Економија
Раст на глобалната доверба на потрошувачите
Довербата на потрошувачите во светот пораснала во првиот квартал од 2013 година, покажа истражувањето објавено во четвртокот што го спровела консултантската агенција Nielsen во своето онлајн истражување за довербата на потрошувачите спроведено од 18-ти февруари до 8-ми март, со кое биле опфатени 29 илјади испитаници од 58 пазари во светот.
Индексот на глобалната доверба на потрошувачите на Nielsen во првото годинешно тримесечје зајакнал за 2 процентни поена, на 93. Меѓутоа секоја вредност под 100 поени укажува дека потрошувачите се песимистични во врска со потрошувачката.
Довербата се подобрила во 60 отсто од светските пазар, додека за споредба во последниот квартал од минатата 2012 година подобрувањето на довербата било регистрирано во само 33 отсто од пазарите.
Поединечно по испитуваните пазари во дадени земји, најоптимистични се потрошувачите во Индонезија (122 поени), а потоа во Индија (120 поени) и на Филипини (118 поени).
Меѓу истражуваните европски земји, најоптимистични се потрошувачите во Норвешка (106 поени), па на глобалната листа на Nielsen оваа земја е на 8-то место, додека Швајцарија е 10-та со индексот од 100 поени.
Од друга страна, јужниот дел од европскиот континент и натаму останува многу слаб во врска со расположението на потрошувачите, бидејќи во овие земји членки на Европската унија жестоките мерки за штедење воведени за решавање на должничката криза, го поттикнаа растот на невработеноста на рекордни нивоа. Така на дното од глобалната листа на Nielsen според довербата на потрошувачите е Португалија со само 31 поен. Веднаш до ена е Грција со 40 поени, а пота Унгарија со 43 поени.
Новата членка на ЕУ и Хрватска и во долговите потонатата Италија којашто по двомесечен политички ќорсокак доби нова коалициска влада, се повисоко рангирани од Унгарија, со индекс на довербата на потрошувачите од 44 поени.
„Сметаме дека стравовите околу ширењето на европската должничка криза и надвор од со рецесијата погодените јужни европски држави во првиот квартал веројатно попуштиле. Меѓутоа, слабите услови на пазарот на трудот во потклекнатите економии, вклучувајќи ги Грција, Ирска, Италија, Португалија, Шпанија и Кипар, и натаму укажува на кревката состојба на европската економија, којашто продолжува да го кочи целосното заздравување на оваа зона”, се наведува во изјавата на Венкатеш Бала, главен економист во The Cambridge Groupa, дел од агенцијата Nielesen со којашто се проследен извештајот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.

