Контакт

Македонија

Адеми: МОН ќе му додели 30 милиони денари на УЈИЕ

Објавено пред

Триесет милиони денари ќе му бидат доделени на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово од буџетот на Министерството за образование и наука наменето за поддршка на високото образование за 2015 та година, изјави во петок министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми по неговата посета и средба со ректорот Замир Дика, како и со Бордот и Сенатот на УЈИЕ. 

dobivaj vesti na viber

„Овој универзитет е меѓу најдобрите високообразовни институции во земјава и негова карактеристика е дека функционира на принципот на јавно-приватна установа. Нашата цел е универзитетот да биде третиран како останатите јавни универзитети и затоа со почетокот од 2015-та година од страна на Владата и министерството на Универзитетот ќе му бидат доделени 30 милиони денари за што ја сметам дека ќе бидат правилно искористени од страна на раководството, со што ќе се отворат и можности овој износ да се зголемува“, истакна министерот Адеми.

                                       

Ректорот на УЈИЕ  Замир Дика посочи дека универзитетот постои од 2001-та година со финасиска помош од ЕУ и САД во висина од околу 35 милиони евра и дека средствата од државата ќе бидат искористени за продолжување на мисијата на универзитетот.

 

„Поддршката од државата е знак дека се цени нашето работење и визија за подршка на кавлитетот на високото образование и подигањето на стандардите и се надевам дека ние ќе дадеме и наш придонес како дел и фактор за оптимизација на високото образование во Македонија“, рече ректорот Дика.крај/мф

Македонија

Медицински центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани, објави Таравари

Објавено пред

Министерот за здравство Арбен Тараври на социјалните мрежи објави список со медицински центри во странство каде се лекуваат пациентите од пожарот во Кочани.

dobivaj vesti na viber

„БУГАРИЈА
1.Болница Пирогов, Софија, Булевар 21, 1606 Софија – 9 хоспитализирани пациенти
2.Военомедицинска академија-МБАЛ, Варна, „Христо Смирненски” №3, п.к. 9000 – 3 хоспитализирани пациенти
3.Болница „Свети Ѓорги“ ЕАД, Пловдив – 3 хоспитализирани пациенти

СРБИЈА
1.Военомедицинска академија ВМА, Белград – „Црнотравска“ 17, 11040 Белград –10 хоспитализирани пациенти
2. Универзитетски клинички центар Србије – „Пастерова“ 2, 11000 Белград –17 хоспитализирани пациенти
3. Универзитетски Клинички центар Ниш – Булевар „Др. Зорана Ђинђића“ 48 – 18108 Ниш – 3 хоспитализирани пациенти

СЛОВЕНИЈА
1.Универзитетски клинички центар Љубљана, ул. Zaloška cesta,7 – 2 хоспитализирани пациенти
2.УКЦ Марибор, 2000 Марибор, Словенија – 2 хоспитализирани пациенти

ХРВАТСКА
1.Клинички болнички центар „Сестри милосрдници“, Клиника за трауматологија – Ул. Драшковичева 19, Загреб – 4 хоспитализирани пациенти
2.Клиника за детски болести Загреб, ул. Вјекослав Клаиќ 16, Загреб – 1 хоспитализиран пациент

ГРЦИЈА
1.Thessaloniki General Hospital „George Papanikolaou” – Papanikolaou Ave., Exochi 570 10, Солун; – 3 хоспитализирани пациенти
2.424 General Military Training Hospital – Peripheral Road N. Efkarpia, P.C. 564 29, Солун – 2 хоспитализирани пациенти
3.401 General Military Hospital of Athens – Panagiotis Kanellopoulos Ave., 115 25, Атина – 6 хоспитализирани пациенти
4.251 General Aviation Hospital – 3 Panagiotis Kanellopoulos Ave., 115 25, Атина – 1 хоспитализиран пациент

ИТАЛИЈА
1.Ospedale Niguarda Milano – Piazza dell’Ospedale Maggiore, 3, 20162, Милано – 2 хоспитализирани пациенти
2.Ospedale Maggiore Parma – Viale Antonio Gramsci, 14, 43126 Парма –1 хоспитализиран пациент
3.Ospedale IL NUOVO SANTA CHIARA CISANELLO – Via Paradisa 2 Cisanello Пиза – 1 хоспитализиран пациент

АВСТРИЈА
1.University Hospital Graz, Auenbruggerplatz 29, 8036 Graz , Австрија – 4 хоспитализирани пациенти
2.Universitätsklinikum AKH Wien, Währinger Gürtel 18-20, 1090 Wien, Австрија , Австрија – 2 хоспитализирани пациенти

БЕЛГИЈА
1.Queen Astrid Military Hospital – Rue Bruyn 1 1120 Neder-over-Heembeek, Белгија – 2 хоспитализирани пациенти
2.Hospital ZAS Cadix – Kempenstraat 100, 2030 Antwerp,Белгија – 1 хоспитализиран пациент
3.Hopital Les Viviers Charlerois – Rue du Campus des Viviers 1, 6060 Gilly, Белгија – 1 хоспитализиран пациент

