Економија
Русија со построг царински режим ако Украина потпише договор со ЕУ

Русија подготвува построг царински надзор во однос на Украина, доколку нејзините власти го потпишат договорот за придружување на Европската унија, што за Русија претставува „самоубиствен“ потег, изјави за РИА Новости еден од помошниците на рускиот претседател Владимир Путин.
Советникот за развој на трговската заедница, Сергеј Глазев, изјави во неделата дека дополнителните проверки на увозот од Украина се еднократни и привремени, меѓутоа предупреди дека Киев може да очекува уште такви мерки доколку продолжи со спроведувањето на своите европски планови.
„Подготвуваме построги царински процедури ако Украина одеднаш го направи тој самоубиствен чекор, потпишувајќи го договорот за придружување со ЕУ“, вели Глазев.
Претходно во неделата украинскиот премиер Микола Азаров по телефонскиот разговор со рускиот колега Дмитриј Медведев изјави дека не станува збор за трговска војна меѓу Киев и Москва. Руската страна во својата изјава најавила дека следните денови ќе одржи уште разговори за спорните прашања.
Западот коментира дека Путин со овие чекори го засилува притисокот врз Киев да се придружи врз регионалниот трговски блок кој ќе го предводи Москва, а руската царина од минатата седмица вовела нови долготрајни проверки на стоките што се увезуваат од Украина. Киев одби да се придружи на регионалниот трговски блок што го сочинуваат поранешните советски републики , бидејќи се андева на скорешно потпишување на договорот за слободна трговија и политички придружување на Европската унија во ноември. А двата договора меѓусебно се исклучуваат./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.