Економија
Bundesbank очекува стабилизирање на германскиот раст во втората половина од годината

Германската економија би требало да се стабилизира во втората половина од годинава, откако во вториот квартал остварила најсилен раст во повеќе од една година, објави тамошната централна банка во понеделникот.
„Во втората половина од 2013 година економскиот раст во Германија веројатно ќе се стабилизира и ќе се нормализира“, се истакнува во редовниот месечен извештај на Bundesbank.
Податоците на германската државна агенција за статистика објавен минатата седмица покажаа дека активностите во германската економија скокнале во вториот квартал за 0,7 отсто во однос на претходното тримесечје кога стагнираа. Главниот придвижувач на растот, според агенцијата Destatis, била домашната потрошувачка, личната и јавната, а и вложувањата, исто така, биле зголемени.
Во Bundesbank, пак, се сомневаат во позабележително заздравување на вложувањата. „Домашните вложувања веројатно нема позначително да се опорават сé додека долгорочно не се подобрат можностите за раст на германските соседи и додека неизвесноста во поглед на економските политики не биде дополнително придушена со соодветни мерки за задушување на должничката криза во еврозоната“, предупредуваат од германската централна банка.
Личната потрошувачка и натаму ќе ја поткрепуваат умерената инфлација и ниската невработеност, се додава во извештајот. „Во идните неколку месеци темпото на растот на потрошувачките цени веројатно донекаде ќе ослабат“, проценуваат во Bundesbank, додавајќи дека во јули инфлацијата во Германија изнесувала 1,9 отсто и била малку повисока од просекот во еврозоната./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.