Македонија
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод Водици

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани им го честита големиот празник Богојавление Христово – Водици.
„Празникот Богојавление Христово – Водици со својата духовност, значење и традиција отсекогаш претставувал еден од најголемите, најубавите и најрадосните празници во нашето православие. Одбележувајќи го овој голем празник ние го славиме нашето духовно раѓање. Радувајќи се на Христовото крштевање и осветувајќи ги македонските води ја продолжуваме и чуваме традицијата на нашите предци и ја потврдуваме вербата и почитувањето на традиционалните вредности“, се вели во честитката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Само така, негувајќи ја традицијата, почитувајќи ги религиозните и културните посебности ќе имаме сила и верба заедно да ги издржиме секојдневните предизвици и искушенија, заедно да се радуваме на успесите, но и заедно да се бориме и работиме за нашата единствена и заедничка цел, а тоа е силна и успешна Македонија. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на верниците од православна христијанска вероисповед им посакува овој голем ден да донесе радост, топлина, мир и спокој во секој дом, како и почитувување на вистинските христијански вредности“, стои во честитката./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).