Контакт

Економија

Владата најави реформа во фитосанитарната област

Објавено пред

Владата на Република Македонија во саботата објави дека започнала со голема реформа на фитосанитарната област во делот на земјоделството.

dobivaj vesti na viber

Целта на реформата е да се подобри и заштити квалитетот на семенскиот материјал, пестицидите и ѓубривата кои се употребуваат, што ќе значи економски профит за земјоделците и заштита на здравјето на населението, односно ќе се оневозможи економска штета за земјоделците од неквалитетниот семенски материјал и ќе се влијае на оневозможување на наштетување на здравјето на луѓето.Како што појасни владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, квалитетен семенски материјал значи поголем принос за земјоделците, подобар производ за корисниците.Реформата е базирана на анализи, проценки и консултации со лица од секторот земјоделство, бизнисмени но и научни работници од оваа област, и реформата почнува со измени во повеќе закони.Прво, со дополнителните измените во законите за семе, ѓубриња и производи за заштита на растенијата, секој трговец на мало или големо со овие земјоделски репроматеријали ќе биде обврзан јавно да го објави телефонскиот број на Државниот инспекторат за земјоделство. Целта на оваа мерка е да секој фармер знае каде може да пријави неправилност во прометот со земјоделските репроматеријали. Во оваа насока Владата веќе отпочна со кампања за покренување на јавната свест за оваа алатка која накратко ја нарекуваме „секој фармер контролор, секој фармер инспектор“.  Второ, за прв пат се воведуваат мониторинг програмите, кои претставуваат задолжителен број на контроли по секој од наведените четири закони кој погоре ги напоменав, преку земање на мостри од секој од производите и проверка на нивната исправност. Ова претставува зајакнување на досегашната редовна контрола на  Државниот инспекторат за земјоделство, во прометот и производството на земјоделските репроматеријали и интензивирање и динамизирање на контролите.Трето, како прв чекор во рамките на зајакнување на кадровскиот потенцијал од областа на фитосанитарната политика, Владата донесе одлука за вработување на нови инспектори во рамките на фитосанитарната инспекција која дејствува во склоп на Државниот инспекторат за земјоделство и засилување на бројот на инспекторите на граничните премини.Дополнителна измена е исто така во рамките на зајакнување на контролниот систем во областа на фито политиката, е измената во законите од фито политиката каде сите лаборатории кои имаа интерес да работата во областа на проверка на квалитетните својства на земјоделските репроматеријали, ќе мора да бидат акредитирани најдоцна до 01.01.2015 година, и со тоа да ги исполнуваат сите светски стандарди а нивните контроли да бидат верифицирани и прифаќани на меѓународно ниво без никаква задршка.Четврто, за двојно се зголемија глобите кои се предвидени со законите, а кои значат санкција за незаконско и непрописно однесување во оваа област, дезавуирање на законите и отстапувања од она што е декларирано со она што е суштина, а за десет пати се зголемија глобите за физичките лица, со цел да се сузбие недозволената трговија со земјоделските репроматеријали која се врши од страна на физичките лица  -Имајќи го превид значајното влијание врз здравјето на луѓето, животните и генерално врз животната средина, посебно се стави акцент на Законот за производи за заштита на растенијата, популарно познат како Закон за пестициди каде за правните лица:o    Глобите за прекршоци од трет ранг се зголемија од 4.000 – 8.000 ЕУР на 6.000 – 12.000 ЕУРo    Глобите за прекршоци од втор ранг се зголемија од 2500-4000 ЕУР на 3500 – 5600 ЕУР o    Глобите за прекршоци од прв ранг се зголемија 1200 на 1700 ЕУР  -Во рамките на Законот за семенски и саден материјал се направи зголемување на глобата за физичи лица и тоа:o    Глобите за прекршоци од трет ранг се зголемија од 500 – 1000 ЕУР на 3000 – 6000 ЕУРo    Глобите за прекршоци од втор ранг се зголемија од 300 – 500 ЕУР на 2000– 4000 ЕУР o    Глобите за прекршоци од прв ранг се зголемија 300 на 500 ЕУР  -Во рамките на законот за ѓубриња се направи зголемување на глобата за физички лица и тоа:o    Глобите за прекршоци од трет ранг се зголемија од 1500 – 2000 ЕУР на 4000 – 8000 ЕУРo    Глобите за прекршоци од втор ранг се зголемија од 900 – 1800 ЕУР на 2500 – 4000 ЕУР o    Глобите за прекршоци од прв ранг се зголемија 600 на 2500 ЕУР  -Во рамките на законот за здравје на растенијата се направи зголемување на глобата за физички лица и тоа:o    Глобите за прекршоци од трет ранг се зголемија од 1500 на 5000 ЕУР до 10.000 ЕУРo    Глобите за прекршоци од втор ранг се зголемија од 400 – 3000 ЕУР на 2500 – 4000 ЕУР o    Глобите за прекршоци од прв ранг се зголемија 300 на 1500 ЕУР  Петто, со цел подигнување на јавната свест за значајноста на оваа проблематика, и со цел превенирање на сторување на кривични дела од оваа област со кои се нанесува штетат на здравјето, безбедноста и имотот на граѓаните, се зголемија казните во Кривичниот законик. Предвиден е член „Неовластено производство, постапување и промет со опасни материи или штетни организми”, кој гласи: „(1) Тој што спротивно на прописите произведува, преработува, ракува, користи, одржува, чува, пакува, препакува, употребува, превезува , увезува, извезува или отстранува отровни или други опасни материи или нивни отпадоци, или генетски модифицирани или штетни организми опасни за животот или здравјето на луѓето, или за животинскиот или растителниот свет,ќе се казни со затвор од една до пет години. (2) Службено лице или одговорно лице во правно лице што ќе го овозможи извршувањето на делото од став (1) од овој член,ќе се казни со затвор од една до десет години.    (3) Ако со делото од ставовите  (1) и (2) од овој член  е предизвикана опасност за животот на луѓето или за имотот од поголем обем или уништување на животинскиот или растителниот свет во поголеми размери сторителот, ќе се казни со затвор од најмалку три години. (4) Ако поради делата од ставовите (1) и (2) од овој член настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години. (5) Ако делото од став (1) од овој член го стори правно лице,ќе се казни со парична казна.“Шестто, покрај овие мерки на санкција се воведуваат и мерки на стимулација што значи финансиска поддршка на лицата кои ги почитуваат законите и инвестираат во квалитет, а овие мерки се и во насока на намалување на трошоците за земјоделските репроматеријали, посебно во делот на семето и семенскиот материјал. Владата воведе две мерки во делот на политиката за финансиска поддршка во земјоделството за оваа 2013 година:o    Субвенција од 5 денари за произведен и продаден единица расад од современ репро центар за производство на расад иo    50% покривање на трошоците за изградба на современи репро центри за производство Владата смета дека преку поддршка на вакви современи репро центри кои ќе работат по современи стандарди за здраво земјоделско производство, во значајна мера ќе влијае на количеството и исправноста на земјоделското производство.Реформата во фитосанитарната област ќе продолжи и во наредниот период за што соодветно ќе информираме./крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем

Објавено пред

Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.

Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.

Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.

Прикажи повеќе...

Економија

Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje

Објавено пред

Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.

dobivaj vesti na viber

Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:

„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:

„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.

Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.

За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици

Објавено пред

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.

На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.

Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ4 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија4 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија5 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија6 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија6 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион7 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија8 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија8 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет8 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет9 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа9 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет9 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет9 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа10 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион19 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија20 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет22 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...