Култура
Жената 26 пати го менува изгледот

Британките во просек 26 пати во животот го менуваат својот изглед донепрепознатливост, покажува најновото истражување.
Британките во просек 26 пати во животот го менуваат својот изглед донепрепознатливост, покажува најновото истражување.
Дури 56 отсто од британските жени на секои две години донесуваат одлука зацелосна трансформација на изгледот, а причините за таквиот „подвиг“ гипронаоѓаат во желбата да бидат во тренд, но и да го потврдат својот статус наработното место и во љубовната врска.
Истражувањето покажува дека половина од жените на драстична промена нафризурата се одлучуваат по прекин на љубовната врска, а дури 37 отсто од нив јаменуваат бојата на косата во обид да ја сочуваат врската.
„Убавината е навистина важна, да се чувствувате добро во сопствената кожаистовремено значи и успех. Секако дека сме задоволни кога изгледаме добро.Добриот успех значи половина пат до успех на работата, дома и во љубовнатаврска“, тврди психологот Корин Свит.
/крај/ег/
Copyright
200
9
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Премиера на претставата за деца „Жива досада“ на 8 мај во МНТ

На 8 мај во 18:00 часот, во Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерата на претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, а режијата ја потпишува Билјана Јовановска.
Во претставата играат: Гоце Андонов, Нина Деан, Изабела Јакимова, Јана Вељановска и Билјана Јовановска – алтернација.
Темата на претставата е досадата на децата во денешното време, каде што авторите ги охрабруваат како децата така и родителите да остават да им биде досадно без да ги окупираат со разни обврски, само за да ја избегнат досадата. Ликовите на децата, Вања и Бојана, кои се претставници на децата на денешното време, во еден момент се среќаваат со дел од ликовите на Недојдија, каде што во одреден момент си ги менуваат местата, со цел да докажат во чие време е подосадно. Претставата поентира со тоа што ги охрабрува децата да веруваат во магијата на играта, како и да научат да комуницираат вербално помеѓу себе.
Сценографијата е на Мартин Манев, музиката е на Оливер Митковски, костимограф е Валентина Чонкова, а кореограф е Нина Деан.
Претставата е наменета за возрасна категорија 5+.
Следната изведба е на 9 мај во 18:00 часот, а билетите за претставата се веќе пуштени во продажба.
Претставата е во продукција на РСМ НУ Македонски народен театар и е финансирана од сопствени средства.
Култура
(Видео) Tри филма што Скорсезе ги смета за врв на кинематографијата

Мартин Скорсезе, еден од највлијателните американски режисери, со децении ги поместува границите на филмскиот израз. Неговата филмографија опфаќа широк опсег на жанрови – од насилни урбани приказни до сложени љубовни драми и духовни дилеми.
Иако неговите понови филмови, како „Ирецот“ и „Тишината“, сè уште се препознатливи по нивната визуелна раскош и длабока анализа на ликови, многумина сè уште сметаат дека неговите најголеми дела потекнуваат од поранешниот период – со насловите „Таксист“, „Добри момци“ и „Разјарениот бик“.
Во текот на својата кариера Скорсезе често ги издвојуваше режисерите што го инспирираа, меѓу кои и Акира Куросава, Ингмар Бергман и Џон Форд. Сепак, еден особено го допре – јапонскиот режисер Кенџи Мизогучи, познат по класичните филмови, кои прикажуваат емоции преку поетски ритам и внимателно изработени слики.
Како негов омилен го наведува филмот на Мизогучи, „Приказни под месечината и дождот“ (Ugetsu monogatari) од 1953 година, кој ја следи приказната за амбициите, љубовта и за војната во 16 век.
„Овој филм имаше најголемо влијание врз мене. Има моменти во тој филм што ги гледав одново и одново и кои секојпат ми го одземаат здивот“, рече Скорсезе, пренесе магазинот „Фар аут“.
Иако „Приказни под месечината и дождот“ често се смета за ремек-дело, Скорсезе ја цени целата трилогија, која ги вклучува и „Животот на Охару“ (Saikaku ichidai onna) и „Саншо судијата“ (Sanshô dayû), а за која вели дека е врвот на светската кинематографија.
Работата на Мизогучи го отелотворува она што многумина го сакаат во јапонскиот филм – суптилност, емоции и елеганција. Неговото влијание може да се види и кај современите режисери, како Хироказу Коре-еда, кој го комбинира секојдневниот живот со длабоки емотивни слоеви. Восхитувањето на Скорсезе кон Мизогучи е уште еден доказ за неговата длабока поврзаност со филмската историја – и неговата непоколеблива почит кон мајсторите на визуелното раскажување приказни.
Култура
МКЦ – Битола ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот со концерт на „Филип Динев трио“

Младинскиот културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот ќе организира концерт во живо на Филип Динев Трио во среда на 30 април 2025 година со почеток во 22.00 часот, во кафе бар Порта Џез во Битола.
Филип Динев е македонски гитарист/композитор со интернационална кариера. Магистрант на ХФМТ Хамбург, автор и продуцент на 2 оригинални изданија – „Romann“ (2024) и „Szvetlo“ (2020).
Париз, Будимпешта, Базел, Талин, Берлин, Хамбург, Лајпциг и Дрезден се само дел од европските градови каде Динев има концeртирано. Композиторскиот печат и виртуозноста со влијание од класична, балканска и традиционална џез музика го прават Динев еден од најавтентичните гитаристи во регионот и Европа. Покрај авторските концерти, свирел и со светски имиња, како Nils Landgren, China Moses и Teemu Viinikainen.
Филип Динев – гитара/композиции
Андреа Мирчевска – контрабас
Дамјан Грујо – тапани
Влезот за концертот е бесплатен.
Овој концерт по единаесетти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.