Контакт

Забава

Вонземјаните веќе живеат на планетава

Објавено пред

Вонземјаните веќе извесно време живеат меѓу луѓето на планетава, велат бугарските научници, кои тврдат дека се во контакт со нив.Научниците од Институтот за истражување на вселената велат дека работат на дешифрирање на комплексна група симболи и тврдат дека вонземјаните

dobivaj vesti na viber

Вонземјаните веќе извесно време живеат меѓу луѓето на планетава, велат бугарските научници, кои тврдат дека се во контакт со нив. Научниците од Институтот за истражување на вселената велат дека работат на дешифрирање на комплексна група симболи и тврдат дека вонземјаните моментално одговараат на 30 прашања што им ги упатиле. Истражувањето го потврдил и Лачезар Филипов, заменик на директорот на Институтот при Бугарската академија на науките. Тој изјавил дека анализираат околу 150 траги во жито од целиот свет за кои сметаат дека всушност се одговори на прашања. “Вонземјаните моментално се секаде околу нас и не набљудуваат цело време. Не се непријателски расположени, туку сакаат да ни помогнат, но ние се уште сме доволно напредни за да можеме да воспоставиме контакт со нив“, вели Филипов. Тој смета дека луѓето никогаш нема да воспостават контакт со вонземјаните со помош на радиобранови, туку со силата на мислите. “Луѓето сигурно ќе остварат контакт со вонземјаните по 15 години. Тие всушност се многу критични кон човековите неморални постапки, а притоа мислат на односот кон природните процеси“. Објавувањето на извештајот за работата на комуникацијата со вонземјаните на Институтот за истражување на вселената се наоѓа во центарот на расправата околу идната улога, функција и реформа на Институтот во бугарската јавност. /tp/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Скарлет Јохансон стана финансиски најуспешна актерка во Холивуд

Објавено пред

Од

Актерката Скарлет Јохансон стана финансиски најуспешна актерка на сите времиња.

dobivaj vesti na viber

Не е навистина големо изненадување што најпрофитабилните актери на сите времиња на киноблагајните се ѕвездите или поранешните членови на кинематографскиот универзум на „Марвел“.

На крајот на краиштата, тој филмски универзум е убедливо најуспешната франшиза во историјата на киното. Но, она што може да ве изненади е кој е, всушност, најуспешната личност меѓу нив, пишува gamereactor.

Долго време, Семјуел Л. Џексон и Роберт Дауни Јуниор се бореа за врвот на оваа листа, но сега, по огромното отворање на Jurassic World: Rebirth, Скарлет Јохансон ги престигна своите поранешни колеги од The Avengers и го зазеде првото место.

Според The Numbers, Јохансон помогна да се генерираат неверојатни 14,614 милијарди долари на киноблагајните, а филмовите на „Марвел“ се главен извор на овој успех.

Во еден момент Зои Салдана беше водечка актерка во вкупната заработка на киноблагајните со 14,233 милијарди долари, но Јохансон ја престигна.

Сепак, овој рекорд, веројатно, ќе биде краткотраен бидејќи се очекува Салдана повторно да го заземе првото место подоцна оваа година кога ќе пристигне Avatar: Fire and Ash за кој речиси сигурно се предвидува дека ќе заработи најмалку 1 милијарда долари.

По ова, Дауни Јуниор би можел да се врати на тронот кога Avengers: Doomsday ќе пристигне кон крајот на 2026 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Стар тренд повторно летен хит: Мајли Сајрус и Дуа Липа веќе го обожаваат

Објавено пред

Познатите личности веќе почнаа да го враќаат сјајот на еден стар летен тренд за убавина, кој беше популарен на почетокот на 2000-тите: светките за тело.

dobivaj vesti na viber

Мајли Сајрус и Дуа Липа веќе го прифатија овој тренд, некогаш промовиран од Бритни Спирс и Кристина Агилера, а Ријана исто така вклучи лосион за тело со светки во новата колекција на својот бренд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

Сигурно барем еднаш сте се намачкале со ваков лосион и сте уживале во гламурот за време на состанок, па затоа добро знаете за што зборуваме. Значи, ова лето имате можност повторно да го користите и да бидете во тренд, а покрај светките за тело, тука се и некогаш популарните светки за коса.

