Контакт

Економија

Презентација на измените ИПАРД програмата пред битолските земјоделци

Објавено пред

Раст и развој на земјоделството е она што во изминатиот период го овозможи Владата. Чекорите кон подобрување на состојбата во земјоделството веќе се движат во нагорна линија, а во таквиот прогресивен од неопходна е и интензивна соработката и со локалната самоуправа, рекоа во четвртокот градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески и заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски кои во Битола остварија средба со земјоделците на која беа презентирани новите измени во ИПАРД програмата

dobivaj vesti na viber

„Од 2009 година веќе ни се на располагање тие средства, а досега имаше седум јавни повици, искористени се 15,5 милиони евра средства од ЕУ наменети за земјоделие и развој на земјоделството. Во Битола има повеќе такви случаи”, рече заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски

Купувањето механизација, модернизирањето фарми, млекарници, пластеници и оранжерии, обновувањето на преработувачките капацитети, како и градењето и реновирањето на објектите за рурален туризам со средствата од европските претпристапни фондови, се дел од ИПАРД измените, појасни Коњановски.

„Мислам дека оваа средба е многу значајна затоа што со текот на времето се покажа дека иако локалната самоуправа нема некои големи надлежности во земјоделието, сепак заради важноста на земјоделието се договоривме локалната самоуправа да даде предности во делот на деталните урбанистички планови токму на луѓето кои сакаат да инвестираат. Концептот на општина Битола е таков да ги разоткриеме сите наши ресурси и врредности и да ги ставиме во функција. Општина Битола веќе изработи ДУП и за еден голем откупно дистрибутивен центар за земјоделски производи, на сите инвеститори и надвор од зоната им излегуваме во пресрет. На многу од земјоделците тоа им е од големо значење затоа што ќе им потребна дополнителна докоментација да ги реализираат финансиските средства наменети за нивната идеја во делот на земјоделието”, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.

ИПАРД измените, кои воедно овoзможуваат за претпристапните средства да конкурираат и малите и средните претпријатија, ќе стартуваат со следниот јавен повик што треба да биде објавен во јуни годинава./крај/мф/сн

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 % во однос на одлуката од 29.4.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 8.5.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 88,00 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 74,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 45,832 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) се намалува 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,829 денари/кг и сега ќе изнесува 45,832 денари/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,438 %, кај дизелот 2,100 %, кај екстра-лесното масло 2,605 % и кај мазутот намалувањето е 1,907 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,407 %.

Прикажи повеќе...

Економија

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

Објавено пред

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството и туристичката индустрија“, пишува српски Блиц во текстот со наслов „На нашите градилишта пристигнуваат работници од Турција и Кина, а нашите келнери и готвачи масовно бегаат кон Јадранот“.

dobivaj vesti na viber

Милош Турински од локалната ПР Инфостуд, најголемата српска база на податоци за наоѓање работа, за споменатиот медиум изјави дека Црна Гора ги објавила првите огласи за овие работници уште во јануари, а потоа Словенија и Хрватска, па веќе пристигнале голем број работници од Србија на Јадранот, каде подготовките за новата летна сезона траат веќе подолго време.

„Ова е тренд на кој сме сведоци со години, додека, од друга страна, самата Србија се бори да најде работници во угостителството поради големиот дефицит. Проблемот само ќе се зголемува како што се загрева летната туристичка сезона на Јадранскиот брег“, вели Турински.

Според бројот на ангажирани работници од Србија на сезонски работни места во овој сектор, Хрватска е број еден, истакнуваат оттаму. Следуваат Словенија и Црна Гора.

„Хрватска е најпривлечна за српските работници поради многуте деловни можности и платата што можат да ја заработат. Тоа се многу пари, бидејќи најмногу им се плаќа за сместување и неколку оброци дневно. Од друга страна, навистина има многу работа на хрватското приморје, често без слободни денови во неделата, но нашите луѓе се свесни дека по летото можат да се вратат со висока заработка. Во Словенија и Црна Гора заработувачката за овие работни места е нешто помала, но сепак е на солидно ниво“, објаснува Милош Турински.

Турински за Блиц изјави и дека келнерите вработени во некои од одморалиштата во Хрватска можат да заработуваат од 1.500 до 2.000 евра месечно, додека платите на многу бараните готвачи се и до 3.000 евра месечно. Помошниците во кујна се платени од 800 до 1000 евра.

