Забава
Бегството од Алкатраз и по 50 години останува мистеријата
Оние што управуваа со затворот Алкатраз секогаш говореа дека од него никој не може да побегне. Но, дури и по 50 години американската полиција сè уште трага по тројцата мажи кои побегнаа од Алкатраз.
Според официјалните извештаи, Френк Морис и браќата Џон и Кларенс Англин се удавиле во водата на заливот во Сан Франциско.
Сепак, многу луѓе веруваат дека успеале да дојдат и до брегот и дека сè уште се кријат. Дури почна да се зборува и дека ќе дојдат во затворот, што денеска е туристичка атракција, на 50 годишнината од бегството. Иако не верува во тие приказни, американскиот маршал Мајкл Дјук за секој случај го помина денот на островот, пренесува Би-Би-Си.
Сите оние кои се обиделе да побегнат од овој затвор повторно се фатени, убиени или се удавиле. Но, ова е еден од најхрабрите и најинтересните бегства во историјата на овој злогласен затвор. Тројца од наведените затвореници користеле лажици, модели на глави направени од хартија и гумени дождовни мантили.
Затворениците најпрво со помош на лажиците ископале пат низ бетонот во близина на вентилацијата. Свирејќи со усна хармоника го прикривале звукот на копањето, а со картон ги криеле дупките на ѕидот. Кога дошло времето за бегство, се провлекле низ отворот и се искачиле на покривот.
Стражарите кои патролирале низ ходниците, повремено ги проверувале ќелиите, но се чинело дека тројцата спијат.
Откако се искачиле на покривот, затворениците ја минале бодликавата жица и го надувале импровизираниот сплав, направен од мантилите за дожд. Остатоците на сплавот се пронајдени на блискиот остров, но тројцата затвореници никогаш повеќе не се видени.
Четвртиот затвореник кој требало да побегне со нив не успеал на време да ја тргне решетката од вентилацијата од својата ќелија, па останал во затворот.
„Мислам дека има голема шанса тие да преживеале. Тешко е да се каже. Бидејќи нивните тела никогаш не се пронајдени, случајот сè уште е отворен“, рече Дјук.
Недостатокот на докази за смртта на тројцата затвореници од нив направи легенди. Книгите и документарците сè уште поставуваат прашања за нивното бегство.
„Луѓето сè уште ни испраќаат информации за нив. Потерниците по нив сè уште се отворени и заради тоа мора да ги бараме“, рече Дјук, кој ова бегство го истражува веќе десет години. /крај/кл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) За сите љубители на цветни дезени – оваа убавица има совршена комбинација
Позната по својот привлечен изглед, актерката Зои Салдана не погреши ни малку кога стануваше збор за избор на совршена комбинација за црвениот тепих.
Актерката неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“ во Мајами, а за таа пригода избра комбинација која „носи добра атмосфера“.
Станува збор за бел фустан украсен со цветни детали и дискретно деколте, кој ја нагласува витката фигура на актерката.
Треба да се напомене дека токму овие шарени цветни мотиви на фустанот придонесоа нејзиното појавување на црвениот тепих да го привлече вниманието на модните критичари, како и целата креација да биде окарактеризирана како уметничко дело.
Својот стил го надополни со златни додатоци, минимална шминка и класична фризура – ниска пунџа што го заокружи овој, навидум, едноставен изглед.
Со овој потег, Зои докажа дека цветниот дезен има многу поголема „моќ“ на црвениот тепих од кој било друг.
Забава
(Видео) Јасно е зошто тој е мажот на нејзиниот живот: Изненадувањата се бескрајни
Пејачката и глумица Селена Гомез конечно е среќна во љубовта. Откако се омажи за продуцентот Бени Бланко, таа почна да привлекува уште поголемо внимание со својот приватен живот, а заедно со Бени, се обидуваше секогаш да ги информира фановите за своите планови.
Со оглед на тоа што двајцата се многу транспарентни, сега покажаа како изгледа нивниот дом за претстојните празници, а Бени откри и како ја изненадил својата сопруга.
Имено, продуцентот прво го сними првиот дел од изненадувањето. Голема елка со воз што кружи околу неа, но тоа не е сè. Бени потоа ја сними нивната втора елка, украсена со скапи украси, од кои и самата Селена беше воодушевена.
@itsbennyblanco she’s happy
„Таа е среќна“, напиша кратко под објавата.
Набрзо, коментарите почнаа да се слеваат за младиот пар, а сите беа полни со поддршка.
„Среќна сопруга, среќен дом“, „Обожавам да ја гледам среќна“, „Браво, Бени“, Можеш да видиш дека е среќна како дете“, беа некои од коментарите.
Селена Гомез и Бени Бланко почнаа да се забавуваат во 2023 година и се свршија една година подоцна, пред да се венчаат на интимна церемонија во Калифорнија претходно оваа година.
Забава
Тие не толерираат неправда: Хороскопски знаци кои се борат за подобар свет
Некои поединци едноставно не можат да ги затворат очите пред неправдата или лошото однесување кон другите.
Нивната реакција не е пасивна – тие имаат потреба да кажат и да направат нешто конкретно, дури и кога тоа не е лесно. Според астролозите, овие хороскопски знаци имаат силно чувство за правда.
Водолија
Водолиите не можат да поднесат социјална неправда и застарени системи што му штетат на мнозинството. Нивната борба за подобар свет често се одвива преку идеи, иницијативи и поддршка за промени што имаат долгорочен ефект.
Тие не се плашат да бидат различни или да се спротивстават на мислењето на масите ако веруваат дека е исправно. Водолиите веруваат во напредок и се подготвени да инвестираат енергија во визијата за општество кое е пофер за сите.
Вага
Вагите се исклучително чувствителни на нееднаквост и нечесност. Тие ретко молчат кога ќе забележат дека некој е лишен или се третира неправедно, особено во меѓучовечките односи.
Нивната борба често се води преку дијалог, мирно заземање став и обид да се најде решение што ќе биде фер за сите страни. Вагите веруваат дека светот може да се подобри преку разбирање, но не прифаќаат компромиси што вклучуваат неправда.
Стрелец
Стрелците се борат против неправдата отворено и без двоумење. Нивното силно чувство за вистина и слобода ги тера да реагираат веднаш штом почувствуваат дека се кршат основните човекови права.
Тие не толерираат лицемерни луѓе, манипулации и злоупотреба на моќ, без оглед на тоа од кого доаѓаат. Стрелците веруваат дека секој има одговорност да го направи светот подобро место, а нивната борба често започнува со искрени зборови и јасни ставови.