ЛИТВАНИЈА
1.Lithuanian University of health sciencies, A. Mickeviciaus g. 9, LT-44307 KaunasKaunas” – 1 хоспитализиран пациент
2. Vilnius University Hospital, Santariskiu st. 2, 08661 Vilnius, Lithuania, Литванија – 3 хоспитализирани пациенти

ТУРЦИЈА
1.Istanbul Basaksehir cam ve Saakura hospital, Турција – 6 хоспитализирани пациенти
2.Ankara Bilkent city hospital, Турција – 6 хоспитализирани пациенти

ШВЕДСКА
1.Karolinska University Hospital – Gävlegatan 55, NB6:01-02, Солна – 2 хоспитализирани пациенти

УНГАРИЈА
1.„Будимпешта, Észak-Pesti Centrumkórház – Honvédkórház Hungary” – 6 хоспитализирани пациенти

ПОЛСКА
1.Eastern Centre of Burns Treatment and Reconstruction in Leczna, Krasnystawska 52, 21-010 Łęczna, Полска – 2 хоспитализирани пациенти“, објави Таравари.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Вечерва на еден час да ги изгасиме светлата во нашите домови да го покажеме мракот кој не обви“: повик на Студенсткиот пленум

Објавено пред

Од студентскиот пленум со повик вечерва од 20 часот до 21 часот сите во домовите да ги исклучиме светлата.

dobivaj vesti na viber


Ова како што објавија во повикот на социјалните мрежи е со цел граѓаните да го покажат мракот кој не обви сите нас по трагедијата во Кочани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Земјотрес во Струмица

Објавено пред

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 34 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

dobivaj vesti na viber

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Медицински центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани, објави Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври на социјалните мрежи објави список со медицински центри во странство каде се лекуваат пациентите од...

Македонија2 часа

Пробиштип ги испрати Никола, Матеј и полицаецот Тоше кои загинаа во дискотеката

Пробиштип денес се прости од Никола Насевски, Матеј Марковски и Тоше Тодоровски, испраќајќи ги во нивните вечни почивалишта. „Тие ќе...

Македонија3 часа

Штип се прости од петтемина свои сограѓани кои загинаа во пожарот во Кочани

Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на...

Македонија4 часа

„Сите те сакаа тебе, златно дете“ – музичкото училиште во Струмица се прости со тапанарот на ДНК

Во основното музичко училиште во Струмица се одржа комеморација за Џоко Ѓоргиев, тапанар на групата ДНК, кој загина во пожарот...

Македонија6 часа

Објавени имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со кои...

Македонија7 часа

Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани. Според информацијата, три лица се на возраст...

Македонија7 часа

Токсиколошки анализи ќе им се прават на сите пациенти пред испишување, утре од болница си заминуваат тројца повредени во пожарот во Кочани

Четврти ден по трагедијата во Кочани со 59 починати и 196 повредени, министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека сите...

Македонија8 часа

„Си замина дел од моето второ семејство, остана само пепел и празнина“, се огласи Ана, придружниот вокал на ДНК, која го преживеа пожарот во Кочани

Се огласи Ана Костадиновска, придружниот вокал во бендот ДНК, една од преживеаните во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Таа...

Македонија8 часа

(Видео) Македонија се простува од членовите на ДНК, кои загинаа во пожарот

Денес, ќе бидат погребани членовите на бендот ДНК, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пејачот на бендот,...

Македонија10 часа

„Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“...

Топ10 часа

Уапсени двајца 18-годишници, кои правеа огномет синоќа во Скопје: прославувале роденден во Градскиот парк

Вчера, околу 21.25 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје има огномет и не се...

Македонија10 часа

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, ужалените грѓани ги молам да не влегуваат внатре

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојнче Ангелов, ги замоли ужалежните граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната...

Регион11 часа

Во Софија илјадници луѓе им оддадоа почит на загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие...

Македонија12 часа

Денес погребни церемонии за загинатите во дискотеката во Кочани

Погребните церемонии за починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржат во текот на денешниот ден во Кочани, Штип,...

Топ13 часа

Приведен раководител во општина Маврово Ростуше: побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење апартмани

Вчера, полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше....

Македонија21 час

19-годишниот Јован Костадинов спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот...

Македонија24 часа

Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите...

Македонија1 ден

Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата...

Македонија1 ден

Палчо си запали цигара откако ја закопавме Вања, ја чистеше лопатата за да прикрие траги, сведочеше Манев

Koга завршивме со закопувањето на Вања, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што...

Македонија1 ден

Во странство се лекуваат стотина млади луѓе по пожарот, уште двајца денес ќе бидат префрлени во Шведска

Министерството за здравство информира за состојбата на пациентите во установите во земјава и странство, согласно воспоставените процедури за известување од...