Македонија
Иванов го честита празникот Водици

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници.
Иванов упати искрени честитки по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.
„Водици е празник кој го потенцира значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанството. Одбележувајќи го денот кога свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во водите на реката Јордан, ние го славиме нашето духовно раѓање, што ја зацврстува нашата верба, ни дава надеж за подобро утре и не поттикнува меѓусебно да се почитуваме и да се престигнуваме во добрина. Тоа се вредности врз кои ја темелиме и вековната македонска традиција на соживот и на почитување и прифаќање на различноста“, се вели во честитката на Иванов.
Тој посакува овој празник, кога ги осветуваме нашите води, да ни даде можност да посветиме внимание, почит и љубов кон нашите семејства, соседи и пријатели, свесни дека сплотени можеме да се справиме со сите предизвици и искушенија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.