Забава
Полјаците поради кризата се откажуваат од разводи
Светската економска криза се покажала како ефикасен рецепт за спас на полските бракови, бидејќи просечните господин и госпоѓа Ковалски го одлагаат
Светската економска криза се покажала како ефикасен рецепт за спас на полските бракови, бидејќи просечните господин и госпоѓа Ковалски го одлагаат разводот или од се откажуваат од него, бидејќи во време на криза тоа не им се исплати.
Од минатата есен се почесто од полските судници се повлекуваат барањата за развод, а главна причина е поделбата на имотот, обично на станот или куќата, што поради кризата изгубиле и до 30 проценти од вредноста, сега не се исплатува.
Полските новини објавиле приказна за еден човек, кој откако увидел дека при поделбата на имотот ќе добие 35 илјади евра помалку, се одлучил да купи цвеќе и да оди кај сопругата да ја праша дали можат да почнат повторно.
Интернет порталите преку кои адвокатските канцеларии даваат бесплатни совети во последно време се натрупани со прашањата во стилот дали се исплатува развод во време на кризата.
Полјаците често прашуваат и дали ќе можат да ја намалат алиментацијата доколку преминат на работа со помала плата.
Социолозите и психолозите објаснуваат дека кризата го намалува бројот на разводите не само поради парите, туку и поради тоа што луѓето во време на криза тешко ја поднесуваат неизвесноста, стресот и траумите што и најбезболниот развод ги носи.
“Кризата во нас го засилува чувството на загрозеност. Поради тоа сакаме да ја избегнеме дополнителната несигурност од разделбата и повторното организирање на животот“, вели социологот Ирена Котовска.
Во Полска од година во година растел бројот на разводите, а се зголемувал и бројот на барањата до Полската католичка црква за поништување на црковниот брак.
Во минатата деценија, во Полска од 38 милиони жители се разведувале околу 40 илјади брачни двојки годишно, а само во 2007 година се развеле 66 илјади двојки.
Бројот на разводите во градовите е три пати поголем отколку во патријахалните селски средини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Се одложува концертот на Божо Вреќо во Македонската филхармонија
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини.
Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум.
Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде што билетите биле купени, вклучувајќи ја и онлајн-платформата karti.com.mk.
Забава
Влатко Лозаноски со мегашоу: „Километри љубов“ на 7 март во арената „Борис Трајковски“
Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.
„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“, вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски“.
Картите за настанот се веќе во продажба. Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на kupikarta.com.
Забава
(Фото) Крие магија под капутот: една од најубавите жени во најкраткото фустанче досега
Актерката Ања Тејлор Џој се појави на настан во Њујорк организиран од „Тифани и ко.“ и ги потсети сите зошто баш таа е избрана за најубава жена на светот.
Русокосата убавица за овој настан избра краток бел фустан, со асиметричен топ и висока јака, што му даде на целиот моден изглед доза драма.

Но, и покрај сето тоа, нејзините долги нозе беа во преден план, па нема некој кој не ѝ обрна внимание на Ања кога се појави пред фотографите.

За дополнително да го нагласи својот изглед и шминката, Ања ја исправи косата и ја собра во пунџа, а белиот фустан го спои со едноставни потпетици во иста боја. Преку него носеше преголем капут, исто така во бела боја, кој од сите детали имаше само ремен за да ја нагласи половината.

И тоа беше доволно Ања Тејлор Џој да биде главна тема уште од првиот чекор.
фото: принтскрин

