Забава
Параскевидекатриафобија – страв од петок 13-ти

Петок 13-ти со векови има епитет на посебен ден. Некои тврдат дека на тој ден коси несреќа, а за други е исклучително среќен ден
Петок 13-ти со векови има епитет на посебен ден. Некои тврдат дека на тој ден коси несреќа, а за други е исклучително среќен ден.
Според грегоријанскиот календар „грозен“ петок има барем еднаш годишно, а годинава ќе има уште еден во ноември.
Кога бројот 13 и петокот ќе се обединат многумина суеверни веруваат дека е настапил многу несреќен ден..
Стравот од петок 13-ти има и свое име. Се вика параскевидекатирафобија, од која само во САД страдаат околу 20 милиони луѓе. Симптомите се движат од блага напнатост, па се до сериозни напади на паника.
Петок 13-ти епитетот несреќен ден го добил според различни настани. Се верува дека Јуда, кој го предал Исус Христос бил 13-ти гостин на последната вечера. Следниот ден наводно на петок 13-ти Исус бил распнат на крст.
Ева во петок го завела Адам да го проба забранетото јаболко, а старите римјани верувале дека вештерките се собираат во групи од 12 – тринаесетиот на нивните собири бил самиот ѓавол.
И во скандинавските легенди бројот 13 се поврзува со несреќи, а од друга страна во Кина тој број е симбол на среќата.
Во Египет тринаесетката ја поврзуваат со умирање, бројот 13 во тарот картите значи смрт, а во кабалата и 13 лоши духови.
Дури 80 насто од висококатниците во светот нема 13 кат, бројни аеродроми немаат 13-та писта, во многу болници и хотели нема соба со број 13.
Суеверните малерот го тераат со „чукање во дрво“, носење амајлии или „држење среќа“, но статистиките, покажуваат дека во петоците на 13-ти не се случуваат повеќе несреќи, отколку во „обичен“ ден.
Сепак не е лошо да се знае дека петок 13-ти во наредните години ќе има во ноември 2009 та година, во август 2010, во мај 2011, во јануари, април и јули 2012, во септември и декември 2013, во јуни 2014, во февруари, март и ноември 2015, во мај 2016 во јануари и октомври 2017, во април и јули 2018 и во септември и декември 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото/Видео) Кралица на заводливоста: најубавата жена на светот „гори“ во црвена чипка

Моделот Бела Хадид се врати на модната писта само еден месец откако беше хоспитализирана и прими интравенска инјекција, за што ги информираше и своите следбеници на социјалните мрежи.
BOMBSHELL! bella hadid on runway for victoria’s secret ❤️🪽 pic.twitter.com/fOL9LKS4bF
— DUDA (@saintdemie) October 15, 2025
Нејзиното големо враќање се случи на ревијата на „Викторијас Сикрет“, а таа имаше чест да го затвори целиот настан.
Бела прошета во долна облека од црвена чипка што го одзема здивот, а сè комплетираше со наметка во истата нијанса.
За да ја затвори ревијата, таа избра уште побомбастична комбинација, тоа беше сребрен комплет долна облека со ресни и светки, додека гаќичките исто така беа направени од чипка.
bella hadid stunning at the victoria’s secret show pic.twitter.com/NA6p35w2Bq
— 2000s (@PopCulture2000s) October 15, 2025
Познатите крила овој пат беа навистина ангелски, бели и исполнети со цвеќиња.
Сандалите исто така беа во фокусот, бидејќи беа „невидливи“, Бела избра модел со ПВЦ ременчиња, и со тоа го заокружи своето провокативно издание на ревијата што ја чекавме цела година.
фото: принтскрин
Забава
Џенифер Лопез за своите поранешни партнери: „Тие не беа способни да ме сакаат“

Џенифер Лопез неодамна се појави во „Шоуто на Хауард Стерн“ за да го промовира мјузиклот „Бакнежот на жената-пајак“. Покрај нејзината деловна кариера, познатата поп-пејачка одговараше и на прашања за нејзиниот личен живот.
На прашањето на водителот Стерн – „Дали мислите дека бевте навистина сакани?“, Џенифер одговори по кратка пауза: „Не“.
„Тие не беа способни да ме сакаат… Тие го немаа тоа во себе. Ми дадоа што имаа. Ми дадоа сè, секој пат – сите прстени, сè што некогаш можев да посакам. Куќи, прстени, брак и сè тоа, но дел од проблемот беше што во тоа време не се сакав себеси“, призна таа.
Лопез беше мажена и разведена четири пати, но се чини дека нејзиниот последен развод – од Бен Афлек – ја погоди вистински. Со поранешниот сопруг Марк Антонио, таа ги има 17-годишните близнаци Макс и Ема.
„Кога се разведов последен пат, тоа беше најдоброто нешто што ми се случи, бидејќи навистина ме натера да свртам нов лист. Мислам, имав фитнес тренер, имав брачен терапевт, имав индивидуален терапевт, имав тренер за зависности. Имав сè. Си мислев: Ќе го решам ова, дури и ако ме убие“, рече Лопез.
Таа вели дека сега има поголема самодоверба и научила да ги разбира луѓето околу неа.
„Сега можам да седам тука со многу поголема самодоверба… Се чувствувам навистина удобно и добро што сум своја…“
Забава
(Фото) „Новата“ Ана Ивановиќ во заводливо издание на ревијата на „Викторија Сикрет

Меѓу познатите личности кои ја гледаа традиционалната годишна модна ревија на „Викторија Сикрет“ во живо, одржана во Њујорк, беше и Ана Ивановиќ, која се пофали со неколку фотографии и видеа од самиот настан.
Ана ја гледаше најочекуваната модна ревија од првите редови, која ги врати Адријана Лима, Тајра Бенкс, Алесандра Амброзио, Кандис Сванепул, Ирина Шајк, Бехати Принслу и многу други познати убавици на пистата, како и модел кој влезе во историјата станувајќи првата бремена жена што ја отвори ревијата.
За оваа посебна пригода, таа беше облечена по најновата мода, но веќе знаеме дека ги следи модните трендови, бидејќи често ги покажува своите модни избори на Инстаграм.
„Светла. Камери. Ангели. Ви благодариме за ова неверојатно искуство и сите спомени“, напиша Ана на Инстаграм, а доби многу комплименти за својот стил.
Таа ја носеше најмодерната боја оваа есен; долг, плисиран кафеав фустан со тесен крој и заводлив детаљ под градите, и кафеави сатенски чевли со високи потпетици, во комбинација со чанта што ја држеше во рака. Фустанот ја покажуваше нејзината заводлива фигура до максимум, бидејќи беше целосно тесен.
„Божествена убавина и импресивна згодна девојка. Сите ѕвезди на светскиот гламур можат само да бидат љубоморни на вашиот стајлинг и вашата убавина. Блескате во секој поглед“, пишува во еден од коментарите.
Поранешната тенисерка не го криеше својот ентузијазам за нејзиното присуство на овој настан, а имаше и можност да се фотографира со некои познати лица.
фото: принтскрин