Свет
Прв пад на продажбата на паметни телефони во Кина

Продажбата на паметни телефони во Кина, најголемиот светски пазар за ваков вид на уреди, во вториот квартал од годината падна за прв пат досега, објави компанијата за истражување на ИТ пазарот Gartner.
Продажбата на паметни телефони во Кина е намалена во вториот квартал за 4 отсто во однос на истиот период од претходната година.
„Кина достигна заситеност. Нејзиниот пазар на мобилни телефони претежно го придвижува замената, а во помала мера прво купување“, оцени Аншул Гупта, директор на истражувањето во Gartner.
Продажбата на паметни телефони во кина во овој период од годината сочинува 30 отсто од вкупната глобална продажба на овие апарати. Gartner исто така објави дека продажбата на паметни телефони во светот расте со најбавно темпо од 2013 година. Имено, во вториот квартал од годината во светот се вкупно продадени 330 милиони паметни телефони, што е 13,5 отсто повеќе во однос на истиот период лани.
Притоа уделот на Apple на светскиот пазар на паметни телефони порасна на 14,6 отсто, од 12,2 отсто во претходната година. Вкупната продажба на ајфони во Кина се порасна за 68 отсто, на 11,9 отсто.
Уделот на Samsung Electronics на глобалниот пазар на паметни телефони падна во вториот квартал на 21,9 отсто, од минатогодишните 26,2 отсто. Huawei Technologies, четвртиот по големина глобален производител забележа највисока стапка на раст, од 46,3 отсто, се наведува во извештајот. /крај/мф/ап
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.