„Покрај угостителските работници, во Хрватска многу се бараат и работници за други работни места во туризмот, така што чистачките и собарките можат да заработат по 1.000 евра месечно. Оваа плата ја добиваат и хостесите кои работат на промоција на разни ресторани и други угостителски објекти“, вели Турински.

Кога станува збор за увозот на работници во Србија, тој и годинава ќе биде доминантен во градежната индустрија каде недостигот од домашна работна сила го покриваат градежниците од азиските земји, се вели во написот. Станува збор за претежно квалификувани работници кои се стручни за извршување на овие работни места.

„Сега започнува интензивната сезона во земјоделството и во таа стопанска гранка, како и претходните години, може да очекуваме и големи проблеми поради недостиг на луѓе. Поради ова се очекува многумина да ангажираат странски работници кои доаѓаат од земји во Азија и Африка“, објави српската ПР Инфостуд.

Пораснаа дневниците за работниците во земјоделството, па може да очекуваат дневна плата од 50 евра доколку не се вклучени превозот и оброците.

Прикажи повеќе...

Економија

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност направи измени на тарифникот, Предлог-одлуката е доставена до Владата

Објавено пред

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност денеска одржа нова седница на која ја разгледа Анализата за оправданоста и исправноста на донесените одлуки на друштвата за осигурување, подготвена и доставена до Комисијата од страна на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, како регулатор на работењето на осигурителниот пазар.

dobivaj vesti na viber

По разгледување на Анализата, а врз основа на наодите, Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност одржа седница и утврди потреба од измени на Тарифата за премии за осигурување и подготви Предлог-измени и дополнувања на Тарифата на премии со кои се доуредува член 3 во насока на заштита на корисниците, извести Министерството за финансии.

Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15% до 30% во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30% да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Ова значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година.

Дополнително беше утврдено дека Комисијата најдоцна до 30 септември секоја година до Владата да доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година.

Одлуката за донесување нова тарифа се заснова на Анализата на АСО со која се укажува дека на 23.04.2024 година, 11 друштва за осигурување кои вршат работи на осигурување во групата на неживотно осигурување доставиле известувања до Агенцијата за супервизија на осигурување за донесени одлуки на нивните органи на управување за зголемување на премиите за задолжително осигурување од АО, при што се повикуваат на одредбите од Тарифата на премии за осигурување од АО, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 191/2018, според кои одредби имаат можност самостојно да одлучат за висината на делот од премијата за спроведување на дејноста, односно т.н режиски додаток при одредувањето на крајната премија по договор за осигурување (член 3 од Тарифата). Притоа известувањата на друштвата до АСО не содржат финансиски анализи за изминати периоди, ниту пак конкретни проекции за очекуван развој на ризиците кои ги преземаат во осигурување. Единствен аргумент на кој се повикуваат друштвата за осигурување се растечките трошоци од работење, кои не се непосредно поврзани со настанување на ризиците, односно со настанатите и очекуваните штети, соопшти Министерството за финансии.

Дополнително, ставот на Комисијата е поткрепен со мислењето на АСО како регулатор дека ваквото постапување на Друштвата за осигурување влијае врз стабилноста, сигурноста и предвидливоста на функционирање на целиот систем на осигурување во насока на штета на осигурениците, односно сопствениците на моторни возила.

Предлог-одлуката што ја усвои Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница е доставена на усвојување до Владата на РС Македонија.

Состојбите на пазарот ќе се следат и во наредниот период и ќе се преземаат соодветни одлуки, врз основа на анализи и во еден отворен и транспарентен процес. Во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност во втората половина од април 2024 година, Министерството за финансии ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седници на 26, 29 и 30 април и 02 мај 2024 година со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки, се додава во соопштението на Министерството за финансии.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Со УВ ламба и спреј ќе продолжи гласањето на избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...

Македонија39 минути

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2080 избирачки места за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ2 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија3 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...

Топ3 часа

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...

Свет3 часа

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население,  додека на Русија и...

Македонија4 часа

Почна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во...

Свет4 часа

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател...

Свет4 часа

„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината неколку месеци по признавањето дека има несакани ефекти

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откога пред судот во Лондон призна...

Свет4 часа

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на...

Свет4 часа

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски. „На денот на...

Топ18 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија20 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија23 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија23 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет1 ден

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија1 ден

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија1 ден

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...