Македонија
Американската амбасада бара објаснување за соопштението на ЈО за „Пуч“

Амбасадата на САД во Македонија реагира на соопштението на Јавното обвинителство за случајот „Пуч“, бара властите во Македонија да дадат правно објаснување на изјавата на јавното обвинителство и да ги определат околностите во кои една информација мора да се третира како службена тајна.
„Слободните медиуми се столб на едно демократско општество и медиумите играат клучна улога во презентирањето на информации од јавен интерес, вклучувајќи и информации кои би можеле да укажуваат на злоупотреба на власт и да резултираат со кривични постапки против јавни личности. Загрижени сме дека медиумите во Македонија може да ја толкуваат изјавата на Јавното обвинителство како истата да значи дека тие не треба да ја играат оваа значајна улога. Ги повикуваме властите да дадат јасно правно објаснување за изјавата од 3 февруари, поконкретно определувајѓи ги околностите во кои една информација мора да се третира како службена тајна, и да објаснат како новинарите ќе знаат во кои случаи ќе постојат таквите конкретни околности“ се вели во изјавата на Амбасадата на САД.Јавното обвинителестов на 3 февруари излезе со соопштение за објавените снимки од разговорите меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев во кое се вели дека објавувањето на материјали кои може да станат предмет на натамошна кривична постапка е забрането и казниво со закон./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фотогалерија) Скопје плаче: илјадници граѓани оддадоа почит за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а преку транспарентите кои ги држеа во рацете, упатија и пораки против корупцијата.
„Лесно запалива држава“; Немаше да има крв ако се е по закон“; „Нивниот единствен грев е што беа родени во коруптивен систем“, гласеа дел од пораките.
Собирот почна со 16 минутен молк за трагедијата што се случи на 16 март, а продолжи без обраќања, додека присутните оставаа цвеќиња и свеќи кај фонтаната на градскиот плоштад.
Тишината во главниот град никогаш не била погласна.
Според последните информации, во пожарот животот го загубија 59 млади луѓе, меѓу кои и седум членови на групата ДНК и полицаец кој бил на должност. Повредени се 196 лица од кои 20 деца. Дел од нив се лекуваат во државата, а дел се хоспитализирани во странство.
Македонија
Забрана за летање дронови во Кочани и Штип

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на дронови дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со нив на територијата на градовите Кочани и Штип.
„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја“, велат од МВР.
Оперирањето со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство.
Се апелира до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, истите да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата.
Македонија
Со 16 минути молк почна собирот во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани

Со 16 минути молк, солзи во очите, наведнати глави и огромна тага почна собирот во Скопје, по трагедијата со настраданите во пожарот во Кочани.
Молкот од 16 минути, симболично го означи 16 март – датум кој со црни букви ќе остане врежан во колективната меморија, кога се случи пожарот кој однесе 59 животи, а со поврди се здобија 190 луѓе од кои 20 деца.
Собраните носеа транспаренти на кои пишуваше „Не сте сами“, „Лесно запалива држава“, „Немаше да има крв ако се е по закон“.
Повик за собирот вчера упатија од здружението „Кој е следен?“, апелирајќи собраните да носат црни ленти, а протестот да не се одржува по улиците каде поминуваат возила кои ги пренесуваат повредените пациенти.