Македонија
Македонија домаќин на Регионалниот форум за интернет владеење 2014

Министерот за Информатичко оптество и администрација, Иво Ивановски, во понеделникот го отвори регионалниот форум за интернет владеење 2014 на кој домаќин годинава е Македонија и кој се одржува во Скопје во организација на МИОА, соопштуваат од кабинетот на Ивановски.
Министерот Ивановски пред присутните високи гости од регионот укажа на можноста за позасилена координација и взаемна соработка на полето на ИКТ развојот.
„Очекувам на овој Регионален форум да ги промовираме придобивките од информациско – комуникациските технологии и да споделиме заеднички иницијативи и политики во однос на интернет владеењето. Исто така, да ги разгледаме можностите за развој на платформа за иницирање регионални активности на ова поле“, истакна во своето обраќање министерот Ивановски.
Извршниот директор на Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN), Фади Шехаде, се осврна на важноста од користењето на интернетот од страна на малите земји, кое меѓу другото е битно и за развојот на економијата.
„Треба да изнајдеме начин како интернет владеењето да стане и економски, а не само општествено важно. Користењето на интернетот од страна на малите земји е битно за да се има отворен пристап кон светот, да се промовираат културните вредности, наспроти изолацијата. Вклучете ги сите засегнати страни во донесувањето на интернет одлуките“, им порача Шехаде на присутните.
На еднодневниот форум во Скопје учествува и потпретседателот на Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN), Вени Марковски, министри и високи владини претставници надлежни за креирање на политики за развој на информатичко општество од Словенија, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Косово, како и од домаќинот Македонија.
На форумот присутни се и претставници на невладиниот сектор и компании од телекомуникациската област./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР: Во целост ја гарантираме безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“

Министерството за внатрешни работи во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.
„Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и преземање на соодветни мерки и активности во случај на инциденти“, велат од Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од било какви активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.
Во текот на изборниот ден, МВР соодветно ќе ја информира јавноста за одвивањето на изборниот процес.
Македонија
Филипче: Прочитан е Мицкоски, обидот за партизација на судството нема да помине

„На Мицкоски му одговара партизирано судство преку кое ќе може да влијае на одлуките, и тоа не е ништо ново, граѓаните веќе го виделе тоа, а некои и го почувствувале на своја кожа“, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Чучер Сандево.
Филипче нагласи дека Мицкоски очигледно нема волја за реформа на судството, а одговорноста е исклучиво само кај него.
„Од уста не ги вади обвинителите, судиите, на кои им се закануваше јавно дека ќе ги избрка, дека ќе ги замени со други, дека не ја заслужуваат платата, но ништо суштински не презема за да се реформира правосудството. Театрални изјави без ниту еден донесен закон од реформската агенда за вистинско реформирање на правосудниот систем“, рече Филипче, додавајќи дека оваа власт не мисли добро на народот и државата.
„Власта на ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата назад – во изолација, хаос и страв. Тие не нудат визија, нема иднина, го нудат минато. Го партизираат секој систем, ги злоупотребуваат институциите, ги забораваат граѓаните. Наместо ред и развој, ароганција, луксуз, корупција“, рече Филипче, нагласувајќи дека борбата за нашиот дом е борба за вредности и достоинство.
„Македонија не се брани со пароли и навреди, туку со резултати, со силни институции и со чесна власт. Овој патриотизам на Мицкоски со викање, навреди, поделби на народот и национализам не може да донесе ништо добро на државата и граѓаните. И токму затоа, СДСМ мора повторно да стане гласот на разумот, на народот и на иднината. Да ја врати државата таму каде што ѝ е местото — во рацете на граѓаните“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир во Чучер Сандево.
Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)