Компании
Премиум вина и музичко шоу на прославата на Св. Трифун во „Стоби“
Со литургија, закројување на лозите и богата музичка програма денес во винаријата „Стоби“ беше одбележан празникот Св. Трифун, заштитникот на виното и на винарите. Голем број претставници од бизнис-секторот, вински витези и советници присуствуваа на целодневната прослава.
Настанот почна со молитва, осветување и закројување на лозите, а продолжи со настапи на популарниот бенд „Љубојна“ и трубачот Џамбо Агушев, диџејот Џон Антонио и гудачкиот секстет на Пламенка Трајковска. Гостите ужуваа во концертите и ги дегустираа новите премиум-вина на „Стоби“ кои беа промовирани во декември минатата година. Станува збор за „Акација“, „Аура“, „Аксиос“, „Аминта“, „Вердо“ и „Веритас“ кои го претставуваат „најдоброто од најдоброто“ создадено од стручниот тим на винаријата.
Бериќетна година беше една од желбите споменати во молитвата кон Св. Трифун. Раководниот тим на „Стоби“ пак посочува дека се надева дека 2016-та година ќе биде исто толку добра колку и ланската.
„Задоволни сме од тоа како се развива нашата приказна и фокусирани сме кон тоа да продолжиме да чекориме по нагорна патека. Минатата година добивме огромен број на препораки и пофалби од вински стручњаци од реномирани медиуми како „Вашингтон пост“, „Волстрит журнал“, од винскиот советник на кралицата Елизабета итн. Бевме на најстариот вински натпревар во светот кој се одржува во Словенија и се вративме со четири златни медали. Воедно голем чекор нанапред беше и промоцијата на вината од премиум-линијата кои во моментов се наш најсилен адут така што се надеваме дека Св. Трифун ќе продолжи да нè штити и оваа година“, вели Ана Јорданова, главен вински уредник во винаријата.
„Стоби“ е модерно конципирана македонска винарија, лоцирана во општина Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби, од каде што го добива и своето име. Произведува повеќе од 15 различни типови на вино од кои дел се продаваат и на европскиот и американскиот пазар.
Севкупниот капацитет на „Стоби“ е 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино годишно, распределено во 4 категории – премиум, елит, класик и традиционални. Производството се базира исклучиво на сопствените лозови насади, кои се простираат на површина од 600 хектари./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)