Забава
Сто денови на Обама – најдобар почеток во последните 20 години

Американскиот претседател Барак Обама по првите сто денови од мандатот доби најмногу позитивни мислења на јавноста во споредба со своите претходници
Американскиот претседател Барак Обама по првите сто денови од мандатот доби најмногу позитивни мислења на јавноста во споредба со своите претходници во последните 20 години.
Околу 69 проценти од Американците ја одобруваат работата на Обама, што претставува најдобар резултат на некој претседател во првите 100 денови од мандатот уште од времето на Џорџ Буш постариот.
Педесет и четири проценти од испитаниците сметаат дека Обама е подобар од што очекувале, многу подобар од својот претходник Џорџ Буш (39 отсто) и Бил Клинтон (35 проценти) во нивните први сто денови.
Шеесет проценти од Американците мислат дека Обама се придржува до своите предизборни ветувања, наспроти 40 отсто колку што истото го мислеле за Бил Клинтон.
Педесет проценти од Американците сметаат дека земјата е на добар пат, а само 19 отсто го мислеле тоа пред стапувањето на должност на Обама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Памела Андерсон зборуваше за врската со Лиам Нисон: Не можеш, а да не го сакаш

Познатата актерка Памела Андерсон отворено проговори за врската со нејзиниот колега Лиам Нисон, со кого глуми во филмот „Голиот пиштол“ и хемијата што постои меѓу нив.
Љубовната врска меѓу Памела Андерсон и Лиам Нисон позитивно ги изненади нивните обожаватели, а актерскиот пар е коментиран низ целиот свет како исклучителен спој, особено затоа што љубовта се случи во нејзината седма и неговата осма деценија од животот.
Тие станаа омилени преку ноќ, а поранешната секс бомба отворено проговори за нивната врска и хемијата што ја имаат.
Извори тврдат дека тие се во врска веќе некое време, а се појавија заедно на промоциите на новиот филм „Голиот пиштол“, кога разменија нежности на црвениот тепих пред целиот свет.
Памела во интервју за списанието „OK!“ раскажа како била многу нервозна пред снимањето, а Лиам знаел како да ја смири и ја изненадил со својот грижлив и топол пристап.
„Тој е вистински господин, прекрасен е, несебичен и ме поддржуваше цело време. Толку е внимателен што едноставно не можете, а да не се заљубите во него“, рекла актерката, која тврди дека имаат посебна хемија.
„Зад камерата, тој може да биде вистински шегаџија, го има тој момчешки хумор. На снимањето бевме претежно сериозни, но за време на пробите често се смеевме и се шегувавме“, рекла таа.
Дека Лиам е стар романтичар и господин е потврдено и од медиумските извештаи – дека тој редовно ѝ испраќа цвеќе, дека поминува време со неа, нејзините синови и кучиња, и дека најмногу сака да поминува време со неа во Канада, каде што можат да бидат сосема сами и да уживаат во мирна средина.
„Пем готви и работи во дворот, што е едноставно и не е толку типично за познатите холивудски ѕвезди, а на Лиам навистина му се допаѓа. Дури и самиот ѝ помага со тоа“, открил изворот.
Фото: ЕПА
Забава
Сите добри страни на лубеницата: го чува нашето здравје

