врската со Кејти Пери, објави заедничка фотографија
Поранешниот канадски премиер Џастин Трудо и пејачката Кејти Пери се чини дека и официјално ја потврдија својата врска во она што обожавателите го нарекоа „најлудото јавно признание во историјата на слободниот свет“.
Трудо и Пери позираа со јапонскиот политичар Фумио Кишида и неговата сопруга Јуко. Фотографијата ја објави на социјалните мрежи член на јапонскиот Претставнички дом, веројатно несвесен дека потврдува една од најнеочекуваните врски во годината.
Трудо бргу ги зеде работите во свои раце споделувајќи ја објавата со пораката: „Убаво е што се запознавме @kishida230. Кејти и јас сме толку среќни што имавме можност да се дружиме со тебе и Јуко. Ти благодарам, Фумио, за твоето пријателство и за твојата континуирана посветеност на меѓународен поредок базиран на правила и подобра иднина за сите“.
Great to see you @kishida230. Katy and I were so glad to have the chance to sit down with you and Yuko. Thank you, Fumio, for your friendship and your continued commitment to both the international rules-based order and to a better future for everyone. https://t.co/zLEuppHNST
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) December 4, 2025
Обожавателите беа изненадени од овој пресврт на настаните. „’Кејти и јас’ е нешто што никогаш не можев да го замислам“, напиша еден корисник. Друг направи паралела со друга позната врска: „Фактот дека откритието на Тејлор за врската со Тревис го вклучуваше принцот Вилијам, а Џастин и Кејти ја направија својата со јапонски политичар… поп-ѕвездите објавуваат врски заедно со политичари и тоа ми се допаѓа“.
За потсетување, Кејти Пери и нејзиниот поранешен свршеник Орландо Блум потврдија дека не се повеќе заедно во јуни оваа година, а шпекулациите за причините беа поттикнати и од нејзината најнова песна. Малкумина можеа да предвидат дека до крајот на годината пејачката ќе биде во врска со поранешниот премиер на Канада.
53-годишниот Трудо поднесе оставка од функцијата премиер претходно оваа година откако ја водеше земјата од 2015 година. Шпекулациите за нивната врска кружат веќе некое време, а двојката е видена неколкупати заедно на вечери и на патувања. Во јули тие дури беа фотографирани како се бакнуваат на јахта покрај брегот на Санта Барбара, Калифорнија.
фото/епа
Забава
(Видео) Сè е широко на неа, а таа е толку проклето секси
Џенифер Лопез повторно нè почести со совршен изглед и покажа дека може да биде многу секси, особено по жешката најава за она што следува. На гала-вечерта на „Холивуд рипортер воман 2025“ на Беверли Хилс таа носеше облека во најпопуларната боја на сезоната – чоколадна.
За оваа посебна пригода познатата Џеј Ло носеше монохроматска облека со лабав крој и не ја истакнуваше половината, ниту ги откриваше совршените стомачни мускули, а сепак беше толку проклето секси, како што многумина коментираа за ова нејзино појавување – со и без очила за сонце.
View this post on Instagram
Немаше апсолутно ништо на себе под преголемото сако, па со добра причина сите се загледаа во нејзиното деколте, кое малку ѝ остави простор на имагинацијата.
Have u ever seen anything or anybody more beautiful than this woman ?!
Course not u haven’t.
Because there simply isn’t. #JenniferLopez #JLo #Oscars2026 #KOTSW #KissOfTheSpiderWoman https://t.co/b7cLHjjAmj— 🎼🎶KOTSW…🎵 ✨️ (@alister_369) December 4, 2025
Ја комбинира со миди здолниште, кое паѓаше лежерно, без да ја нагласи фигурата на една од најубавите и најстилски жени, а целата комбинација ја зачини со женствени детали – лабава коса, ефектни ѓердани околу вратот, слични на некогаш мегапопуларниот чокер, и соодветна шминка.
Пејачката, актерка и танчарка се одлучи и за кафеава кожена чанта и лак за нокти во истата боја, а монохроматската комбинација ја разби со беж чевли.

