Економија
Рен: Прерано е за оцена дека кризата во еврозоната е завршена

Постојат сигнали за постапно економско заздравување во еврозоната, меѓутоа би било преурането да се каже дека кризата е завршена, изјави во четвртокот еврокомесарот за економија Оли Рен.
„Ова лето во Европа бевме сведоци на серија добродејдени сигнали дека европската економија ја достигна точката на пресвртот. Податоците за бруто домашниот производ (БДП) за вториот годинешен квартал го потврдија почетокот на постапното, иако и натаму придушено опоравување во еврозоната“, изјавил еврокомесарот за економија Оли Рен за медиумите на маргините од неофицијалниот редовен собир во австрискиот Алпбах.
Клучни земји за европското заздравување се Германија и Франција, при што Германија би требало да ја поттикне домашната потрошувачка , а Франција да вложи поголеми напори во структурните реформи, на пример, на пазарот на трудот и во пензискиот систем, нагласил Рен.
„Доколку Германија и Франција го сторат тоа заедно, ќе и’ направат голема услуга на целата еврозона, бидејќи ќе создадат услови за посилен раст, повеќе работни места и помали социјални тензии“, нагласил еврокомесарот, но додал дека, сепак, станува збор за долготраен процес.
Нема причини да претеран оптимизам, и тоа во прв ред поради драматичните нивоа на невработеноста во многу делови од Европа, истакнал Рен. Во секој случај, прогласувањето на крај на кризата би било, најблаго кажано, преурането, заклучил еврокомесарот.
Рен се осврнал и на најновите случувања во Италија, во врска со во средата постигнатиот договор за укинување на непопуларниот данок на недвижнини кој ќе биде заменет со давачката наречена „данок на услуги“, со што донекаде се ублажуваат непопустливите политички тензии во самата кревка италијанска влада што ја предводи лидерот на левиот центар Енрико Лета.
Меѓутоа, еврокомесарот предупредил дека европските власти од владата во Рим ќе бараат гаранција дека и по укинувањето на споменатиот данок, Италија ќе може да ги исполни фискалните цели. Европската комисија, како што рекол Рен, сé уште очекува детали за „компензациските мерки “.
„Клучно е што премиерот Лета потврди дека Италија ќе биде истрајна во исполнувањето на фискалните цели во согласност со преземените обврски. Тоа е важното“, заклучил Рен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.