Црна хроника
Починало неколкумесечно бебе во Тетово
Неколкумесечно бебе починало ноќта меѓу вторникот средата во Клиничката болница во Тетово.
Родителите викнале Итна медицинска помош во нивната куќа на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово, по што детето било пренесено во Клиничката болница во Тетово каде била констатирана смрт.По наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе е дадено на обдукција којашто треба да ги утврди причините за смртта./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Автомобил на бугарска фирма ограбен во Скопје, украдени лаптоп и 12.000 евра, фатени две лица
Скопското обвинителство поведе постапка против две лица на возраст од 22 и 30 години за тешка кражба.
Двајцата на 10 јануари, на паркинг на булеварот Илинденска, со тврд предмет го скршиле задното стакло на паркиран автомобил со бугарски регистарски ознаки. Додека едниот преку отворот влегол во возилото, другиот внимавал да не наиде некој.
Од автомобилот „БМВ“ во сопственост на бугарска фирма, кој го управувал бугарски државјанин, двајцата осомничени украле ташна со лаптоп, 12.000 евра и други предмети, по што избегале со сопствено возило, велаат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог со кој побара двајцата осомничени во текот на постапката да бидат обезбедени со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, привремено одземање на патната исправа и обврска да се јавуваат на определено службено лице во Судот.
Црна хроника
Педесетгодишен скопјанец ги нападнал и повредил своите родители
Полицијат приведе 50 годишен жител на струмичко село кој вчера околу 16.00 часот во неговиотт семеен дом физички ги нападнал неговите родители, нанесувајќи им телесни повреди.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нова жртва на измамата со сообраќајна незгода: скопјанка излажана за 130.000 денари
Старата измама брои нови жртви во Македонија.
Последна е 76-годишна скопјанка која го пријавила случајот во МВР. И’ се јавиле машко и женско лице, кои и’ кажале дека нејзината ќерќа предизивикала сообраќајна несреќа – прегазила дете, и за да не оди во затвор, требала да им даде пари.
„Пријавителката, по претходен договор со сторителите, на подрачјето на Драчево им предала 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.