Економија
Благо зајакната довербата на потрошувачите ширум светот

Довербата на потрошувачите ширум светот благо зајакна во третиот квартал, при што оптимизмот е во силен пораст во Индија и Индонезија, а песимизмот е поизразен во Унгарија и Јужна Кореја, покажува истражувањето на компанијата Nielsen.
Глобалната доверба на потрошувачите во третото тромесечје зајакна во однос на претходниот три месеци, поттикната од подобрувањето на состојбата во САД, но загриженоста во врска со изгледите за глобалната економија и натаму ја ограничува потрошувачката, стои во извештајот на компанијата објавен во понеделникот.Глобалниот индекс на Nielsen зголемен е во третиот квартал за еден поен во споредба со претходниот квартал, односно за четири во споредба со истиот период лани и изнесува 92 поени. Индексот сепак и натаму е под 100 поени, што сугерира дека потрошувачите се попесимистички расположени во поглед на иднината. Оптимизмот меѓу потрошувачите е најсилен во државите во развој, на чело со Индија и Индонезија, а меѓу најголемите оптимисти се издвојува и Швајцарија. Во оваа група се наоѓаат и Филипините, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Тајланд, Бразил, Кина, Малезија и Египет.Изразено подобрување на индексот има во Белгија, Австралија, Норвешка и на Тајланд, а значително влошување е забележано во Хонг Конг, Израел, Аргентина и Јужна Кореја. Силен песимизам искажале и жителите на Унгарија.Грција, Италија и Шпанија, кои се во ентерот на должничката криза, исто така се меѓу најслабите потрошувачки пазари. А во кругот на песимистите се издвојуваат и Португалија, Франција, Јапонија, Романија, Бугарија и СловачкаВенкатеш бала, главен економист од The Cambridge Group, смета дека се потребни дополнителни мерки за да зајакне довербата на потрошувачите.„Многу работи зависат од САД, Европа и Азија со цел да се загарантира здрав раст и да се намали невработеноста. Притоа клучна ќе биде поддршка за слабите економии во Европа, со отстранување на заканите од комбинираното зголемување на даноци и кратење на државната потрошувачка во САД. Економиите во развој, како Кина и Индија, треба да се насочат кон домашната побарувачка и либерализација на индустријата. Со соодветни мерки, глобалниот потрошувач би требало повторно да се пушти во трошење“, вели Бала.Истражувањето бил спроведено на 29.000 интернет потрошувачи во 58 држави. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави, потсетува Управата за јавни приходи.
„Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој даночен период, ИТ тимовите на УЈП ќе работат и во попладневните часови. Процесот на поднесување на ДДВ – 04 пријавите се одвива непречено и заклучно со вчерашниот ден, 22 април 2025 година од очекуваните 40.885, вкупно 12.202 даночни обврзници поднеле ДДВ-04 пријави, што претставува близу 30% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ-04 пријави“, влеат од УЈП.
Од таму апелираат даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави за овој даночен период, а сè уште не ги поднеле истите, уште денес да ја достават потребната документација до сметководителите со цел до законскиот рок 25 април 2025 година (петок) да ги исполнат своите даночни обврски.
„Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавите не е само законска обврска, туку и клучен фактор за финансиска стабилност и градење на довербата во институциите“, велат од УЈП.
Економија
Извршена исплата од 224.748.332 денара кон 7.826 лица за остварено производство на овошје

Денеска се изврши исплата од 224.748.332,00 денари кон 7.826 лица.
Исплатата како што информираат од Министерството за земјоделство, се однесува на дополнителните директни плаќања за остварено производство на овошје, мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените овошни култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар.
Грижата кон земјоделецот продолжуваме да ја покажуваме на дело, велат од МЗШВ.
Економија
Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,11 % во однос на одлуката од 14.04.2025 година.
Од 23.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,780 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,212 ден/кг и сега ќе изнесува 36,780 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,969%, кај дизелот за 3,456%, кај екстра лесното масло за 2,637% и кај мазутот зголемувањето е за 2,133%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 3,0273%.