Дури и ако сега сте млади и здрави, треба однапред да размислите за состојбата на вашето срце. Дали е можно да се смисли попријатна превенција од сервирање слатка сочна лубеница?
И покрај фактот дека тие се достапни во супермаркетите преку целата година, експертите препорачуваат јадење лубеници во сезона.
Природниот процес на зреење на лубениците, за време на кој тие акумулираат хранливи материи, е тесно поврзан со сезоната, температурата, нивото на влажност и нивото на светлина.
Сè уште не е можно да се создадат услови идентични со природните во оранжериите, што нема најдобар ефект врз витаминско-минералниот состав на овошјето.
Општо се верува дека поради содржинаta на вода во него – процентот на вода во лубеницата е 92% – ова летно овошје не нуди многу здравствени придобивки, но ова е сериозна заблуда.
Богатата витаминска композиција на лубеницата ја прави исклучително корисна за многу телесни системи. Плодот е богат со калиум и магнезиум, кои се неопходни за правилно функционирање на нервниот систем, особено на мозокот.
Овие минерали ги зголемуваат перформансите, ја подобруваат меморијата и концентрацијата, па затоа парче лубеница ќе биде одлична слатка закуска во текот на работниот ден.
Антиоксидантната вредност на лубеницата е исто така одлична: таа е богата со витамини А и Ц, како и каротеноиди, кои ѝ ја даваат нејзината светло црвена боја.
Овие супстанции го штитат телото од оштетување од слободните радикали, ги ублажуваат и спречуваат воспалителните процеси, а исто така го забавуваат и процесот на стареење. Редовното консумирање лубеница има најдобар ефект и врз состојбата на кожата: голема количина вода, во комбинација со витамини и минерали, ги хидрира клетките на кожата одвнатре, спречува сушење, лупење и формирање брчки.
Супстанциите содржани во лубеницата имаат корисен ефект врз здравјето на срцето и можат да спречат кардиоваскуларни заболувања, кои со години се на врвот на листата на причини за смрт во светот.
Дури и ако сега сте млади и здрави, треба однапред да размислите за состојбата на вашето срце. Дали е можно да се смисли попријатна превенција од сервирање слатка сочна лубеница?
Ликопенот, со кој е богато овошјето, може да го намали нивото на лош холестерол, да спречи оксидативни реакции во ѕидовите на крвните садови и да ја зголеми нивната цврстина.
Поради изобилството на каротеноиди во својот состав, лубеницата има позитивен ефект врз здравјето на очите. Активните супстанции спречуваат дегенерација на видот поврзана со возраста, го зајакнуваат оптичкиот нерв и го спречуваат формирањето на катаракта.
Добрата вест за спортистите е дека лубеницата не само што ќе ги надополни течностите по тренингот, туку ќе помогне и во закрепнувањето на мускулите. Светлоцрвеното месо од лубеницата е богато со цитрулин (аминокиселина од растително потекло). Цитрулинот ги забрзува процесите на закрепнување на мускулното ткиво и совршено ја ублажува болката по активен физички напор.
Забава
Прогласени најдобрите на 22. Меѓународен стрип конкурс „Велес 2025“

Синоќа во просториите на Европската куќа во Велес беше отворен 22. Меѓународен стрип салон во Велес, најзначајна стрип манифестација во нашата држава. Пред многуте стрип фанови, организаторот ги додели следните награди и признанија:
Прва награда „Златен стрип“: „Мрак“ – Марко Стојановиќ (сценарио) и Милорад Вицановиќ Маза (цртеж), Србија
Втора награда „Златен стрип“ – „Back to the past“ – Никола Видачковиќ, Србија (сценарио) и Игор Јовчевски, Македонија (цртеж)
Трета награда „Златен стрип“: „Залогај“ – Далибор Дадо Пехар, Хрватска
Најдобар македонски стрип: „Ехоата на Зал`ахим“ – Војдан Андонов (сценарио) и Марко Марковиќ (цртеж)
Најдобро сценарио: „Проклета авлија“ – Марко Стојановиќ, Србија
Најдобар уметнички израз: „Души“ – Марко Стојановиќ, Србија (сценарио) и Vassilis Gogtzilas, Грција (цртеж)
Специјални награди за млади автори во соработка со Европска куќа Велес:
1. „Родна Ивева – не умре од куршум умре од предавство“ – Меланија Стојанова (сценарио и цртеж) и Анџело Џипунов (сценарио), Велес
2. „Тешки времиња“ – Александар Танчовски (сценарио и цртеж), Скопје
3. „Strum!“ – Тамара Николова, Велес
Најмлад учесник: „Фудбал со изненадувања“ – Марко Купенков (7 години), Скопје
Најдобар дебитантски стрип: „Само фантазија“ – Ања Стојадиновска, Куманово
Наградата за најдобар стрип во категорија до 14 години ја делат :
„ЧУДНОТО ЧУПЕ“ –Теона Чаловска, Битола и “ПОМИРУВАЊЕ ВО ПРАКСА“ –Вук Стојановиќ-Лесковац, Србија.Диплома во оваа категорија добива стрипот „Сонот на Вера“ – Христина Здравковски, Велес
Награда за најдобар стрип во категорија до 18 години: „Добро утро“ – Магдалена Марјановиќ, Ресен.Диплома во оваа категорија добива стрипот „ВОЛШЕБНО КУЧЕНЦЕ „ –Андреа Младеновска, Скопје
Признанија за соработка:
– Клуб на ликовни уметници „Рашка школа“ – Рашка, Србија
– ЛШС „НИКОЛА МИТРОВИЌ КОКАН“ Лесковац, Србија
– Здружение „ХРВАТСКИ АВТОРСКИ СТРИП“ – Загреб, Хрватска
– Creative City Center – The Multifunctional Social Cultural Center – Валона, Албанија
– Имагинариум Арт Студио – Битола, Македонија
Стрип салонот во Велес продолжува денеска, кога до 25.08 во излетничкото место ќе се одржи седма по ред Мегународна стрип колонија, со учесници од Србија, Бугарија и Македонија.