Забава
Фотоапарат Лајка од 1923-та продаден за над 2 милиона евра

Фотоапарат Leica од 1923 година е продаден во саботата на аукција во Виена за рекордни 2,16 милиони евра, со што стана најскапиот фотоапарат во светот, соборувајќи го рекордот што досега исто го држеше примерок на Leica.
Фотоапаратат на германскиот бренд Leica, серија 0 број 116 од 1923 година на наддавањето што го организрала виенската галерија Westlicht имал почетна цена од 300 илјади евра, а сопствениците на галеријата сметале дека ќе постигне цена меѓу 600 и 800 илјади евра. На крајот, апаратот е продаден за 1,8 милиони евра, односно со даночните давачки за 2,16 милиони евра.
Станува збор за фотоапарат од серијата од 25 прототипови направени во 1923 година, две години пред оваа прославен германска фирма да почне со комерцијалното производство.
Претходната рекордна цена на фотопарат беше постигната во 2011 година, кога апаратот Leica серија 0 број 117 беше продаден за вкупно 1,32 милиони евра.
Во светот постојат уште 12 од овие 25 прототипови на Leica
Виенската галерија Westlicht во светот е позната како организатор на аукции на скапи фотографии на светски познати фотографи, како и историски парчиња од фотографска опрема./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Жешкиот бакнеж меѓу познатата актерка и згодниот маж, 24 години помлад од неа, предизвика бура

Гвинет Палтроу откри дека нејзините пријатели „полуделе“ поради нејзиниот бакнеж со Тимоти Шаламе.
Иако станува збор за сцена од филмот „Marty Supreme“, кој е снимен во Централ Парк во Њујорк, актерката признава дека нејзините најблиски, особено нејзините пријатели, биле воодушевени од сцената.
„О, Боже, сите мои групни разговори со нив беа возбудливи… Тие полудеа! Сите беа како: Да, Гвинет, само напред! А јас бев: Луѓе, смирете се“, се пошегува таа.
Гвинет призна дека, и покрај славата на Шаламе, не знаела многу за него. Таа исто така се присети на нивната прва средба.
„Сите ми се потсмеваат затоа што не знам ништо. Го прашав: Дали имаш девојка? И тој рече да. Спомена дека таа имала деца од претходна врска, а јас реков: Тоа е навистина убаво. Мило ми е што го слушам тоа од млад човек како тебе. Немав поим дека зборува за Кајли Џенер“, призна таа со смеа.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/Видео) Кошаркарката ги разнесе конкурентите: остави без здив иако е прв пат на пистата

„Викторијас сикрет“ одржа уште една незаборавна модна ревија. Покрај бројните познати модели кои едвај чекаа да носат ангелски крилја, меѓу нив имаше и едно не толку типично лице.
Angel Reese goes viral after stealing the show atpic.twitter.com/V7zM3OrG0e
— Shantanu Dwivedi (@Shantan21125143) October 16, 2025
Станува збор за кошаркарката Ангел Рис, која за прв пат во историјата на брендот ги „рашири крилјата“.
Иако не е професионален модел, таа прошета по пистата како целиот свет да ѝ е пред нозе. Носеше нежен чипкан комплет во бебешко розова боја со цветни детали.
Стајлингот го комплетираше со пердувест наметка, исто така во розова боја, а интересно е што беше украсена и со цвеќиња.
Изгледот го заокружи со минималистичка шминка во земјени тонови, но и со малку виткана фризура која се движеше во согласност со нејзиното одење по модната писта.
Покрај неверојатната фигура, кошаркарката покажа и заводлив поглед кој многумина ги остави без здив. Иако ова е прв пат да прошета по модната писта, најверојатно нема да биде последен.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/Видео) Луксузни облини ја тресат модната писта: ревијата на „Викторија Сикрет“ не можеше да пројде без неа

Ревијата на „Викторија Сикрет“ беше вистински спектакл за сите љубители на долна облека. Многу познати ѕвезди присуствуваа на овој моден настан, а дури и српската тенисерка Ана Ивановиќ беше во првите редови.
Ревијата ја одбележаа познати лица од светот на манекенството, меѓу кои и плус-сајз моделот Ешли Греам, која блескаше на пистата.
Ова е втор пат Ешли да носи ангелски крилја, и може да се каже дека повторно плени со својата убавина. За посебната вечер, таа избра црн градник и црни чипкани гаќички, а највпечатливиот дел од комбинацијата секако беа масивните црни пердувести крилја.
Ревијата ги истакна нејзините раскошни облини и природна убавина.
Својот стил го комплетираше со минималистичка шминка во земјени тонови, но и малку свиткани прамени коса што слободно паѓаа по нејзините рамена.
фото: принтскрин