Забава
Кејт Винслет го чува својот Оскар во тоалетот

Британската глумица Кејт Винслет открила дека својот Оскар го чува во својот тоалет, пренесе магазинот „Пипл“.
Британската глумица Кејт Винслет открила дека својот Оскар го чува во својот тоалет, пренесе магазинот „Пипл“.Добитникот на минатогодишната награда за главна улога во филмот „Читачот“, објасни дека позлатената статуетка ја чува во тоалетот така што сите гости кои ќе дојдат во нејзината куќа „ќе можат да го подржат на кратко и потоа да го вратат на своето место“.„Главната причина што Оскарот е во бањата е тоа што сите сакаат да го допрат, па си помислив, ако стои таму, можеме да го избегнеме прашањето ’каде е твојот Оскар’,“ изјавила Винслет во интервју за една британска телевизија.Овогодинешното, 82. по ред доделување на наградите на американската филмска академија е закажано за 7 март во Холивуд./крај/бе/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Концерт на Дорис Драговиќ и Петар Грашо на 14 март во Скопје

На 14 март 2026 година Дорис Драговиќ и Петар Грашо првпат ќе одржат заеднички концерт во Скопје, во арената „Борис Трајковски“, носејќи спектакл, кој ќе биде симбол на љубов, емоција и чиста музичка магија. Две музички легенди, две генерации, една сцена и една вечер што ќе влезе во историјата.
Дорис Драговиќ, дамата што веќе со децении владее со својата моќна интерпретација, ќе го врати сјајот на најубавите балади, кои се врежани во колективната меморија на целиот регион. Од другата страна, со истата сила и страст, на сцената ќе застане Петар Грашо, миленикот на публиката и човекот што со секоја песна создава нови химни за современата генерација.
Нивниот заеднички концерт ќе биде спој на искуство и свежина, на вечни класици и модерни хитови. Тоа ќе биде ноќ во која публиката ќе патува низ времето, од балканската естрадна ера, која ја бележеше Дорис, до денешните хитови што го дефинираат звукот на новото време со Грашо.
Една бина, два гласа, две музички епохи и еден град, кој ќе биде сведок на концерт за паметење. Раскошната емоција на Дорис Драговиќ и неповторливата харизма на Петар Грашо на 14 март ќе создадат вистинска музичка магија!
Овој концерт е повеќе од календарски датум или уште еден настан. Ова ќе биде симбол на еден момент кога две кариери се преплетуваат за да создадат нешто ново и уникатно.
Како што Дорис со децении е доказ дека вистинската уметност никогаш не старее, така и Грашо е доказ дека музиката секогаш може да биде свежа и модерна. На 14 март тие ќе се сретнат за да докажат дека музиката нема граници, ни генерациски ни географски.
Билетите за овој настан се веќе пуштени во продажба и имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, „Розе Веро 2“, „ЈК травел“ во Бисер и „ЈК травел Дајмонд“.
Забава
„2 бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ в сабота во Паркот на франкофонијата

Во сабота, 13 септември, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи големиот бесплатен музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкофонија, во организација на Општина Центар.
На концертот ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи како Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ. Низ целиот концерт ќе не води урбаната дива Вера Јанковиќ.
Водителката Вера Јанковиќ истакнува дека музиката е доказ дека не сме сами, а музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ не асоцира на најдоброто од македонската музичка сцена.
„Драги мои поклоници на македонската музичка сцена, сакам да ви најавам „Нешто што ќе остане“. Тоа ме асоцира на моментот дека музиката е доказ дека не сме сами на овој свет. Нешто што ќе остане, по трети пат, традиционално не асоцира на најдоброто од македонската забавна музичка сцена. И повторно, Парк на Франкофонија овој пат 13 Септември, 19:30 минути. Јас сум Вера Јанковиќ, вашиот водител, домаќин, а се останато што ќе ве изненади таму ќе биде фантазија во која што ќе создадеме уште една ноќ за паметење. Се гледаме, бидете таму!“, порачува Јанковиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека Општина Центар продолжува да вложува во културни настани достапни за сите граѓани.
„Со „Нешто што ќе остане“ создадаваме традиција на заеднички моменти исполнети со музика, радост и култура. Ги поканувам сите скопјани и гости на градот да ни се придружат на оваа прекрасна вечер која ќе остане запаметена“, вели Герасимовски.
Забава
(Фото) Сите зборуваат за патиките на Карлос Алкараз: дали тој е новата модна икона?

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз покажа дека модата може да оди рака под рака со врвниот тенис на теренот.
Во последното финале на Отвореното првенство на САД, Алкараз го победи Јаник Синер, но покрај неговата мајсторија на теренот, тој бргу стана тема и поради облеката.
На сите им го привлече вниманието со виолетовите патики, како и со маицата и шорцовите, кои беа во слични нијанси, па затоа не би било изненадувачки ако младата шпанска ѕвезда набргу стане модна икона.
Алкараз носеше светло розовамаичка без ракави и виолетови шорцови, а целиот изглед беше комплетиран со патики во истата нијанса на виолетова – персонализиран модел Nike Vapor 12, инспириран од патиките Vapor Pro 1 од 2020 година, кои често ги носеше во раните фази од својата кариера.
фото: принтскрин