Забава
Реплика на Сикстинската капела со спреј

Пако Росиќ, момче од Сараево, ја наслика репликата на Сикстинската капела, но оваа новата е насликана со спреј и, нормално, се наоѓа во Ватерло, САД
Делото е насликано само со спреј, а во галеријата, со чија убавина сите се восхитени, велат дека поубава од оригиналната Сикстинкса капела во Ватикан. Росиќ го оствари својот американски сон, а неговото дело е сместено во ресторан, па секој што го гледа се воодушевува.
Поради војната брачниот пар Росиќ, како и многу други во тоа време од Југославија заминале од земјата. Најпрво во Германија, па за САД. „Немавме избор и со две мали деца се упативме во непознато“, вели таткото на Пако, Џеки Росиќ.
Пако, според зборовите на неговиот татко уште како дете покажувал заинтересираност за уметност. Уште во Германија цртал графити,а добил и бројни признанија. Само што стигале во САД, тој почнал да работи на Сикстинската капела, што е прво негово ремек дело.
Пако бил фасциниран од делото на Микеланџело, па решил да го преслика сос преј.
„Кога ми кажа што сака да направи, го прашав дали е нормален. Но, одговорот беше кус и јасен: Јас тоа го можам и сакам, само потребна ми е ваша помош“, вели Џеки.
Родителите ја подигнале целата заштеда и ја дале за синот да го оствари својот сон, а тоа е и подарок од нив за Америка, која велат им дала се. На Пако му требале само четири и пол месеци да го заврши делото.
Кога делото било завршено, Пако ги натерал своите родители да отворат ресторан во галеријата, каде сега служат јадења од цела Европа, како и традиционални босански јадења. Следно, Пако планира да ја наслика со спреј американската историја
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.