Култура
Египет иницира светски сојуз за украдените антиквитети
Земјите од кои во минатото биле украдени вредни артефакти, ќе се обединат за да си го вратат украденото културно наследство коe денес е изложенo во музеите во други земји
Претставници на културните власти на 21 земја од сите страни на светот вчера во Каиро се собраа на дводневна конференција за заштита и враќање на културното наследство, која ја свика главниот египетски археолог, д-р Захи Хавас, шеф на државниот Висок совет за антиквитети.На првиот ден од конференцијата, главниот египетски археолог, д-р Хавас, побара меѓународна соработка за враќање на украдените артефакти од други земји и ги повика учесниците и сите земји од светот што се засегнати да состават листи на антички богатства кои им биле украдени во минатото и се изложени во музеи во други земји„Египет и други земји кои велат дека им се нелегално изнесени артефакти ќе работат заедно и ќе направат листи на предмети кои сакаат да им бидат вратени од западните музеи. Секоја земја се бори сама, секоја од нив страда сама, особено Египет. Музеите се главниот извор на украдени артефакти. Ако престанат (да купуваат украдени артефакти) помалку ќе се краде. Ќе се бориме заедно“, рече д-р Хавас пред делегатите од земјите-учеснички. На состанокот се собрани заменици-министри за култура и директори на музеи од земји како Грција и Сирија кои бараат да им се вратат артефакти, но и земји како САД, кои веќе вратија дел од украдените антиквитети.„Имаме добра соработка со други земји. Веќе имаме артефакти што ни беа вратени од Шпанија и од Италија, но земја која до сега има вратено најмногу артефакти се САД“, вели д-р Хавас.Претставниците, меѓу другото, ја разгледуваат и можноста за измена на конвенцијата на Обединетите нации која забранува извоз и сопственост на антиквитети кои биле украдени по 1970 година, за да можат да трагаат по предмети што биле изнесени пред тоа, за што планираат да се обратат до УНЕСКО, светската организација за култура. „Има вистински проблем со криумчарењето антиквитети кои биле украдени, однесени во времето на колонијализмот или негативната улога што ја играат некои странски мисии“, вели Ајман Слаиман од сирискиот Генерален директорат за антиквитети и музеи, пренесува Ројтерс.„Ова не е прашање на легалност туку на добра волја која не може да се сведе под словото законот“, вели Елена Корка, делегат од Министерството за култура на Грција.
Секој си го бара своетоЕгипетскиот Совет за антивкитети до сега во повеќе наврати побара во Египет да бидат вратени мноштво артефакти кои во минатото биле изнесени од земјата. Меѓу нив се Каменот од Розета, кој се чува во Британскиот музеј повеќе од 200 години, и бистата на Кралицата Нефертити, стара 3.400 години, која е изложена во Музејот Нојес Берлин. Египет минатата година ги прекина врските со Музејот Лувр, се`додека Франција не му ги врати фрагментите од ѕидни слики од стара египетска гробница. Каменот од Розета е стар повеќе од 2.200 години – на него се издлабени хиероглифи испишани од египетски свештеници.Грција веќе подолго време бара од Британскиот музеј да и` врати камени скулптури, написи и архитектонски елементи од Партенон, кои биле однесени од британскиот дипломат Лорд Елџин во 19 век, за време на Османлиското владеење, кои денеска се сместени во Британскиот музеј.Меѓу земјите-учеснички на конференцијата е и Перу презема правни мерки во обид да си го врати богатството на Инките од Универзитетот Јејл во САД. Латиноамериканските земји со богати археолошка историја му се придружија на Египет во борбата за механизми кои ќе гарантираат враќање на културното богатство кое било украдено во минатото.На конференцијата учествуваат и претставници културните власти на Јужна Кореа, кои неодамна покренаа судски процес против француската Влада со кој бараат да им бидат вратени антиквитети кои биле украдени во 1866 година, но биле одбиени врз основа на конвенцијата на Обединетите нации, која се однесува само на артефакти кои биле изнесени по 1970 година.„Музеите во светот имаат морален императив да вратат конкретни артефакти во земјите од каде што потекнуваат. Ќе утврдиме како можеме да си помогнеме едни на други за да го зголемиме притисокот врз оние што ги држат овие артефакти. Ги повикувам да учествуваат на конференцијата сите нации што сакаат нивните вредни артефакти да им бидат вратени“, порача египетскиот археолог д-р Хавас минатиот месец, најавувајќи ја конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.
Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.
Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.
Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.
„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.
Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.
Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.
Култура
Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија
Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.
Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.
Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.
Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.
Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.
Целосна ПРОГРАМА
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

