Контакт

Економија

Трет бизнис форум во Будимпешта за инвестирање во Македонија

Објавено пред

Бизнис форум за презентирање на можностите за инвестирање и поширока економска соработка помеѓу Унгарија и Македонија, беше одржан во вторник, во организација на Стопанската комора на Унгарија и Амбасадата на Република Македонија во Унгарија, со поддршка на Унгарското министерство за национална економија.

dobivaj vesti na viber

Пред повеќе од 50 присутни претставници на унгарски компании, свои излагања имаа Македонскиот амбасадор во Унгарија Дарко Ангелов и економскиот промотор Љупчо Михаиловски, при што ги запознаа присутните со инвестициските политики на владата на Република Македонија, како и ги информираа за конкретните можности во државата, соопшти Амбасадата на Македонија.

На форумот обраќања имаа и високи претставници на унгарското министерство за национална економија, како и директорот на компанијата „Мастерпласт”, кој сподели искуства од нивното успешно инвестирање во Македонија, преку отворањето на погон во Кичево.

Присутните искажаа особен интерес за инвестирање во областите на земјоделството, погони за производство на земјоделска опрема, градежни материјали, инфраструктурата, туризмот и енергетиката.

Настанот е продолжение на активностите на Македонската амбасада во Будимпешта за анимирање на унгарските компании за инвестирање во Македонија, откако во 2012 година се одржаа два бизнис и инвестициски форуми, додека на почетокот на годинава се воспостави и Македонско-унгарскиот меѓувладин комитет за економска соработка и се оствари студиска посета на Федерацијата на фармери на РМ на Унгарија.

Целта на активностите е подигнување на обемот на меѓусебната трговска размена која во моментот е ниска./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Објавено пред

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.

dobivaj vesti na viber

Одлуката е донесена на вонреден состанок на министерката Божиновска со претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауновски.

„Овие два дена во Атина, каде што се одржува Балканскиот енергетски самит, разговаравме со колегите од регионот и се координиравме околу мерките што сите земји мора да ги преземат за стабилен систем. Како веќе информиравме, со координација меѓу сите клучни енергетски чинители и по насока на ENTSO-E, МЕПСО веќе примени дел од тие мерки за велигденските празници и успеавме да го неутрализираме ризикот од блек-аут – граѓаните имаа непречено снабдување со електрична енергија. Проценките се дека ваквата состојба ќе продолжи и за престојните првомајски празници и затоа е неопходно овие мерки повторно да се активираат,“ изјави министерката Божиновска.

Оваа мерка, која за првпат беше применета за време на велигденските празници, подразбира привремено исклучување на фотоволтаични електрани со цел да се растерети електроенергетската мрежа и да се овозможи сигурно управување со системот во услови на зголемени флуктуации и оптоварување.

Мерките предвидуваат примена на корективни диспечерски интервенции, односно привремено и наизменично исклучување на дел од фотоволтаичните електрани поврзани на преносната и дистрибутивната мрежа, со што МЕПСО ќе има целосна можност да го раководи системот и да ја обезбеди неговата стабилност, велат од Министерството за енергетика.

Прикажи повеќе...

Економија

Ристески не очекува поскапувања од четврток: Се надевам дека трговците ја научија лекцијата

Објавено пред

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може да продолжи, најави денес заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој смета дека со сите досегашни мерки трговците ја научиле лекцијата и нема вештачки да ги креваат инфлацијата и цените.

dobivaj vesti na viber

Првин ќе видиме какви конечни резултати даде мерката. Од она што го имавме досега од Државниот завод за статистика, резултатите беа добри, ги знаете податоците, но крајните резултати ги чекаме наредната недела.

„Ако има потреба, би продолжиле со мерката, ако нема, тогаш останува пазарната економија да ги регулира цените. Се надевам дека поучени од минатото сите оние учесници во синџирот на трговијата ја научија лекцијата дека, пред сè, треба да бидат граѓаните и заштитата на животниот стандард. Ние сите заедно треба да направиме сè за да го заштитиме стандардот на граѓаните, односно да не правиме вештачко подигнување на инфлацијата и на цените кога нема економски услови за тоа, односно да ги почитуваме законите на економијата“, рече заменик-министерот Ристески.

Според досегашните податоци од Државниот завод за статистика, досегашната мерка, според Ристески, дала добри резултати, но за одлука дали таа ќе продолжи, ќе ги почекаат конечните резултати. Тие ќе бидат готови следната недела.

Во февруари годинава, Владата, за да го заузда покачувањето на цените, донесе одлука за ограничување на профитните бруто- маржи на над 1.000 прехранбени производи и средства за хигиена со важност до крајот на април.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска од Атина: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на 9. Балкански Енергетски Самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Божиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел посветен на зајакнување на стратешката енергетска соработка на Балканот, заедно со министри и регулатори од целиот регион. Во фокусот на дискусијата беа регионалната енергетска безбедност, забрзаната транзиција кон чисти извори на енергија и заедничкиот одговор на глобалните предизвици.