Светкавите се вратија на друг начин, продавниците веќе се преплавени со светкави парчиња облека во форма на мини здолништа, фустани, шорцеви, кошули и панталони, а на улица можете да видите дека трендот повторно заживеа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Доколку сакате да бидете забележани уште повеќе и да се чувствувате гламурозно додека шетате на улица или излегувате навечер, тука се и чевлите со светки, но и додатоци за плажа.

Значи, ако сакате да блеснете и да привлечете внимание, слободно – светките се задолжителни ова лето!

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Се омажи Мел Би

Објавено пред

Поранешната членка на „Спајс грлс“, Мел Би (50), се омажи за фризерот Рори Мекфи (37) во Лондон овој викенд.

dobivaj vesti na viber

Мел Би носеше фустан од Џозефин Скот направен по мерка за нејзината свадба, а подоцна се пресоблече во фустан од Џастин Александар.

Церемонијата беше проследена со прием на ѕвезди во хотелот „Шангри-Ла“. Меѓу гостите единствена од „Спајс грлс“ беше Ема Бантон, но се појавија и други ѕвезди, меѓу кои Кара Делевињ, Кетрин Рајан и Дејзи Лоу.

Трите ќерки на Мел Би беа нејзини деверуши. Пејачката ја има ќерката Феникс (26) со првиот сопруг Џими Гулзар. Поранешната двојка беше во брак од 1998 до 2000 година.

Другата ќерка на Мел Би, Ангел Ирис (18), е од нејзината врска со Еди Марфи. Најмладата ќерка, Медисон (13), е од бракот со Стивен Белафонте со кого Мел Би беше во брак од 2007 до 2017 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Трамп воведе нови царини: Камбоџа, Бангладеш, Србија и Босна поминаа најлошо

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе високи, единствени царини за увоз од најмалку 14 земји почнувајќи од 1...

Македонија45 минути

(Видео) Арсовска: Фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР, кој во бес дека се фатени сред дело, физички ја нападна советничката Витина

„Водата е природен ресурс, не се произведува во фабрика, извира од природата. Не е до мрежата, не е до цевките,...

Свет60 минути

Акциите на Тесла потонаа откако Маск најави дека ќе формира партија

Акциите на „Тесла“ паднаа за речиси 7% еден ден откако извршниот директор Илон Маск најави формирање на нова политичка партија,...

Топ6 часа

Уапсен скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вчера вечер, полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода 57-годишниот Д.Н. од Скопје...

Македонија10 часа

(Видео) „Зошто досега не се употребени хермелините“, прашува градоначалникот на Чучер Сандево, општината прогласи вонредна состојба

Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината....

Македонија11 часа

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици...

Македонија14 часа

Поради пожар, целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот...

Македонија17 часа

(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа...

Македонија17 часа

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во Скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина...

Македонија18 часа

(Видео) На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите....

Македонија18 часа

Владата со бесплатни инвитро-процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и ја...

Македонија20 часа

Апелот на Министерството за здравство да не се снимаат пациентите од дискотеката во Кочани е загрижувачки, смета Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги фотографираат...

Македонија21 час

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, скопската Зоолошка, е една хорор-приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава преземе...

Македонија22 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска, од 5 часот, полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за...

Европа22 часа

(Видео/фото) Масивен руски напад со дронови врз Киев, Харков и Одеса

Руските сили ја нападнаа Украина со беспилотни летала од типот „Шахед“, при што најтешко се погодени Харков, Одеса и Киев,...

Македонија23 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови...

Свет23 часа

Татко загина спасувајќи го семејството во Тексас: катастрофалните поплави одзедоа најмалку 80 животи

Катастрофалната поплава што го погоди југоисточен Тексас одзеде најмалку 80 животи, вклучувајќи 21 дете, соопштија локалните власти. Обилните дождови што...

Македонија23 часа

(Видео) Три хеликоптери го гаснат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата...

Свет23 часа

Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот...

Свет1 ден

Трамп: Тажно е да се гледа како Илон целосно ја губи контролата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече плановите на Илон Маск за основање нова политичка партија „смешни“ и додаде дека Соединетите...