Економија
АФП: Прерано е да се прогласи победа над кризата во еврозоната

Во вториот квартал на 2013-та година, еврозоната и официјално е излезена од рецесија, регистрирајќи раст од 0,3 отсто на бруто домашниот производ (БДП).
Податоците се подобри од очекуваното, бидејќи првични аналитичарите очекуваа раст од 0,2 отсто за периодот април-јуни по шест последователни квартали во пад, кои ја одбележаа најдолгата рецесија на еврозоната, коментира АФП.
Изненадувањето дојде благодарение на економскиот раст на Германија и Франција, кои ги надминаа очекувањата на економистите. Во Германија растот достигна 0,7 проценти, благодарение на ефектот на надоместок по слабото прво тромесечје. Потрошувачката и инвестициите придонесоа значително за овој пораст, кој од германската економија повторно направи мотор на еврозоната.
Сепак, и покрај добрите резултати многу е рано да се прогласи победа над кризата, потенцираат аналитичарите.
„Ако еврозоната навистина е излезена од рецесија, тоа не значи и дека должничката криза во најранливите земји е завршена“, изјавил Џонатан Лојнс од „Kaпитaл eкономикс“.
Иако има знаци на подобрување во Италија, која е во пад од 0,2 отсто, како и Шпанија, со пад од 0,1 отсто, двете земји продолжија да бидат во рецесија и изминатата пролет.
Во Кипар економската активност повторно се намали за 1,4 проценти, по падот од 1,7 отсто во претходниот квартал. И конечно, Холандија, исто така останува во рецесија со економски пад од 0,2 отсто./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.