Забава
Круг во поле крие математичка теорема

Воодушевувачки круг в поле базиран на „најубавата математичка теорема на светот“ се појавил во поле близу една воденица во Вилтшир, Британија
Комплексниот диск со дијаметар од 91,4 метри бил забележан деновиве во поле со зрела маслодајна репка.Луси Прингл, славен истражувач на круговите в поле, била збунета од очигледниот скриен код од комплексни броеви во рамките на кругот.„Верувам дека содржи бинарен нумерички систем или базен-2 нумерички систем што ги претставува нумеричките вредности користејќи два симбола, 0 и 1. Работејќи од центарот нанадвор, луѓето сугерираат дека постои поврзаност со теоријата на Леонард Ојлер е^(i)pi+1=0, т.н Ојлеров идентитет, која се смета за една од најубавите теореми во математиката“, вели Прингл.Таа додава дека шемата можеби содржи и скриена мелодија.„Историски низ годините круговите в поле биле поврзувани со дијатоничките скали (мелите клавиши на пијаното). Фреквенциите на овие дијатонички скали се кодирани во секој сегмент на кругот в поле и можат да бидат отсвирени на пијано. Ова е уникатна формација што ги вклучува и музиката и математиката и е слична по важност со славниот настан Барбури Кесл Пи од 2008 г“.Друг експерт за кругови во полето вели дека секој може да извлече сопствени заклучоци од круговите додавајќи:„Штосот кај математиката и круговите е во тоа што се справувате со нешто што не е егзактна наука, па еден човек може да ги декодира круговите и да каже дека имаат дијатонични пропорции, друг може да најде значење во бинарните броеви или во астролошките циклуси. Единственото можно објаснување што ги опфаќа сите сфери би било дека круговите се создадени од луѓе. Но ова објаснување може да биде проблематично решение бидејќи проучувачите на НЛО ја мразат можноста чувството на чудо и оптимизам да биде уништено со признавање на човечката вклученост„.„Вдлабен“ во поле се јачмен, кругот Барбури Касл бил сликовита презентација на првите 10 децимали од бројот Пи, еден од најфундаменталните симболи во математиката. Сликата била пример за она што е познато како фрактална или геометриска шема. „Загатката“ била решена од астрофизичарот Мајк Рид кој кога ја видел фотографијата на кругот во полето направил математичка врска. Круговите в поле „еволуирале“ од едноставни кружници во 70-те години на минатиот век во сликовите дизајни во доцните 80-ти години и во бинарни нумерички дизајни по 2001 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајли Сајрус: Со години правеа мемиња од мене, кога облекувам костим за капење се сеќавам на тоа

Мајли Сајрус откри дека Интернетот одамна ја принудил да не оди на плажа во бикини. Во новото интервју пејачката зборуваше за тоа како со години ја следат мемиња кои го исмеваат нејзиниот изглед и дека тие слики сè уште и се појавуваат во главата секогаш кога ќе се погледне во огледалото во бањата.
„Во 2013 година луѓето ме ставаа во мемиња каде што ми ја лепеа главата на секакви грди тела“, се присетува Мајли. „И денес кога ќе го облечам костимот за капење се сеќавам на тие слики“. Затоа, вели, избегнува бикини. „Носам многу пристојни костими. Девојките со кои бев на патувањето сите имаа танга, а јас бев во шорцеви и широка маица. Буквално изгледав како баба”.
Сајрус призна дека никогаш целосно не ги преболела своите несигурности поради начинот на кој јавно ја исмевале. „Сè уште ме прогонуваат тие стари мемиња. Тие сè уште се во мене“.
Забава
Џеф Безос и Лорен Санчез вечераа во познат ресторан на Хвар: „Не можеме да ви кажеме што јаделе“

Џеф Безос и Лорен Санчез го посетија ресторанот „Код барба Луке“, кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар.
„Гостите беа задоволни од вечерата и воодушевени од Стари Град. Не можеме да ви кажеме што јаделе. Всушност, тие се многу фини луѓе“, изјави сопственичката на ресторанот, Катарина Роиќ-Скелин, за хрватски „Вечерњи лист“.
Таа додаде дека персоналот на ресторанот им служел на Безос и на другите гости со еднаква посветеност.
Забава
(Видео) Американскиот актер Ерик Дејн низ солзи: „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна, мојот крај“

Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), во април оваа година откри дека страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).
„Дијагностицирана ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го започнуваме ова ново поглавје во нашите животи. Љубезно ве молам да ни дозволите мене и на моето семејство приватност“, изјави тој за списанието „Пипл“ во тоа време.
АЛС е невролошко заболување кое води до постепено губење на мускулната контрола и во моментов нема лек.
Прво интервју по дијагнозата
Два месеци откако ја објави дијагнозата за АЛС, Ерик Дејн се појави во емисијата „Добро утро, Америка“. Досега е објавен само преглед од интервјуто. Целосното интервју ќе биде објавено на 16 јуни. Седејќи со Дајан Соер, тој зборуваше за својата борба со болеста.
„Секој ден се будам и веднаш си потсетувам дека ова се случува. Не е сон“, рече Ерик.
И покрај дијагнозата, актерот вели дека сака да остане позитивен. „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна. Не чувствувам дека ова е крајот со мене“, рече тој.
Тој стана многу емотивен и се расплака кога Дајан го праша кого прв повикал за да му каже за неговата болест. Одговорот на Ерик на ова не беше прикажан.
Ерик откри дека продолжува да ја снима третата сезона на „Еуфорија“ и покрај борбата со АЛС. Дејн го игра Кал Џејкобс во серијата на ХБО.