„Регионалната соработка за нас не е избор, туку стратешка нужност. Денес, повеќе од кога било, Балканот треба да биде обединет во обезбедувањето сигурна, одржлива и зелена енергетска иднина“, порача министерката Божиновска.

Таа нагласи дека Северна Македонија, иако мала по големина, е посветен и активен играч на регионалната енергетска сцена, преземајќи конкретни чекори кон либерализација на пазарот на електрична енергија, масовни инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетската инфраструктура.

„Веќе инвестираме во нови фотоволтаични електрани, го прошируваме ветерниот парк Богданци и ја градиме енергетската мрежа на иднината – со паметни технологии, подобрена ефикасност и поврзување со соседните земји. Само така можеме да создадеме вистински функционален регионален пазар“, истакна Божиновска.

Министерката посочи дека клучот за енергетска безбедност е комбинација од државни инвестиции во базични капацитети и активно вклучување на приватниот сектор. Според неа, Северна Македонија веќе бележи голем интерес од приватни инвеститори за изградба на ветерни и соларни капацитети, со вкупно поднесени барања за приклучување од 9.500 MW.

„Нашата стратегија е јасна: државата обезбедува сигурност, приватниот сектор носи иновации и дополнителна сила за зелената транзиција“, додаде Божиновска.

Во своето обраќање, министерката го најави и новиот Закон за енергетика, кој е во парламентарна процедура, а кој треба да создаде уште посилна основа за инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетскиот сектор.

Божиновска упати јасна порака дека енергијата денес е многу повеќе од ресурс – таа е темел за економски раст, енергетска независност и отпорност на глобалните предизвици.

„Енергијата е основата на иднината што сакаме да ја изградиме. Отворени сме за нови партнерства, за споделување знаење и заедничко креирање на регион кој ќе биде пример за Европа“, заклучи министерката Божиновска.

Балканскиот Енергетски Самит годинава обединува над 40 говорници, меѓу кои министри, регулатори и водечки енергетски компании, и се наметнува како клучна платформа за отворање на нови стратешки партнерства и инвестиции во енергетскиот сектор на Балканот.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија7 минути

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа...

Македонија9 минути

„Дали криминалот во Глобал тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело на кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали. Во...

Македонија11 минути

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

„Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да...

Македонија13 минути

ВЛЕН: По 22 години измама, носиме канализација во Зајаз на Али Ахмети

„Кичево, градот кој беше заборавен од минатите влади повеќе од две децении, денес се враќа на мапата на сериозни инвестиции...

Европа2 часа

Хеликоптери летаат низ Шведска, полицијата оди од врата до врата: убиецот е сè уште во бегство

Три лица се убиени во пукотница што се случи вчера во фризерски салон во центарот на Упсала, потврди шведската полиција....

Свет2 часа

(Видео) Кина објави драматична снимка, со порака до САД: „Нема да потклекнеме“

Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Златното доба на Америка доаѓа; УПС: Ќе поделиме 20.000 откази поради царините

Американскиот логистички гигант УПС вчера објави отпуштање на околу 20.000 работници и затворање на повеќе од 70 објекти низ САД,...

Европа12 часа

Човек на Трамп: Предлогот на Путин е апсурден

Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир...

Македонија13 часа

Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како...

Македонија14 часа

(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. „Ова е...

Македонија14 часа

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Потребна е...

Македонија16 часа

(Видео) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

„Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња...

Македонија17 часа

(Видео) Меџити: И покрај нашите понуди тие одлучија да бидат заедно со ДУИ и со Ахмети, Таравари има пофалби за владеењето на ДУИ, а избега од тоа владеење

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција извести дека вечерва...

Македонија17 часа

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски дека не му веруваат и прашаа зошто обвинетите кои се во домашен притвор шетаат по улици

Родителите на загинатите во Кочани успеаја да го извадат надвор министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откога јавно му порачаа...

Македонија19 часа

Родителите на загинатите се пред МВР: И без душа и без дете, ние пеш дојдовме, сега нека излезе Тошковски место ние да влеземе

Родителите и роднините на загинатите во Кочани стигнаа пред Министерството за внатрешни работи. Решија да дојдат пред Министерството откога министерот...

Македонија20 часа

Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“

Во Собранието почна расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на партијата Левица....

Македонија20 часа

(Видео) Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал, ќе ја затворел

Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година, денес е на...

Македонија21 час

„Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

„Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“,...

Економија21 час

Ристески не очекува поскапувања од четврток: Се надевам дека трговците ја научија лекцијата

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може...

Македонија22 часа

Македонија е тажна приказна, а Црна Гора е најблислку до членство во ЕУ, рече Марта Кос

Црна Гора останува најверојатната кандидатка од регионот на Западен Балкан, кој може да стане нова членка на Европската Унија за...