Скопје
Почнува Акустик Сквер Фестивал 2015

Четвртото издание на манифестацијата Акустик Сквер Фестивал 2015 започнува во сабота вечер на летната сцена на платото пред конгресниот центар Александар Македонски.
Во рамките на четвртото издание на манифестацијата Акустик Сквер Фестивал, организаторот ЈУ Конгресен Центар Александар Македонски ја продолжува поддршка на младите македонски музичари давајќи им можност не само да го покажат својот талент туку и да настапат на професионална сцена, како и своите авторски песни да ги добијат снимени на носач на звук.
Оваа година, благодарение на соработката со две одлични музички школи, Енсо Школо за гитара и Credo Music, како и младиот рок бенд “Kolt”, ќе имаме извонредна програма на фестивалот.
Годинава на Акустик Сквер Фестивалот ќе настапат следниве изведувачи, Оливер Јаниќиевиќ – гитара, Трајче Димов – класична гитара, Nervol – две гитари и кахон, Оливер Јаниќијевиќ и Кристијан Христов – две гитари, Rock Band “Kolt” и Credo Band.
Организаторите на фестивалот како изненадување за публиката предвидуваат и настапи на специјални гости.
Настапите на фестивалот ќе биде професионално снимени на носач на звук со што ќе се документира авторскиот музички потенцијал на младите учесници, што всушност е и една од целите на Акустик Сквер Фестивал. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението на ПОЦ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар