Македонија
Заев го честита празникот Водици
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, како и до сите верници.
„На Вас лично, на претставниците на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сите верници, од мое име и од име на Социјалдекомратскиот сојуз, го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, со желба и надеж дека празникот на духовното раѓање ќе ја зголеми и дополнително ќе ја поттикне вербата во правдата и вистината, како едни од најголемите искушенија пред коишто сме исправени денес, како луѓе, како заедница и како општество“, порачува Заев.
„Ако храбоста на Исус Христос е ѕвезда водилка по патот на предизвиците, да се биде човекољубив, правичен, несебичен, солидарен, толерантен, секогаш на страната на доброто над злото, тогаш нека овој голем ден, Богојавление – Водици, ја разбуди во нас истата таа храброст, уште порешително да одговориме на овие наши свети обврски“, се вели во честитката на лидерот на СДСМ.
„На сите верници, пожелувам празникот да го поминат во спокој, меѓу семејството и саканите, исполнети со љубов, со духовна подготвеност за меѓусебно разбирање, почитување, независно од различностите по која било основа. Само така, заеднички можеме да живееме мирно и благословено“, стои во честитката на Заев./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.
Македонија
Неколку скопски улици денеска без вода
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на булеварот Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе преземе одреден технички зафат кој ќе се одвива денеска.
Прекин на водоснабдување на денеска од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– Бул. Александар Македоски
– Ул. 808 (дел од улица)
– Бул. Киро Глигоров (дел од булевар)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– Ул. Перо Наков кај Кванташки со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– Ул. Маџари прекин на водоснабдување
– Ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– С.Сингелиќ прекин на водоснабдување

