Забава
Алиштата може да се исперат само со вода
Можеби звучи чудно, но алиштата навистина може да се исперат само со вода и да бидат чисти, наместо да се „робува“ на големите производители на прашоци
Американците имаат посебна телевизиска емисија во која на населението му објаснуваат или му откриваат некои општо познати заблуди, како на пример, дека алиштата нема да бидат чисти, ако не ги исперете со голема количина прашок за перење.
Како што тврди водителката на емисијата, на тој начин големите компании за производство на сапуни, прашоци и други средства за хигиена заработуваат милијарди долари. „Според големиот познат производител „Проктер и Гембл“, дури 40 отсто од домаќинстава во САД го користат нивниот прашок за перење „Тајд“, за алиштата да им бидат чисти. Статистиката покажува дека секоја минута се вклучуваат 1.100 машини за перење во САД, а тоа се тони и тони прашок за перење. Како што може да се забележи, производителите секојдневно се трудат да ни продадат се поголеми количини прашок за перење по повисока цена, затоа што новиот продукт на пазарот е „ултра нов и подобрен“. Но, сите ја знаеме максимата: „помалку сапун, сочувајте ја планетата“. Колку повеќе средства за хигиена користиме, толку повеќе ја загадуваме планетата. Ако се вратиме наназад во времето, ќе видиме дека средствата за хигиена и не се така стари, имено постојат едвај неколку децении.Па, како тогаш античките луѓе ја одржувале хигиената? Едноставно! Перејќи со вода. Алиштата ги носеле на река и ги триеле со дрво или камен. Дали нивните алишта биле помалку чисти од нашите испрани со детергент? Експертите велат дека не е така!. За да се исперат алиштата, тврдат експертите, доволно е да се поминат низ вода. Резултатот е чисти алишта, кои мирисаат на чиста вода. Но, ако сте скептични и ако се уште сметате дека за да се чисти алиштата ви треба детергент, тогаш имајте на ум дека не треба да ја преполннувате преградата со прашок или пак, можете многу евтино да си подготвите домашен детергент. Еве го рецептот:4 чаши вода1/3 рендан сапун по ваш избор½ чаша сода за миење (не за готвење)½ чаша Боракс15 литарски пластичен сад за мешање11 л водаНајпрво се растопува сапунот во четирите чаши вода. Може и да се загрее за подобро да се растопи. Растворот се додава во 11 литри вода, па се додаваат содата и Бораксот и се меша додека не се изедначи. Мешавината се остава да стои 24 часа и веќе сте добиле домашен детергент за перење алишта. Тие што го пробале домашниот детергент велат дека неговиот ефект врз перените алишта не се разликува од оној од купечките прашоци. Единствена разлика е во неверојатното штедење! Можеби навистина е време да почнеме помалку да „периме“ пари!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

